Тапа ВМ, со ростерот кој располагаа ја направија една од најлошите ВМ од кога следам.
Тејкер



. Како мало дете се радував на неговата победа, знаев дека ќе победи ама пак се радував на крајот како да не сум знаел

. Крис Џерико, пак со човекот си играат мајтап, да загуби од Гејнандо или како и да се вика. Знам дека и Џерико сака да работи со млади ѕвезди и да ги издига ама да загуби од некое руки и тоа на ВМ и тоа во првиот меч на Гејданго е стварно срамота. Секоја чест за Џерико и на 42 години 90% од ростерот може да го стави во малиот џеб.
Леснар - ННН можеше уште малце бруталност да внесат во овој меч, според мене најдобриот меч на турнирот, имаше од се тука, крв, столови, кршење на маси ... по малце ми заличе на меч од attitude ерата. Сега ќе видиме на extreme rules на кој ќе ја дадат победата, се надевам дека ќе биде Леснар бидејќи од кога се врати има само 1 победа и 2 порази. Сина Рок не коментирам, најголемата глупост што можеше да се случи. Шилд исто така ми ја наполнија душата со нивната победа, плус и победата на raw вс Хел но и Тејкер, читав некаде дека до summerslam планираат да ги држат непоразени. Зиглер конечно шампион, се надевам сега дека работите во smackdown ќе се раздвижат малце, и конечно се надевам после extreme rules дека ќе го видам Ортон претендент за титулата. Заминувањето на Панк на некое време може и е најдобро за него, човекот неколку години е во федерацијата без одмор, и во тоа време човкеот секогаш се претставува на највисоко ниво. Сега откако веќе не е шампион и ВМ е завршена реално погледната нема интересен феуд за него. Пауза од 1-2 месеци ќе биде подобро и за него и за фановите. Кога ќе се врати публиката уште повеќе ќе го сака без разлика дали е хил или фејс и се што ќе прави ќе биде интересно, се ќе се врти околу него што е најдобро и за федерацијата и за фановите.
Сина - Рајбек две дрва едно против друго, човек да не знае кој е поголемо дрво во рингот. Лошо во овој нивен феуд е што е за wwe титулата и сигурно ќе биде мејн евент на следното ппв и со тоа ппв-то ќе биде помалце интересно за гледање. Кофи конечно шампион. Се радувам за момчето секогаш е интересен за гледање, малце гимикот му е глупав, но работите што ги прави во рингот се неверојатни. Како што читам и Батиста ќе се враќа, многу глупава идеја е тој да се врати, веќе е во години, а и кога не беше си беше дрво. Сосема непотребно ќе заземе нечие место во мејн евентот на некој помлад и 10 пати подобар од него.