WWE

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Панк е единствениот кој прави нешто интересно во wwe, сега не знам зошто да гледам...
 
сеа не претерувај и ти....тука се и Шилд, Зиглер конечно доби титула...башка Батиста ќе се врати
АКО се врати.
Али сега со Рајбек/Сена феудот се враќаме на ерата на Хоган и Вориор :D
Нема да има период со многу добри мечеви ама ќе го поминеме и овој период секогаш овој период бил тапа со мечеви отприлика во последниве 2-3 год.
 
Слабо постови во темава
jose_36134a.jpg
 
Тапа ВМ, со ростерот кој располагаа ја направија една од најлошите ВМ од кога следам.
Тејкер :cuc::cuc::cuc:. Како мало дете се радував на неговата победа, знаев дека ќе победи ама пак се радував на крајот како да не сум знаел :). Крис Џерико, пак со човекот си играат мајтап, да загуби од Гејнандо или како и да се вика. Знам дека и Џерико сака да работи со млади ѕвезди и да ги издига ама да загуби од некое руки и тоа на ВМ и тоа во првиот меч на Гејданго е стварно срамота. Секоја чест за Џерико и на 42 години 90% од ростерот може да го стави во малиот џеб.
Леснар - ННН можеше уште малце бруталност да внесат во овој меч, според мене најдобриот меч на турнирот, имаше од се тука, крв, столови, кршење на маси ... по малце ми заличе на меч од attitude ерата. Сега ќе видиме на extreme rules на кој ќе ја дадат победата, се надевам дека ќе биде Леснар бидејќи од кога се врати има само 1 победа и 2 порази. Сина Рок не коментирам, најголемата глупост што можеше да се случи. Шилд исто така ми ја наполнија душата со нивната победа, плус и победата на raw вс Хел но и Тејкер, читав некаде дека до summerslam планираат да ги држат непоразени. Зиглер конечно шампион, се надевам сега дека работите во smackdown ќе се раздвижат малце, и конечно се надевам после extreme rules дека ќе го видам Ортон претендент за титулата. Заминувањето на Панк на некое време може и е најдобро за него, човекот неколку години е во федерацијата без одмор, и во тоа време човкеот секогаш се претставува на највисоко ниво. Сега откако веќе не е шампион и ВМ е завршена реално погледната нема интересен феуд за него. Пауза од 1-2 месеци ќе биде подобро и за него и за фановите. Кога ќе се врати публиката уште повеќе ќе го сака без разлика дали е хил или фејс и се што ќе прави ќе биде интересно, се ќе се врти околу него што е најдобро и за федерацијата и за фановите.
Сина - Рајбек две дрва едно против друго, човек да не знае кој е поголемо дрво во рингот. Лошо во овој нивен феуд е што е за wwe титулата и сигурно ќе биде мејн евент на следното ппв и со тоа ппв-то ќе биде помалце интересно за гледање. Кофи конечно шампион. Се радувам за момчето секогаш е интересен за гледање, малце гимикот му е глупав, но работите што ги прави во рингот се неверојатни. Како што читам и Батиста ќе се враќа, многу глупава идеја е тој да се врати, веќе е во години, а и кога не беше си беше дрво. Сосема непотребно ќе заземе нечие место во мејн евентот на некој помлад и 10 пати подобар од него.
 
значи џабе плачете за сена.... во вве моментално нема човек кој добива поголема реакција од публиката каква што добива сина...Моментално Сина им е најдобар фејс и најдобар Хил во исто време...пошто цело време публиката негодува против него нема потебре да го смемат хил пошто веќе повеќето го исвиркуваат , а за децата и жените си останува фејс...Сина е и ќе остане уште некое време но.1 човек на компанијата...колку и да се жалат сите па ќе продолжат да гледаат програмата на вве а и башка нема никој моментално што може да го смени како најдобар бејбифејс ...дур не се најде некој таков Сина ќе остане таму кај што е и нема ништо да сменат за него....
 
Заради таа рпичина Рајбек ќе си биде најголемо дрво во федерацијата, премногу е опасен за сите околу него, ако се сеќавате го повреди Панк прво, сега Сина, да беше некој друг до сега да беше надвор од федерацијата, не ми е јасно зашто Винс има преголема доверба во него.

Подобра реакција добиваат Тејкер, ННН, Леснар, Рок, Мајклс додека беше активен .... (овие што не се фул тајм), од активните Панк добива подобра реакција, Ортон, Џерико, Брајан, Зиглер ...
 
не реков ја за добра или лоша реакција...зборам за големината на реакцијата и константноста...Сина кога и да искочи добива реакција со еднаков интензитет...без разлика дали го исвиркуваат или добива позитивна он сепак добива ГОЛЕМА реакција...а од овие што ги наброја башка никој не е ни приблишно до сина за продавање на роба...еден период панк го помина во тој аспект ама тоа беше за многу кратка...и одма сина се врати на прво место...
 
е ми е јасно зашто Винс има преголема доверба во него.
Висок набилдан тип= инстант мејн евент

Него ме интересира дали има некој од страна што ја прати темава а не знае за што збориме.Баш ме интересира како ја перцепира темава. Ако има таков нека пише :D
 
не мислат гарант ова се деца од по 11-12 години чим гледаат вакви работи...хаха
 
не мислат гарант ова се деца од по 11-12 години чим гледаат вакви работи...хаха
А бе да али муабетиве што ги правиме сигурно ги бунат :D

хилови,фејсови,трнови,пушови.. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom