Херојска фантастика

Сакам да ви свртам внимание на Demon Cycle серијалот од Peter V. Brett. Се работи за лагано и иако малку плитко, сепак интересно и лесно читливо четиво, со релативно интересена механика за магијскиот систем врз кој авторот ги базира дејствата од книгите.

Серијалот почнува со:
https://en.wikipedia.org/wiki/The_Painted_Man



Фала на потсетувањето, сега тек гледам дека пред 3 години излегол последниот дел! :)

Многу ми беше црн хумор смешно (иако бизарно) кога Кинг некаде пишуваше како пациенти од рак, и осуденици на смрт, го молеле побрзо да го заврши Dark Tower серијалот... ;)

Ја имам некаде првата од книгите на Brett, како pdf. Веројатно и ќе ја прочитам, ама веќе се нема време, па ќе ја оставам за некој порелаксиран период.

Но, што е со Кинг? Имам читано доста од него, но не од она што се вбројува во епската фантастикаили на некој начин е блиско со неа. Некои прочитани критички осврти, забелешки и мислења (од луѓе што професионално се занимаваат со книжевност), кога станува збор за овој дел од неговото творештво не се нималку ласкави.
Јасно, туѓите гледишта, чии и да се, никогаш и никако не се поважни од личното искуство, ама јас не го довршив „Талисман“ кој овој го пишуваше со Peter Straub (прилично релевантен автор кога станува збор за хорор литература). Го баталив некаде на половина. Ги бива ли книгиве од Dark Tower приказната, односно, каде е и кое е местото на Кинг во овој жанр?
 
Dark Tower e OK за читање... Ништо исклучтелно, но онака - ОК за кога ќе се најдеш во недостаток од материјал за читање. :)
Никако не се работи за ремек дело од литературно достигнување, далеку од тоа. Но жалната вистина е дека ние љубителите на овој жанр на литературата, сме соочени со недостаток од истата.
Во врска со Dark Tower конкретно, секој што успеал да ги прочита сите книги Wheel of Time - било кое дело посочено овде на темава ќе му изгледа како подобро (во споредба). ;)


Некои прочитани критички осврти, забелешки и мислења (од луѓе што професионално се занимаваат со книжевност), кога станува збор за овој дел од неговото творештво не се нималку ласкави.
Кинг?
Јас мислам дека е прилично извикан автор кој има одличен осет за пишување успешна белетристика. Човекот едноставно е специјализиран за комерцијализирање на својата литература, односно пишување на литература која е однапред предвидена да биде максимално комерцијално исплатлива. Но како што реков, во оваа состојба на „пазарот“ и неговата понуда проаѓа.

Dark Tower му е обид за епски серијал, како што сам кажува како мал бил фасциниран од Толкин и Господарот на Прстените. Колку е успешен во обидот, процени сам... се што можам јас да кажам е, дека вреди да му се даде шанса.
 
Dark Tower e OK за читање... Ништо исклучтелно, но онака - ОК за кога ќе се најдеш во недостаток од материјал за читање. :)
Никако не се работи за ремек дело од литературно достигнување, далеку од тоа. Но жалната вистина е дека ние љубителите на овој жанр на литературата, сме соочени со недостаток од истата.
Во врска со Dark Tower конкретно, секој што успеал да ги прочита сите книги Wheel of Time - било кое дело посочено овде на темава ќе му изгледа како подобро (во споредба). ;)



Кинг?
Јас мислам дека е прилично извикан автор кој има одличен осет за пишување успешна белетристика. Човекот едноставно е специјализиран за комерцијализирање на својата литература, односно пишување на литература која е однапред предвидена да биде максимално комерцијално исплатлива. Но како што реков, во оваа состојба на „пазарот“ и неговата понуда проаѓа.

Dark Tower му е обид за епски серијал, како што сам кажува како мал бил фасциниран од Толкин и Господарот на Прстените. Колку е успешен во обидот, процени сам... се што можам јас да кажам е, дека вреди да му се даде шанса.

Па и The Stand му е донекаде резултат на неговата инспирација од LOTR, иако не премногу очигледна и жанровски различна.
Она што е особено важно за Кинг, е тоа што неговото творештво, независно од комерцијалната успешност, беше прилично квалитетно и вредно за читање од почетокот на неговата кариера во првите години од 70-тите, се' до средината на 90-тите. Најдобрите дела ги има напишано тогаш (Pet Sematary, Salem's Lot, It, The Green Mile, The Shining, некои добри раскази итн. Секако и тогаш има пишувано глупости, како и многу други автори), но овде имаме работа со друг жанр.
Подоцна Кинг малку ќе се изгуби, ќе опадне квалитетот или ќе истиот (пре)многу ќе почне да варира. Сепак, овој има огромен опус, и низ него може да се налета на се': и на квалитет, и на просечност и, секако, на ѓубре. И сето тоа одлично се продава.

Не мислам дека десетина безвредни книги од еден автор ќе ја намалат вредноста на едно одлично дело напишано од истиот. Поради тоа не можам на Кинг да гледам како на просечен писател. Слично е и со оние автори кои немаат оставено зад себе многу дела. „Оркански висови“ се „Оркански висови“ и имаат соодветно место во литературата, независно од тоа што се единствено дело на Е. Бронте.

Сега, кога ми се чини дека го исцрпив она што стаса до мене, а го сметав за поквалитетно четиво (сосем веројатно има уште доби работи за читање) имам извесни забелешки во целост за жанров.
Она што е голем проблем за епската фантастика, за нејзиниот квалитет, па и подолгорочно за нејзиното одржување како жанр е:

- очигледно жанрот и неговите читатели се потценети, доста повеќе отколку што е случај кај другите жанрови. Како некој да заклучил дека секаква помија може да помине, оти читателот не пребира

- недостаток на креативност - нема многу нови идеи, има доста приказни и комбинации кои се повторуваат, само ликовите и местата имаат различни имиња. Едноставно авторите или немаат храброст да експериментираат (тоа треба да се продава), или толку ги бива. Не е прстен, ами волшебен меч, не е селанец предодреден да го спаси светот, ами овчарче, не е црн волшебник главниот негативец, туку вештер.

- пишување преголеми и преопширни серијали. Дури и поединечно повеќето од деловите на овие серијали имаат 600+ страници. Што му фалеше на LOTR? Мислам дека Аберкромби изигра мошне добро со тоа што се одлучи на трилогија, на која подоцна додава по некоја приказна поврзана со истиот свет. Прачет се одлучи за серијал без типични продолженија. Речиси секоја книга е посебна приказна, дури и кога ликовите се повторуваат.

- недовршени серијали. Ова директно произлегува од претходното. Мартин сега веројатно е најдоброто што може жанров да го понуди. Арно ама, веројатноста да го заврши своето дело е веќе тема за дискусија. И тука не е единствен. Недовршен серијал од ваков тип не е далеку од недовршена книга.
 
Среќа го немаа у книжара тоа Демон Најт ли или како и да се вика првата од Сунчани Рат од тој Бред Пит, иначе ќе ја купев и изглеа (според ова што го зборите овде) ќе се заебев.
 
Линк до друг форум, со собрани дела од Глен Кук:
http://www.balkandownload.org/topic/59445-glen-cook/[DOUBLEPOST=1450828114][/DOUBLEPOST]Еве и на Српски јазик, истово издание го имам - прилично добар е преводот. Пособено добро се адаптирани имињата на ликовите (сите се прекари).
http://www.balkandownload.org/topic/54401-glen-cook-glen-kuk-crna-četa/?hl=+glen++cook
 
Изглеа ќе ја купам Лажи Лока Ламоре - првата од трилогијата на Скот Линч.

Рекоа слично било како Аберкромби, а Аберкромби многу ми се свиѓаше. И сеуште ми се свиѓа. Штета што нема на срб. или хрв. преведено повеќе од Први Закон трилогијата и Освета.
 
Почнаа да доминираат инди наслови или книги објавени од самоиздадени автори, посебно лани, а изгледа и оваа година, скоро пола од книгите од овој жанр ќе бидат од таа фела пуштени во етер. Некој читнал нешто од таму, или све се држите до традиционално-издадена штампа?
 
Хммм... не од овој жанр, ама да од научна фантастика. Пријатно изненадување, лош стил на пишување и техника, ама добри идеи - одлични всушност (The Lost Fleet од Jack Campbell).

Не гледам зошто самоиздадени автори не би можеле да напишат добра книга. Поголем проблем е одбирањето што да се чита, во целиот тој наплив од наслови.
Еве нешто, како за добивање идеи: http://www.rantingdragon.com/top-20...duction-to-self-published-books-worth-a-look/
 
Порано лесно можеше да се забележи самоиздадена книга - Глупа или досадна приказна, лоша интерпункција и граматика, typos, лошо фомратирање, никакво уредување или лекторство, одвратна слика на корица итн.

Од пред околу 5 години се сменија работите и сега повеќето самоиздадени автори се презентираат далеку попрофесионално со своите дела - најмуваат уредници, плаќаат за профи корица, плаќаат за форматирање, плаќаат и за маркетинг и промоции, го учат занаетот за да знаат како да напишат книга од интерес која ќе се продава. И освен ако не провериш од каде е издадена книгата нема да знаеш од прва дали книгата е самоиздадена или е од некоја традиционален прес. Или авторот ако не му пишува на профилната или на веб страната дека се самоиздава.

Дека има бајати приказни и покрај профи меркиве - има. Ама обично можеш да ги познаеш дела вредат или не со Look Inside алатката на Амазон, која ти дава од едно до три поглавја слободни за читање и проценка. Или можеш да ја позајмиш книгата преку Kindle Unlimited "бесплатно" (плаќаш 10 долари месечно, али читаш колку сакаш книги за тој период и не плаќаш ништо за нив. А ако некоја книга не ти се свиѓа, можеш и да ја вратиш).

Инди и самоиздадените автори се новата револуција во литературниот свет. И ги освојуваат сите жанрови, но особено романса, трилер, мистерија, фантазија и научна фантастика, како најпопуларните жанрови на скалата.
 
Онлајн издавачите како Амазон сега земаат дел од колачот на традиционалните издавачи, воедно и им даваат шанса на авторите почетници.
Напредок во секој случај.

Иначе сега ми направи беља, еден куп книги влегоа на список за читање. ;)
 
Јас ја довршив втората од Аберкромби (Before they are hanged) и сеа за сеа можам да кажам дека книгиве од трилогијата се предобри. Секако ко и на повеќето, Глокта ми е најбоље, ваљда поради фактот што неговиот карактер и внатрешен монолог ми се најкомични.
Ипак, тука негде ми е и Логан.
Say one thing for Logan, say he's a lover. :D :D
 
Глокта е добар, одличен, ама Логан сепак е врвниот лик во книгите. Ниеден друг лик не доаѓа ни блиску до него. :)

Добро ги разработува ликовите Аберкромби. Уште подобар е ако не си го читал Мартин претходно. Всушност ако не си го читал Мартин, не го читај - прочитај прво СЕ што вреди од жанрот.
Мартин остави го за крај, пошто после него се е бледо... ;)
 
Глокта е добар, одличен, ама Логан сепак е врвниот лик во книгите. Ниеден друг лик не доаѓа ни блиску до него. :)

Добро ги разработува ликовите Аберкромби. Уште подобар е ако не си го читал Мартин претходно. Всушност ако не си го читал Мартин, не го читај - прочитај прво СЕ што вреди од жанрот.
Мартин остави го за крај, пошто после него се е бледо... ;)
Сум читал сајнопсис од книгите чисто ради несопирлива љубопитност. Али не би се нафатил у брзо време со ГоТ пошто знам што ќе се дешава и ја пратам серијата, треба од ново да ја поминувам истата низа од настани. Знам дека има ствари што ги нема нигде, различно е кога го читаш авторот и све тоа али мука ми е. Истиот проблем го имам со Толкин. Знам што се дешава и иако има ствари што ги нема у филмот, а ги има во книгата и многу други финеси, мука ми е.

Иначе ко што пиша членот погоре, да ги поминам сите од Аберкромби и ќе се нафатам со Скот Линч пошто иам и ја читано дека Аберкромби потсеќал у стил на пишување на него, само у полоша верзија.
Имаш читано нешто од Линч?
 
Некој да не го читал Throne of Glass серијалот? Ми го препорачаа али да прашам прво овде, затоа што горе доле им верувам на мислењата.
 
не би се нафатил у брзо време со ГоТ пошто знам што ќе се дешава и ја пратам серијата, треба од ново да ја поминувам истата низа од настани. Знам дека има ствари што ги нема нигде, различно е кога го читаш авторот и све тоа али мука ми е. Истиот проблем го имам со Толкин. Знам што се дешава и иако има ствари што ги нема у филмот, а ги има во книгата и многу други финеси, мука ми е.
Ти си жртва на холдивудската индустрија. :)
Сериозно, батали серијата и направи си услуга - прочитај си ја A Song of Ice and Fire во целост. Квалитетот на серијата наспрема квалитетот на книгите е страње. На моменти како пародија изгледа.

Истото донекаде важи и за Толкин, екранизациите се поквалитетни - ама немаат шанса со книгите.
Само да појаснам. Кога ќе кажам дека екранизациите немаат шанси со книгите, не мислам на немање шанси од видот на бокс меч кој траел 15 рунди и победникот е изгласан едногласно со голема разлика во поени, туку мислам на нешто како бокс меч меѓу Вуди Ален, и Мајк Тајсон, кога вториов ги нема земено лековите а насилно го прекинале во омилената забава - тепање жени. (во Аберкромби варијанта, само смени ги Вуди Ален и Тајсон, со Калдер и Логан) ;)[DOUBLEPOST=1455134821][/DOUBLEPOST]
Некој да не го читал Throne of Glass серијалот? Ми го препорачаа али да прашам прво овде, затоа што горе доле им верувам на мислењата.
Не, ама морам да приметам дека има голем наплив од „young adult“ секции во подоста жанрови. Изгледа од комерцијални причини, не знаев дека „young adult“ е обемна читачка популација. :P
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom