Христијанството и проблемот на злото

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
На подфорумот религија има неколку теми во кои атеистите и религиозните се обидуваат да си ја докажат својата вистина едни на други. Мислам дека ниту една од тие теми не задира во сржта на проблемите. Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата. Тоа се едноставно две различни равни на постоење кои не се допираат. Меѓутоа постои дискурс кој е разбирлив за двете страни, и каде што може да се спори без да се промашуваат аргументите, а тоа е етичкиот дискурс, проблемите поврзани со доброто и злото.

Овде сакам да поставам теза, која впрочем е поставувана многу пати во историјата, дека идеата за семоќен Бог, кој е истовремено Љубов, при постоење на Зло со голема буква, а најголемата лага која било кога му е продадена на човештвото. Значи еве ги тезите:

Теза 1. Бог е семоќен. Иако имам логички и емпириски проблем да поимам што значи еден ентитет да биде семоќен ја прифаќам тезата како таква. Значи прифаќам дека Бог е семоќен. Овде не интересираат два аспекти на неговата семоќност, ќе ги обележиме со подтеза 1.1 и подтеза 1.2.

Подтеза 1.1. Бог во својата семоќ е создател или креатор на СЕ постоечко. Значи СЕ. Да не има покасно некои недоразбирања, тој создал апсолутно СЕ. Целата жива и нежива природа, и сите ентитети кои не се дел од овој видлив материјален свет. Значи дека тој го создал Човекот, животните, неживата природа, Ангелите, Ѓаволот, Змијата од рајската градина, апсолутно се.

Подтеза 1.2. Бог е нетемпорален, односно е над времето. Тој како создател на се, па и на времето, не може да биде ограничен од својата креација. За него минатото, сегашноста и иднината се едно, односно има пристап до секој момент од она што ние го нарекуваме време. Признавам дека мене, како на една бедна креатура обележана со трите временски екстази, минатото, сегашноста и иднината ова ми е напоимливо, но го прифаќам како такво, дека Бог во својата семоќ може да биде истовремено во минатото, сегашноста и иднината, односно дека се за него се е еден момент.

Теза 2. Бог е добар, односно тој е Љубов. Бог ги сака луѓето. Чинот на создавање на човекот во религијата се интерпретира како чин на љубов, Бог го создал човекот затоа што го сакал.

Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква. Овде зборувам за зло кое е тешко поимливо, за неверојатни ужаси кои се имаат случувано низ историјата и кои се уште се случуваат. За полесно да разбереме за какво зло се зборува, ќе ги оставиме настрана духовните страдања, ќе зборуваме само за физичка болка. Набивање на колец, кинески лонец, вадење на ноктите кај Ирокезите, репертоарот на мачења е импресивен. Пред некој ден прочитав за едно 11 годишно девојче кое било силувано од неколкумина возрасни лица, и кое потоа било каменувано од соселаните затоа што било силувано. Можете ли да го замислите нејзиниот ужас и нејзината болка? Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.

Тоа се трите тези, Бог е семоќен, Бог е Љубов, Во светот постои Зло. Тие три тези имаат еден проблем, имено се судруваат една со друга. Зошто постои зло во светот и кој го создал? Како е можно да постои зло во светот кој е создаден од Доброто и Љубовта?

Религијата вели дека светот бил создаден добро (добро беше вјеома) и дека човекот бил создаден како добар и безгрешен, но тој е крив за падот и изгонот од градината. ОК, нека биде и така. Човекот згрешил, па сега ќе страда. Меѓутоа, подтезата 1.2 вели дека Бог е нетемпорален, не е ограничен од времето. Бог знаел (знае, ќе знае) дека тоа ќе се случи. Секој момент од историјата за него е отворена книга, се може да види. Моментите на агонија на силуваното и каменувано девојче за него се случиле многу пред да и се случат на девојчето. Како е тој Бог Љубов и добрина? Значи тој знаел дека сето тоа ќе се случи па го дозволил. Знеал дека ќе се случи падот на човекот, знеал и за змијата која ќе го измами човекот, уште повеќе тој ја создал змијата, во согласност со подтезата 1.1. Кој е одговорен за Злото? Очигледно Бог, затоа што тој го создал СЕТО постоечко при тоа ЗНАЕЈЌИ дека историјата ќе се случува онака како што се случила. Значи не човекот, не змијата, не Ѓаволот, туку Бог е одговорен за Злото низ историјата. Тоа следува од Тезата 1 и подтезите 1.1 и 1.2 кои се прифатени од Христијанската теологија.

Ова е многу повеќе од умствена гимнастика, затоа што христијаните треба да се запрашаат, на кој Бог му се молат, и која е цената која тие се спремни да ја платат за да стигнат во Рајот? Зарем не ви е срам преку коските на силуваното девојче од примерот да коленичите до Рајот? Јас би се срамел да сум на ваше место. Молејќи му се на тој Бог кој го нарекувате Љубов, вие го одобрувате сите злосторства кои се имаат случено низ историјата како цена за вие да стигнете во Рајот. Мене таа цена ми е превисока, и одбивам да одам таму, и одбивам да бидам во ваше друштво...

Упатсво за употреба на темата.

1. Би било одлично кога во неа би пишувале само оние со коефициент на интелегенција над 100, меѓутоа сите мислат дека имаат IQ > 100.
2. Не спорете со мене. Спорете со тезите, наведете дали се погрешни или нешто од нешто не следи.

Бујрум.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
се сомневам дека имаш IQ>100, па и уште бараш да пишуваат такви интелектуалци на оваа тема, почнуваш со негирање на религиите и на Бог, а "маваш" по Христијанството...или си смотанко и не правиш разлика и ги ставаш под Христијанство СИТЕ религии, или си некое задоено и тврдокорно муслиманче кое со душа чека момент за плукање по Христијанството..ќе да е второво..
 
Е за ова зборував во упатството за употреба...

:toe:

Темата се вика Христијанството и проблемот на злото, не си до толку неписмен. Се разбира дека може да се аплицира на сите монотеистички религии кои ги имаат истите тези, но јас не сум доволно упатен во Исламот или некоја друга религија за да можам да коментирам...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Иако сум атеист ќе учествувам во мозочнава гимнастика. :)
Според мене, концептот на зло во христијанството е целосно превземен од Зороастранизмот за да се оправда неговото постоење во светот.
Е сега, проблемот е што самиот концепт на свемоќен Бог е контрадикторен на тврдењето дека злото постои издвоено и надвор од самиот тој Бог.
Од друга страна пак, ако тргнеме од премисата дека Бог не постои, тогаш, како што рекол Ниче, проблемот на доброто и злото се сведува на перцепција.
Немам многу време затоа вака скратено.
 
А

Антоние

Гостин
Упатсво за употреба на темата.

1. Би било одлично кога во неа би пишувале само оние со коефициент на интелегенција над 100, меѓутоа сите мислат дека имаат IQ > 100.
2. Не спорете со мене. Спорете со тезите, наведете дали се погрешни или нешто од нешто не следи.

Бујрум.
Поставувајќи ја темата на претенциозен и арогантен начин нема да ти помогне да развиеш дискусија. Јас нема да спорам со тебе, затоа што сум атеист по разум, меѓутоа ќе ти го кажам само ова:

ОВА Е ФИЛОСОФИЈА
ПОСТОИ АПДЕЈТИРАНА ВЕРЗИЈА НА ОВА ШТО ТЕ МАЧИ КОЈА ШТО СЕ НАРЕКУВА КАТЕГОРИЧЕН ИМПЕРАТИВ
ВЕЌЕ 200+ ГОДИНИ
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Поставувајќи ја темата на претенциозен и арогантен начин нема да ти помогне да развиеш дискусија. Јас нема да спорам со тебе, затоа што сум атеист по разум, меѓутоа ќе ти го кажам само ова:

ОВА Е ФИЛОСОФИЈА
ПОСТОИ АПДЕЈТИРАНА ВЕРЗИЈА НА ОВА ШТО ТЕ МАЧИ КОЈА ШТО СЕ НАРЕКУВА КАТЕГОРИЧЕН ИМПЕРАТИВ
ВЕЌЕ 200+ ГОДИНИ
Не сакав да бидам ниту арогантен, ниту претенциозен. Види го вториот коментар во темата и ќе сфатиш зошто го напишав упатството за употреба.

Не гледам каква врска има Кантовиот категорички императив врска со темата, ако на него мислеше...

И не ме мачи мене ништо, други се мачат со ова.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Темата е интересна. По сите форуми ја загатнуваш темата за злото, односно што е зло и се обидуваш да наметнеш став дека едно нешто кај една религија е исправно , а кај друга зло? Се согласувам со тебе дека Божествената креација е тешка за објаснување, а потешка за разбирање. Ти се обидуваш да ја поедноставиш и извулгаризираш. Да Бог е љубов, Тој создал се... Постоењето на злото е избор на човекот. Ти самиот зборуваш за физичката манифестација на злото извршена од човек врз човек. Од каде заклучуваш дека Бог е виновен за нашите дела? И од каде Бог ќе биде одговорен за злото низ историјата? Апсурд, секогаш кога одговорноста треба да се лоцира во човек крив е Бог. Тој ни дал се, ни дал можност за избор и наместо да се развиваме кон совршенство за да повторно низ сопствениот развој го достигнеме Него, ние дејствуваме деструктивно. Зошто го обвинуваш Бог за злото во луѓето? И втора работа, биди сигурен дека Божествената креација има методи се повторно да стави во рамнотежа ако ја претераме. Не џабе се вели не ги знаеме Божјите патишта, во Универзумот се е во рамнотежа. Ние како негова креација, со слободна воља треба да целиме кон рамнотежа, да го искоренуваме злото во нас и околу нас тоа е нашата задача. Твојот практичен пример за силуваното дете, да тргнеме по ред.. Зошто било само, кој овозможил да биде достапно за силување (чиј се пропусти има) каде била полицијата, средината да ги откри намерите на злосторникот, тој во какви услови живеел, зошто станал злостор, чиј се тоа пропусти во воспиотание.... И од каде за се ти е крив Бог?
 
Значи, теза 1, и подтезите 1.1 и 1.2. Читај и размислувај. Бог заради својата нетемпорална природа знае за злото и го допушта. Толку ли е тешко да се прифати ова?

--- надополнето ---

Твојот практичен пример за силуваното дете, да тргнеме по ред.. Зошто било само, кој овозможил да биде достапно за силување (чиј се пропусти има) каде била полицијата, средината да ги откри намерите на злосторникот, тој во какви услови живеел, зошто станал злостор, чиј се тоа пропусти во воспиотание.... И од каде за се ти е крив Бог?
Бог во моментот на стварањето знаел дека до тоа силување ќе дојде, знаел дека ќе потфрли полицијата, судовите, средината итн. И сепак го створил тоа. Сега, појасно?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Е за ова зборував во упатството за употреба...
Темата се вика Христијанството и проблемот на злото, не си до толку неписмен...
ако си бил барем, барем малку писмен, ќе напишеше РЕЛИГИИТЕ и проблемот на злото...
толку од мене..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
ако си бил барем, барем малку писмен, ќе напишеше РЕЛИГИИТЕ и проблемот на злото...
толку од мене..
Благодарам за оваа вредна напомена, и уште повеќе благодарам што е ова толку од тебе...
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Значи, теза 1, и подтезите 1.1 и 1.2. Читај и размислувај. Бог заради својата нетемпорална природа знае за злото и го допушта. Толку ли е тешко да се прифати ова?

--- надополнето ---

Бог во моментот на стварањето знаел дека до тоа силување ќе дојде, знаел дека ќе потфрли полицијата, судовите, средината итн. И сепак го створил тоа. Сега, појасно?
Јас совршено Те разбрав но се надевав дека и ќе го разбереш преостанатиот дел од текстот. Поздрав :back:
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
На подфорумот религија има неколку теми во кои атеистите и религиозните се обидуваат да си ја докажат својата вистина едни на други. Мислам дека ниту една од тие теми не задира во сржта на проблемите. Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата. Тоа се едноставно две различни равни на постоење кои не се допираат. Меѓутоа постои дискурс кој е разбирлив за двете страни, и каде што може да се спори без да се промашуваат аргументите, а тоа е етичкиот дискурс, проблемите поврзани со доброто и злото.

Овде сакам да поставам теза, која впрочем е поставувана многу пати во историјата, дека идеата за семоќен Бог, кој е истовремено Љубов, при постоење на Зло со голема буква, а најголемата лага која било кога му е продадена на човештвото. Значи еве ги тезите:

Теза 1. Бог е семоќен. Иако имам логички и емпириски проблем да поимам што значи еден ентитет да биде семоќен ја прифаќам тезата како таква. Значи прифаќам дека Бог е семоќен. Овде не интересираат два аспекти на неговата семоќност, ќе ги обележиме со подтеза 1.1 и подтеза 1.2.

Подтеза 1.1. Бог во својата семоќ е создател или креатор на СЕ постоечко. Значи СЕ. Да не има покасно некои недоразбирања, тој создал апсолутно СЕ. Целата жива и нежива природа, и сите ентитети кои не се дел од овој видлив материјален свет. Значи дека тој го создал Човекот, животните, неживата природа, Ангелите, Ѓаволот, Змијата од рајската градина, апсолутно се.

Подтеза 1.2. Бог е нетемпорален, односно е над времето. Тој како создател на се, па и на времето, не може да биде ограничен од својата креација. За него минатото, сегашноста и иднината се едно, односно има пристап до секој момент од она што ние го нарекуваме време. Признавам дека мене, како на една бедна креатура обележана со трите временски екстази, минатото, сегашноста и иднината ова ми е напоимливо, но го прифаќам како такво, дека Бог во својата семоќ може да биде истовремено во минатото, сегашноста и иднината, односно дека се за него се е еден момент.

Теза 2. Бог е добар, односно тој е Љубов. Бог ги сака луѓето. Чинот на создавање на човекот во религијата се интерпретира како чин на љубов, Бог го создал човекот затоа што го сакал.

Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква. Овде зборувам за зло кое е тешко поимливо, за неверојатни ужаси кои се имаат случувано низ историјата и кои се уште се случуваат. За полесно да разбереме за какво зло се зборува, ќе ги оставиме настрана духовните страдања, ќе зборуваме само за физичка болка. Набивање на колец, кинески лонец, вадење на ноктите кај Ирокезите, репертоарот на мачења е импресивен. Пред некој ден прочитав за едно 11 годишно девојче кое било силувано од неколкумина возрасни лица, и кое потоа било каменувано од соселаните затоа што било силувано. Можете ли да го замислите нејзиниот ужас и нејзината болка? Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.

Тоа се трите тези, Бог е семоќен, Бог е Љубов, Во светот постои Зло. Тие три тези имаат еден проблем, имено се судруваат една со друга. Зошто постои зло во светот и кој го создал? Како е можно да постои зло во светот кој е создаден од Доброто и Љубовта?

Религијата вели дека светот бил создаден добро (добро беше вјеома) и дека човекот бил создаден како добар и безгрешен, но тој е крив за падот и изгонот од градината. ОК, нека биде и така. Човекот згрешил, па сега ќе страда. Меѓутоа, подтезата 1.2 вели дека Бог е нетемпорален, не е ограничен од времето. Бог знаел (знае, ќе знае) дека тоа ќе се случи. Секој момент од историјата за него е отворена книга, се може да види. Моментите на агонија на силуваното и каменувано девојче за него се случиле многу пред да и се случат на девојчето. Како е тој Бог Љубов и добрина? Значи тој знаел дека сето тоа ќе се случи па го дозволил. Знеал дека ќе се случи падот на човекот, знеал и за змијата која ќе го измами човекот, уште повеќе тој ја создал змијата, во согласност со подтезата 1.1. Кој е одговорен за Злото? Очигледно Бог, затоа што тој го создал СЕТО постоечко при тоа ЗНАЕЈЌИ дека историјата ќе се случува онака како што се случила. Значи не човекот, не змијата, не Ѓаволот, туку Бог е одговорен за Злото низ историјата. Тоа следува од Тезата 1 и подтезите 1.1 и 1.2 кои се прифатени од Христијанската теологија.

Ова е многу повеќе од умствена гимнастика, затоа што христијаните треба да се запрашаат, на кој Бог му се молат, и која е цената која тие се спремни да ја платат за да стигнат во Рајот? Зарем не ви е срам преку коските на силуваното девојче од примерот да коленичите до Рајот? Јас би се срамел да сум на ваше место. Молејќи му се на тој Бог кој го нарекувате Љубов, вие го одобрувате сите злосторства кои се имаат случено низ историјата како цена за вие да стигнете во Рајот. Мене таа цена ми е превисока, и одбивам да одам таму, и одбивам да бидам во ваше друштво...

Упатсво за употреба на темата.

1. Би било одлично кога во неа би пишувале само оние со коефициент на интелегенција над 100, меѓутоа сите мислат дека имаат IQ > 100.
2. Не спорете со мене. Спорете со тезите, наведете дали се погрешни или нешто од нешто не следи.

Бујрум.

Неможеш да идеш контра слободна воља. Воа ти е ко ако Бог е семоќен дали може да создаде камен толку тежок што не ќе може да го крене. Мрсење муда.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас совршено Те разбрав но се надевав дека и ќе го разбереш преостанатиот дел од текстот. Поздрав :back:
Преостанатиот дел од текстот е како lemurijanka сака да изгледа светот и Бог и се постоечко...

Поздрав и до тебе...

--- надополнето ---

Неможеш да идеш контра слободна воља. Воа ти е ко ако Бог е семоќен дали може да создаде камен толку тежок што не ќе може да го крене. Мрсење муда.
Читај го упатството за употреба на темата, член 1. Ако немаш нешто паметно да кажеш, поќути бе легендо...
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Преостанатиот дел од текстот е како lemurijanka сака да изгледа светот и Бог и се постоечко...

Поздрав и до тебе...

--- надополнето ---

Читај го упатството за употреба на темата, член 1. Ако немаш нешто паметно да кажеш, поќути бе легендо...
Упатство за тебе , упати се до психијатрија за лекување на тролови.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Упатство за тебе , упати се до психијатрија за лекување на тролови.
ОК, благодарам и за оваа вредна напомена, се надевам дека до крај се изрази. Оди сега размислувај за големината на Србија и Слободан, остави не нас троловите...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom