Микс од двете, ама имаше логика па сакаше да си ја каже приказната за своите проблеми.
Катастрофа, прво кога чув мислев самоубиство е пошто редовно збореше за ментални проблеми и неговата борба со тоа.
Ептен катастрофа
И нема врска ова дека почина, стварно еден од нај captivating перформери у бизнисов, на рака се бројат луѓе што сум чекал да видам што ќе има следно, буквално е редок специмен во спортов, нема ептен луѓе како него што се така посветени и со таков ум.
Навистина изгуби многу светот, а и читам од фанови негови што биле блиски си правеле приватно пораки со фанови што само еднаш годишно дали ќе ги види било секгоаш тука за нив ако имале проблеми или шо знам
Многу тажно
Од ова што читав лани-преклани и Кит Ли слични проблеми имал со здравјето ради Ковид и не било сигурно дали ќе може да преживее а камо ли да се бори..
Ете 2/4 од Вајат фамилијата починаа прерано.
Многу, многу лошо.
Во ретроспектива има и логика што не се појавуваше ептен на ТВ последниве месеци, за живот се борел уствари
Катастрофа.
Па и татко му е уште жив, а кој родител заслужува да си го погреба детето?
Жена и деца остава....
Надвор од професионален аспект за најблиските ова е катастрофа.
Да не зборам за Строман и Роуан што изгубија двајца ептен блиски пријатели во пар години..
Многу, многу лошо, се надевам дека ќе добие квалитетен трибјут вечер.
Како што изгледа, Вајат е прв после Беноа и Гереро да почине додека е активен член на WWE....