Христијаните го прославуваат Богојавление - Водици

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Да појаснеше некој од каде произлегува оваа традиција, ако знае.
Оти нели, во Книгата, нема запис. Уствари, има за крштевањето на Исус, од страна на Јован Крстител, како приказна.

Нека ви е за многу години, патем.

eve prijatele :)
http://mk.wikipedia.org/wiki/Водици
fala (y)
 
Ајде некој видеа од посељачките региони каде лани имаше тепачки.
ХАХАХАХАХАХАахаахахаххах брат ме насмеа добро... :D

Иначе, Добро толку ли не забележавте како во Скопје во Вардар тој што го фати крстот беше 2-3 метри пред другите учесници, веќе влезен во вода ? Баш пред да го фрли се чудев оти тој е толку напред и после гледам тој го фати крстот ?!
 
Лаптопот нека биде во вашите срца и во вашите глави

Ненамерен гаф му се случи на еден од свештениците на денешната литургија на мостот во Скопје каде се фрлаше крстот по повод Богојавление - Водици, кој предизивка бура од реакции на социјалните мрежи. Имено, додека попот ги набројуваше спонзорите и подароците од функционерите, рече дека премиерот Никола Груевски на среќникот кој го фати крстот му подарил лап - топ компјутер. Но кога заврши со набројувањето и сакаше да каже - Бог нека биде во вашите срца и во вашите глави, понесен од подарокот на премиерот, едноставно рече „лаптопот нека биде во вашите срца и во вашите глави“. Се разбира дека свештеникот направи ненамерна грешка, но сепак предизвика позитивна реакција кај граѓаните. Како и да е во ова модерно време, на висока технологија, редно е и поповите да се модернизираат.

Во името на Лаптопот, Виндовсот и брзиот Интернет. Амин.

 
Претседателот Иванов му подари икона на фаќачот на чесниот крст
Ќе ја продади сељјаков не е за овој икона , се чудам и на претседателов :tapp:
 
Колку е бедно ова во Битола и Тетово во базен од 2на2 скокаат 10 души :tapp::tapp:
 
Да немаше спонзорства, фрижидери, лаптопи како награди немаше кој да се фрла на ладново, мислам да бидеме реални никој не е будала за џабе да се мрзне на минус 10, ама ај се во духот на христијанството...
 
Да немаше спонзорства, фрижидери, лаптопи како награди немаше кој да се фрла на ладново, мислам да бидеме реални никој не е будала за џабе да се мрзне на минус 10, ама ај се во духот на христијанството...
Хипокризија пуста.... Никогаш не отсуствувала, посебно на овие простори....
 
Да немаше спонзорства, фрижидери, лаптопи како награди немаше кој да се фрла на ладново, мислам да бидеме реални никој не е будала за џабе да се мрзне на минус 10, ама ај се во духот на христијанството...

Баш треба да ги укинат вие награди и подобро нека има 20-30 што вистински се фрлаат поради христијански причини отколку 200+ за награди. А и сеуште не се нашол јунак прав христијанин да го фати крстот и да рече сите работи ги подарувам во тие и тие институции (како за деца без родители пример) зошто не рипав поради некаква си материјална корист. Единствено пример да задржи некој крст, ланче и сл за успомен што ги даваат спонзорите ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom