Да вреди. Јас ја имам читано само првата од трите, другите две ми седат на полица и планирам да ги прочитам летоска најверојатно, така да не можам да коментирам за останатите две. Има 4та книга излезено во истиот серијал но дејствието е многу многу подоцна и можеш да се фокусираш само на трилогијата доколку сакаш. Според она што го прочитав од првата книга можам да ти ја препорачам, мене ми се допадна.
Стилот на Brandon Sanderson е поедноставен, разбирлив и не напнува премногу со непотребни детали (во смисол на кој што јадел и какви копчиња имал на кошулата). Многу ми се допадна приказната, интересна е и релативно брзо се развиваат работите. Главен антагонист е Lord Ruler (сличен на Sauron), кој иако не е оригинален, доста добро е претставен и ептен е мистичен. Lord Ruler е апсолутен монарх и тиранин, и се смета за непокорлив. Тој е неверојатно моќен allomancer. Во Mistborn нема премногу ликови споредено со ASOIAF на пример, така да нема да биде проблем да ги научиш кој е што е. Иако серијалот е класифициран како High Fantasy, многу малку има фантази моменти. Нема џуџиња, елфови, чудовишта итн. и голем дел од настаните се поврзани со политички игри и војување, нешто што станува стандард во последно време.
Она што го прави серијалот добар е уникатниот системот на магии и моќи кој се нарекува Allomancy. Нема да ти образложувам како функционира, само ќе кажам дека некои од ликовите имаат вродена дарба да согоруваат метали (бакар, железо, легури итн.) и тоа им дава посебни способности, но ефектот не трае долго. Интересно е, да не навлагам во детали. Книгите имаат мапи а на крај има опис/апендикс на металите и моќите кои се добиваат со нивно согорување за полесно снаоѓање (нешто како периодичен систем на елементи).
Слаба страна е можеби едноставниот стил на пишување (но не е детски како пример Harry Potter/The Hobbit). Пошто ја читав после A Song of Ice and Fire и Lord of the Rings, се осеќав како да се симнувам од коњ на магаре.

Не дека Sanderson не пишува убаво, ама едноставно кога ќе ги прочиташ најдобрите автори во жарнов се друго изгледа бедно во споредба... Како и да е, искрено уживав дури ја читав и немав големи очекувања па затоа можеби и ми се допадна. Исто како слаба страна може да се земе едноставноста на ликовите, немаат многу длабочина, само 2-3 лика се издвојуваат.
П.С. Сега ги собирам Malazan Book of the Fallen (Steven Erikson), 3 до сега купив ама чекам да го комплетирам серијалот пред да почнам да ги читам. Серијалов се смета за топ 3 во жарнов, така да ме заинтересира максимално. Ти го спомнувам како идеа. Или можеби несакаш уште еден масивен серијал?