Не може така да кажеш дека никој немаше да се фрла. Немам полни 18 години и оваа година ми беше прв пат да се фрлам (т.е реално гледано да трчам по крстот) . За тоа дека има за награди само, има многу пошто ги гледам одма правеле некој групи , баш пред да се фрламе едни двајца ме прашаа дали сакам да бидам со нив во група . Пошто ми е прв пат се зачудив за какви групи ми зборат не знаев , и после разбрав дека се делеле нешто и кој фати крстот заедно да го шетале и награди да делеле . Секако дека одбив пошто отидов пред се зошто е убаво и здраво. Желба за да го фатам крстот имав , ама не верувам баш дека ќе успеам, помило ми беше учеството. Исто така што ми остави лош впечаток беше тоа што додека попот горе пееше овие доле натпреварувачите (поголемиот дел) се глупираа нешто и иако им викаа да се смират џабе. Сепак има и вистиниски христијани кој дошле да учествуваат за добро и од вера . Секоја чест на таквите и се надевам дека од другата година повеќе такви ќе се пријавуваат , и дека ќе имаат они среќа да го фатат крстот , а не овие другиве што доаѓаат за чалам и награди.
Бог се јави!
Ја не реков дека нема верници што гледаат beyond наградите што се доделуваат, но тие се во многу многу мал број, еве на пример во Охрид од тие 1200 души дали едно 20 ќе останат. Зборот ми беше дека овој празник, како и сите други е искомерцијализиран и тоа црквата што го прави е крајно безобразно. Јас разбирам да си поштува некој и верски празници и верски обичаи и слично ама ова е претеризам како што кажа ти собирање во групи од 50 души за материјална корист, а не во духот на христијанството како што поповиве мачкаат очи. Кај го има тоа 5 години по ред во Охрид ист човек да го фаќа крстот... Божја воља... да бе!