....оти рационализмот и духовноста речиси и да немаат блага врска една со друга.
Ако рационализмот нема врска со духовноста, зошто не ја толкуваш библијата како метафора? Каква е таа твоја духовност, кога библијата ја толкуваш буквално, и поради тоа безброј пати тврдоглаво ја негираш науката и тврдиш дека Адам и Ева се создадени од кал, дека светот е 6-7000 години стар, дека небото и земјата се создадени заедно....?
Ако рационалноста нема врска со духовноста, нема ни потреба да се негира едното за сметка на другото, бидејќи нели нема допирни точки?! А ти од петни жили негираш се што не ти се вклопува во твојата збирка еврејски народни приказни!
--- надополнето ---
Религијата вели дека светот бил создаден добро (добро беше вјеома) и дека човекот бил создаден како добар и безгрешен, но тој е крив за падот и изгонот од градината. ОК, нека биде и така. Човекот згрешил, па сега ќе страда. Меѓутоа, подтезата 1.2 вели дека Бог е нетемпорален, не е ограничен од времето. Бог знаел (знае, ќе знае) дека тоа ќе се случи. Секој момент од историјата за него е отворена книга, се може да види.
Еден детал кој е изоставен во текстов а во врска со проблемот за злото кај христијанството е и фактот што бог им го забранува сознанието за добро и зло на Адам и Ева! Посочувано од моја страна на повеќе теми и лукаво и тврдоглаво избегнувано од страна на верниците а од ексремна важност!
Прво: Зошто бог кој е љубов и добрина, би забранил сознание за добро и зло? И уште поважно:
Второ: Без сознание за добро и зло, неможе да се товари за одговорност никој, најмалку оној кој намерно е создаден така од тој што го товари за таа одговорност!