Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Точно така... има e-books и во други земји во Светот, но во тие земји преводите не се од фанови, туку тоа се официјалните преводи кои некој ги скенирал и ги објавил на нет. А кај нас како прво ги нема претходните делови никој скенирани, не може тоа така директно на седмата книга :)

уууууууу likey.. Да резимираме, тоа се преводи официјални, лекторирани, без грешки и аматерски лапсузи И ТОГАШ се скенирани и пуштени во пиратерија. А не лајски преводи што некој си ги адаптира по свои потреби, ако се такви тогаш чувај си ги во Мy Documents.

Abre luge, ima e-books vo site zemji vo svetot (pa vo povećeto), pa zošto da nema i vo makedonija? zarem makedoncite se najmrzliv narod na balkanot? pozdravi :)

А ти Тимијан, толку си писмен својата матична земја да ја напишеш со голема буква (*Македонија) па се кажуваш како уредник на книга што се преведува од 3 јазици? За некој да ги крши правилата треба прво да ги научи. А ти изгледа уште македонскиот јазик и правопис не го знаеш во целост камоли па да се обидеш да бидеш *манга* преведувајќи од 3 јазици.
:baeh:
 
Шо има врска дека е над 18 и дека ги сака Хари Потер?
Демек под дефолт Хари Потер треба да го сакаат мали, најмногу до 12 години, основци кои немаат појма од животот?
Ај не гледај порничи оти немаш 18. :tapp:

Дете што сака да прави работи за возрасни (не мора да е порно) e нормално.

Возрасен човек кој сака да прави работи како дете особено да биде фан на детски книги и не баш толку нормално.

Па имам ги читано до 5ти дел на англиски...

Да се ги гледал филмовите ќе си заштедел време.
 
Дете што сака да прави работи за возрасни (не мора да е порно) e нормално.

Возрасен човек кој сака да прави работи како дете особено да биде фан на детски книги и не баш толку нормално.

Да се ги гледал филмовите ќе си заштедел време.

Нема врска. Јас имам 20 години и уште од 12 ги читам Хари Потер и со нетрпение чекав да излезе секоја наредна книга. Уште ги обожавам.
Хари Потер нема само работи за деца. Милион пати сум рекла. Можеби маѓии збучат детски, но книгите се подлабоки.
 
Е па сега дали се детски или не, птвиот вториот и третиот може да се каже дека се подетски од останатите, прочитај ги 6тиот и 7миот ќе видиш дека дете од 11 год. нема да ги разбере така лесно, всушност книгите растат заедно со ликот (Хари), секоја наредна книга е се потешка и подлабока, има огромна разлика начинот на пишување меѓу првиот и последниот дел на пример.
 
Аха, а кои се тие работи и елементи кои ги има во овие две книги кои дете од 11 години не може да ги разбере?
 
Аха, а кои се тие работи и елементи кои ги има во овие две книги кои дете од 11 години не може да ги разбере?

Е сега не можам јас тебе да ти објаснувам треба да ја прочиташ книгата. На пр. заплетот т.е. развојот на случките е мн. посложен.
Плус книгата не е само за магии и такви глупости, се тоа има друго значење, т.е. преку тој измислен свет е прикажана слика на вистинскиот свет

Ги имаш прочитано книгите?
 
Да. И затоа не мие јасно што е тоа што дете од 11 години не може да го разбере. Заплетот е ист како во претходните книги не би рекол дека станал нешто покомплициран, напротив во последната книга баш беше обратното стана прост, предвидлив и дури досаден.
 
Добро, за тебе :toe: Инаку на 90 % од луѓето што ги имат прочитано книгите 7миот дел им бил најинтересен.

Ако тврдиш дека сите 7 книги се само за деца, што си ги читал тогаш :toe:
 
Во Harry Potter може да се најде паралела со политиката и случувањата од втората светска војна па до денес. Исто така на некој начин го отсликува и општеството во кое J.K.R живеела. Исто така има и многу, многу sub plots кои се испреплетуваат со главната приказна и во целина навистина е тешко разбирлива за деца. Кога сум бил 14 резлишно сум ја разбирал, сега на 20 различно ја разбирам...
Така да не би рекол дека е само за деца, можеби привлекува таква група на читатели, но книгата е за било која возраст.
 
Добро, за тебе :toe: Инаку на 90 % од луѓето што ги имат прочитано книгите 7миот дел им бил најинтересен.

Ако тврдиш дека сите 7 книги се само за деца, што си ги читал тогаш :toe:

Зошто не би ги читал. Хари Потер е детска книга и тоа е факт. Мене ми беше умерено интересна. Тоа дека 90 од луѓето рекле дека е таа книга најдобра е глупост, земено предвид дека 5-тата е онаа која дои најдобра општа критика.

Само едно е да читаш книга а друго е да бидеш фан на Хари Потер на 20 годишна возраст. Прочитај ги постовите да видиш за што се дискутираше претходно.
 
Да. И затоа не мие јасно што е тоа што дете од 11 години не може да го разбере. Заплетот е ист како во претходните книги не би рекол дека станал нешто покомплициран, напротив во последната книга баш беше обратното стана прост, предвидлив и дури досаден.
Кхм, значи ти не си уживател на книги со психолошка позадина кои што се развиваат на база на карактерот?
 
Кхм, значи ти не си уживател на книги со психолошка позадина кои што се развиваат на база на карактерот?

A ти сериозно сметаш дека во книгите на Хари Потер има квалитетна психолошка анализа и развој ан карактерот.:pos2:

Во период од седум години карактерот на Хари не се промени воопшто што е чудно земено во предвид дека премина од дете во тинејџер, а во таа фаза следат и психолошки промени. Најголема мака во седуме книги му беше кога го фати еднаш депресија леле ја да не сум оружјето на Валдимор.

Инаку да јас уживам во книги со психолошка позадина, затоа и уживав во the memory keepers daughter, gone with the wind, ender's game, the stand, hearts in Atlantis...

Во серијалот Хари Потер немаш психолошка позадина само една Deus Ex машина на настани која е предвидлива и очекувана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom