Ајј шо ве глеам сите со истото оправдување.
Не е муабетот дека пошо е Серена треба да и биде дозволено да го прави, но гледајќи дека никој не е суспендиран за истите работи, си зема и она право да го прави.
Како може Ѓоковиќ да се испцува на српски, од мајки до шајки, овој Кирјос ко дете се понаша на секој меч па сите поминале полесно од ова. Ако нишо друго, им дале прво вербална опомена пред да досудат code violation. Има видео кај шо Надал исто се понаша со истиот судија, исто му се заканува дека нема да суди повеќе на негов меч, и никому ништо.
Не ја оправдувам што го нарече крадец, ниту што го трескаше рекетот. Ама се беше поттикнато и последица на првиот code violation. Според мене не требаше да и се досуди одма coaching. Типката го освои AO додека беше трудна, thumbs up-от сигурно нема да и значи многу. И да, кој спомна погоре, никогаш не ги користи советувањата на другите турнири. Ја сакале или не, типката доминира последниве години во женскиот тенис, ќе остави белег во женскиот тенис со години. Ретко стабилен играч ( за женскиот тенис зборувам, со исклучок на повредите што ги имаше кога и имаше пад на формата ).
Баш јас се сеќавам кога Ноле доби иста ваква опомена, како и серија други тенисери. И беше опоменета, а не суспендирана. Го скрши рекетот, втората опомена. Третата и беше по серија навреди кон судијата, колку требаше тој да ја трпи? Ништо не рече кога му се закани дека веќе никогаш нема да суди, гем казната ја доби откако го нарече крадец.
Потоа не е точно дека не го виде тренерот. Тој призна, а на видеото гледаме и како и клима. Па потоа она одма отиде кај судијата и му кажа (призна) дека и дигнал палци! Ова е крајно патетично од нејзина страна. Осака одигра фантастичен натпревар и пред неа има светла иднина, крајно мизерно е првиот нејзин голем успех да биде запаметен вака. Тука нема правдање, секое прекршување на правилникот е прекршок, санкцијата е јасна, а тоа што таа продолжи да се расправа вината е само нејзина.
Нејзините успеси не се алиби, “пеналот“ сама го направи и сама мора да ги сноси последиците. И одма се вади дека е жена, мајка, црна....тоа е апсолутно мизерно. Мора да научи да се контролира, а не после секоја расправа да плаче и да се жали за неправдата. Дали тоа значи дека некој анонимус не треба да се третира ,за иста грешка, исто како и оној кој освоил се’ во животот!? Не ти ја следам логиката....Се сеќаваш на 1/4 помеѓу Реал и Јуве. Имаше пенал во 95 мин. која му обезбеди на Реал полуфинале. Ако тоа е прекршок, не значи дека нема да се суди па макар е и (во) последен/а поен/минута. Суштината е да увидиме дали тие 3 опомени навистина беа за санкционирање? Секоја поединечно. Јас мислам Да.
Колку требаше да ја трпи судијата по 2та опоена? 10 мин.? 15 мин.? Јасно е дека има пропусти, но глупаво е да се мисли дека тенисерките се третирани поинаку од судиите. Правилата се јасни и она ги прекрши 3 пати, а редоследот на санкциите е јасен- опомена, поен, па гем.
Секоја чест за Осака, со мало задоцнување. Се надевам дека ќе има одлична кариера, ќе биде вистински спортист и ќе има големо срце. Ова е првиот голем чекор во нејзината кариера, ако продолжи со вакво темпо неспорно е дека ќе има уште многу вакви моменти во нејзината кариера. Секоја чест.