Херојска фантастика

Овој Ротфус, како што ваљда веќе реков, решив да го читам, па ја купив првата книга - Име Ветра. Стилот му е многу подобар од Ериксон да речеме и стварно во тој поглед ја исполнува една од основните премиси во уметноста, за мене, а тоа е - Не е важно што правиш, туку како тоа го правиш. Мада ја би рекол - Побитно од тоа - што правиш, е - како тоа го правиш.
И ОК почиње книгава за тој у пичку матер легендарен лик, релативно интересничко, стилот ОК, ко шо кажав, со малку досаднички делови, али ОК е. И у еден момент, тука негде у први сто страни, ничим изазван (у ствари изазван али стварно немаше потреба), почиње он да ја раскажуе својата животна прича и у следни неколку стотини страни загалвуе у еден епски boredom, исполнет со убитачно досадни Хари Потер универзитетски денови, измеѓу кои се убацени уште подосадни љубовни делови и кафанско свирење. И така до кај 450-та страна.
Не, не престануе таму оваа ужасна досада, него до таму сум стигнал. Очекувам уште многу.

Абе тоа е. Мене,( а верувам и на @Tegla ) навистина не ми беше лоша. Не може сите секогаш исти работи да бендисаме. Веројатно некогаш повеќе се исплатува да ѕирнеш неколку поглавја во електронска форма, да знаеш со што си имаш работа, дали вреди да се купи некоја книга или не, па да заштедиш и во време, во простор и во пари. Се сомневам дека по 450 страни впечатоците значајно ќе ти се подобрат.
 
Овој Ротфус, како што ваљда веќе реков, решив да го читам, па ја купив првата книга - Име Ветра. Стилот му е многу подобар од Ериксон да речеме и стварно во тој поглед ја исполнува една од основните премиси во уметноста, за мене, а тоа е - Не е важно што правиш, туку како тоа го правиш. Мада ја би рекол - Побитно од тоа - што правиш, е - како тоа го правиш.
И ОК почиње книгава за тој у пичку матер легендарен лик, релативно интересничко, стилот ОК, ко шо кажав, со малку досаднички делови, али ОК е. И у еден момент, тука негде у први сто страни, ничим изазван (у ствари изазван али стварно немаше потреба), почиње он да ја раскажуе својата животна прича и у следни неколку стотини страни загалвуе у еден епски boredom, исполнет со убитачно досадни Хари Потер универзитетски денови, измеѓу кои се убацени уште подосадни љубовни делови и кафанско свирење. И така до кај 450-та страна.
Не, не престануе таму оваа ужасна досада, него до таму сум стигнал. Очекувам уште многу.
Па таков е лајтерица, не е heavy weight како JRR Tolkien и GRR Martin. Нас ни е грешка што прво сме ги прочитале најдобрите и се во споредба е бледо.
 
Некој го има ли читано Брендон Сендерсон?
Прилично нов автор, се пробива кога жената на Роберт Џордан бара од него да го заврши The Wheel of time серијалот. Mistborn е една од по познатите серии кои ги напишал, моментално работи на The Stormlight archives која ќе биде серија од 10 книги од кои само 2 се излезени и ги имаат едни од најголемите оцени што сум ги видел на goodreads. Прочитав многу позитивни коментари за него па ме интересира ваше мислење ако некој го има читано. Инаку скоро сите негови книги се наоѓаат во ист универзум Cosmere и имало ликови кои имале можност да патуваат во различни светови во универзумот па се среќавале во повеќе книги.
 
Ја земав првата книга од Мистборн и не, не ме бендиса нешто посебно. Па другите не ги ни купувам. Ми личи дека Сандерсон нема да остане знаен по своите дела, него по тоа што го земале да го доврши Џордан.
Мене ми се Мартин, Толкин и Аберкромби у топ 3. Другите се доста послаби. Ротфус има стил али не знае да раскаже/склопи приказна, Ериксон има многу јака прича, али стил - ужас. Сандерсон и Гај Гавриел Кeј се у средина негде и со прича и со стил, али ништо посебно. Легвин е негде измеѓу овие доле и оние горе.
 
Јас ги прочитав првите 2 книги од Reckoners серијата од Сендерсон (третата од трилогијата излегува во 2016) и не ми беа ништо посебно, иако немав никакви очекувања пошто беа тинејџерска фикција.
80 посто од книгата дејството оди споро без некои посебни случувања и на крај во последните 20 посто од книгата се случуваат сите работи,плот твистови..
Ќе и дадам шанса на The Way of kings кога ќе завршам со Dark Tower серијата од Кинг.
 
Низ интернетов прочитав мислења дека некои од познатите имиња во жанров, како Ериксон на пример, биле повеќе или помалку инспирирани од The Black Company на Глен Кук. По прочитани три книги од серијалов можам да кажам дека мислењата не се без основа, пред се' во однос на авантурите на воените дружини, чети, армии и нивни членови кои се вплеткани во некои големи случувања.

Ериксон е многу поамбициозен, склон кон градење бројни ликови и заплети на доста повеќе страници. Имам впечаток дека со малку повеќе брусење на приказната/приказните, подобрување на стилот и подлабоко осмислување на ликовите, Ериксон (по третата книга од него мнението ми е малку, малку поправено иако и тогаш тоа не беше лошо мислење) и на помалку страници би направил нешто далеку поголемо. Но тоа е што е, му се брзало или едноставно не можел да го направи.

Глен Кук е поедноставен и тука поентира. Неговата книга не е нешто што мора да се прочита, нешто што не не се пропушта и што веќе не е видено (иако ова не е најново дело, па пред 30 години можеби и не се среќавало често). Кај поедноставните заплети можностите за грешки се помали и приказната, таква каква што е, е фино заокружена. Пак: не е најдобра, не е совршена, не е без мани, но може да помине.
Авторот не ветува големи чуда, па не треба ни да ги очекувате.
 
Последно уредено:
Скот Линч е автор на серијалот за Лок Ламора (Лагите на Лок Ламора), т.е. на Gentleman Bastard. Првата книга не е лоша, под услов да сакате измислен свет во ренесансно италијанско руво, мафијашки пресметки, нешто алхемија и магија и карактери донекаде налик на Арсен Лупен.
Не знам какви се наредните продолженија. Ми се допадна што приказната во првиот дел најверојатно заврши, па во вториот ќе има друг заплет со главните ликови.
 
Завршив со вториот дел од приказната за Лок Ламора на Скот Линч, со наслов Red Seas Under Red Skies. Мориња. Пирати. Мачки.
Овде има проблем со кој немалку автори се соочуваат - после релативно солиден почеток да се напише приближно добро продолжение. Претеран оптимизам е, најчесто, да се очекува двојката да биде подобра од кецот.
Приказната е горе-долу добра, ама како да има барем 100 страни вишок. Тие се сосема непотребни, ја нарушуваат динамиката во заплетот и непотребно го оптоваруваат читателот.

Како огромен казан во кој е зготвено јадење со две-три парчиња вкусно месо. Дали ќе го изедете целиот казан за да дојдете до тоа месо зависи од вас. А има и повскусни јадења и подобри готвачи.
 
Јас мислам дека и во првиот дел имаше барем 100 страни вишок. Обожаваам книги, серии и филмови со hustlers, а оваа книга некако се намачив да ја дочитам. Инаку, вториот дел не ми е читан. Ах, толку многу книги, толку малку време.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Работата е во тоа што мене ми доаѓа умот по второто , евентуално по третото продолжение (оти и третото го прочитав:P). Ако во првиот дел 100 страници ти се виделе фазла, во второто слободно отпиши 200, а третото можеш и да го прескокнеш :)

Ја глеам HustlerTV и HustlerHD.

Ова high fantasy е или во low fantasy се вбројува? :)
 
Сакам да ви свртам внимание на Demon Cycle серијалот од Peter V. Brett. Се работи за лагано и иако малку плитко, сепак интересно и лесно читливо четиво, со релативно интересена механика за магијскиот систем врз кој авторот ги базира дејствата од книгите.

Серијалот почнува со:
https://en.wikipedia.org/wiki/The_Painted_Man

...Dark Tower серијата од Кинг.
Фала на потсетувањето, сега тек гледам дека пред 3 години излегол последниот дел! :)

Многу ми беше црн хумор смешно (иако бизарно) кога Кинг некаде пишуваше како пациенти од рак, и осуденици на смрт, го молеле побрзо да го заврши Dark Tower серијалот... ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom