Така е, и битен е гласот само на младите, другите не се битни. Ние што сакаме алтернативен пат на ЕУ, која не уценува и не натера на повлекување од сите црвени линии и откажување од националните интереси, сме небитни! Ама следи ја државата, која според АОК за 10 години ќе ја снема ако левицата не добие сега и одма 1-2 трилиони за трошење за решавање на глобалното затоплување. А Холандија нека започне од сега да гради повисоки брани.
Холандија не треба да ни е репер. Можеме и за историјата на Холандија, чисто онака...на соодветната тема. Победничката сила од втората светска војна (според тебе). Тежок отпор дале за време на тие 3-4 дена. Каде, кого и кога победиле не сподели со нас.
Можеме и за правото, само немам многу информации за нивниот Устав и нивното право затоа што имам јазична бариера. Во "Митот за демократијата" има цитати од нивниот правен поредок и тоа е сѐ што знам за Холандија. Не се сеќавам да сум прочитал било што друго.
Едно е унификација, а сосема друго е копирање на правниот поредок. Менталитетот е различен, така во одредени држави нема потреба да има законска регулатива за фрлање на ѓубрето на канта (плус 50 € казна), туку тоа е дел од елементарната култура.
Нема мочање во јавност таму!? Знам дека им поставија пластични контејнери затоа што мочаа кај ќе им текнеше.

Сега е забрането мочање во каналите.
пи.ес. Крајната десница е во налет во Холандија.
