Решението е едноставно и се вика платен VPN (или универзален DNS како Unotelly) кој ќе биде подесен на твојот рутер (затоа што малку веројатно дека MS ќе има VPN или custom DNS поддршка на Xbox one) и ќе дава адредса од САД, УК, Германија, итн на твојот Xbox и MS не може да знае од каде навистина влегуваш. Ама кој е будала да плаќа дополнително некој долар за америчко или британско VPN, кога може да купи PS4 и да не се замара? Само најголемите фанбојс би го направиле тоа, а се сомневам дури и во нив.
Сепак тоа останува алтернативно решение кое Мајкрософт не го нуди, туку гејмерите, или како што велиш ти, фанбојците ќе мораат сами да го обезбедат.
Останува фактот дека Xbox Live официјално не е достапен во Македонија, слично како PayPal, со разликата што Xbox Live не е Интернет сервис за трансфер на финансиски средства, па да има законски препреки или технички препреки за да биде достапен во Македонија.
Мајкрософт веќе има свои сертифицирани партнери во Македонија од областа на програмирањето и софтверското инженерство, кои би можеле да помогнат во воведување на Xbox Live во Македонија.
Македонија е мала држава, дури и да стане Xbox Live достапен во Македонија, сигурно нема да има потреба од инсталирање на Xbox Live сервери во Македонија бидејќи Македонија опфаќа мала територија и мал број на жители, поради што нема потреба од посебни Xbox Live сервери. Слободно можат да ја приклучат Македонија на Xbox Live серверите во Грција или Србија или некоја друга држава со која Македонија се граничи и Xbox Live би бил достапен во Македонија.
Не за нешто друго, туку Мајкрософт се испофалија дека Xbox Live ќе користи дури 300.000 сервери, а ако на ова се додаде фактот дека Xbox One ќе поддржува и Интернет облак гејминг, паѓаат во вода секакви изговори за законски или технички препреки.
Не се во прашање законски или технички препреки, туку неинтересот на Мајкрософт за да го направи Xbox Live достапен и во Македонија.