Jа ги пратам конзолите од сам почеток на 90-ти. Имав Гејм Бој (со сите додатоци), SNES, PS, PS2 и XBOX360. PC купив дури 2005 г.
Сум водел радио емисија за видео игри - конзоли и сум пишувал за списанија од времето на самиот почеток. Го пратам пазарот на конзоли од сам старт. Деведесетите бев претплатен, преку Свет, на GamePro & EGM.
Сведок сум на продорот на Sony на конзолашкиот пазар, кога речиси никој не веруваше дека може да им се убаци на Nintendo и Sega. Бев тука кога GameBoy го газеше далеку понапредниот GameGear и кога скоро истото му се деси на PS3 од поинфериорниот 360. Глеав како Sega ја снемува после две по ред промашени конзоли. Сум гледал како доаѓаат и си одат колосални глупости, предходно најавувани како - иднината сега: Jaguar 64, VirtualBoy, Sega32X...
Е стварно, вакво самоубиство до сеа, не сум видел. Jaguar 64, VirtualBoy, Sega32X и сличните ми делуваат како перфектно егзекутирани проекти, во однос на ова.
Јас лично сум обожавател на Nintendo и на PlayStation, до неодамна бев обожавател и на Xbox, претежно поради Xbox 360, се додека не беа потврдени задолжителните ограничувања и рестрикции кај Xbox One.
Објаснувањето за до неодамнешната доминација на пазарот на конзоли од 7-та генерација од страна на Xbox 360 врз PlayStation 3 може да се сублимира врз 3 факти:
1. Задоцнето пуштање во продажба и недостиг на делови
PlayStation 3 беше пуштен во продажба во Јапонија и во Северна Америка во 2006 година, дури 1 година после Xbox 360, а во Европа поради недостиг на диоди за BluRay читачот, PlayStation 3 беше пуштен во продажба дури во март/април 2007, односно речиси 1 ипол година после Xbox 360;
2. Имплементација на нова и скапа технологија
PlayStation 3 е првата конзола за видео игри која доаѓа со BluRay читач, а во 2006 година кога излезе во продажба во Јапонија и во Северна Америка, како и во 2007 година кога излезе во продажба во Европа, BluRay уредите беа луксуз, исто како и BluRay дисковите, што само придонесе за зголемената цена на конзолата, дури минатата 2012 година конечно дочекавме BluRay читачи и BluRay режачи за компјутер кои се продаваат и на македонскиот пазар, а цените да им се под 100 евра, а на крајот од 2013 година и на почетокот на 2014 година, со пуштањето на PlayStation 4 и на Xbox One во продажба, допрва ќе започне ерата на BluRay дисковите;
3. Скап (подоцна поевтин) микропроцесор и сложена, односно отежната технологија за програмирање
PlayStation 3 користи Cell микропроцесор, развиен во соработка помеѓу Сони, Тошиба и ИБМ, прво користеше 65 нанометарски, што само придонесе за уште повисока цена на конзолата, а потоа 45 нанометарски што придонесе за намалување на цената, но сепак на програмерите им е тешко да работат со таа технологија, во повеќе наврати му се пожалија на Сони дека технологијата е сложена поради што процесот на развивање на видео игри за PlayStation 3 е долг и сложен, а Сони ги послуша, поради што идниот PlayStation 4 наместо со Cell микропроцесор, ќе доаѓа со процесор од AMD, што оправдливо придонесува за пониската цена на конзолата, а се очекува и да им ја олесни работата на програмерите на видео игрите, но исто така се очекува да им ја олесни работата и на хакерите.
И самиот велиш дека си сведок на историјата во која инфериорниот доминира врз супериорниот. PlayStation 3 конечно дури сега во 2013 година го надмина Xbox 360 во продажба на конзоли, но беа потребни цели 7 години за тоа, а во меѓувреме Сони оствари загуби поради слабата побарувачка за PlayStation 3.
Дали Мајкрософт му вршат самоубиство на Xbox One или ги менуваат правилата на игра, допрва ќе дознаеме, но едно е сигурно, овој пат никој нема да ужива предност поради конфигурацијата на конзолата или поради датумот кога истата ќе биде пуштена во продажба. Сигурно Xbox One ќе биде пуштен во продажба пред PlayStation 4, но ќе ужива предност од максимум 2 месеца, бидејќи Xbox One е најавен за пуштање во продажба во ноември 2013, а Амазон, кој веќе е преплавен со однапред направени нарачки за PlayStation 4, гарантира дека однапред нарачаните PlayStation 4 конзоли ќе бидат пуштени во продажба најдоцна до 31 декември 2013, а сигурно PlayStation 4 ќе биде пуштен во продажба пред 31 декември 2013, што му дава предност на Xbox One помала од 2 месеца.