Од дистанца од 10 години, мислам дека одењето во Америка е одлична работа - посебно ако сте последна година на студии.
Од многу работи зависи- прво на какво место ќе се најдеш , во кој дел од Америка, и што ќе работиш.
Има типс ако си во директен контакт со пари- значи конобар, работа на cash register , итд - некаде ако се погоди имате и храна во рестораните колку сакате.
Првата работа која ја имав не ме бендиса пошто само плескавици пржевме- ама после две недели аплициравме на 100 места и најдовме во Starbucks . Македонска работа, поткраднуваме од парите лево десно- пошто со кафе се работи можеш да дрпнеш.
Во тоа време општо на источна обала беше многу добро , иако многу зависи во кое место си. NYC e ужасно скапо, а у селендрите Up state NY не е препорачливо пошто слабо кеш има.
NJ, Massachusets се места кои луѓево добро заработија.
Мислам дека ( тогаш пред 10 години) одлично поминаа луѓето што беа на Големите Езера ( Illinois,Michigan, Ohio). Не е добро да се иде на Флорида , Калифорнија или Тексас- многу Хиспаноси има и ја симнуваат цената , иако работа не недостасува.
Се на се, треба да се види и прошета.
За кеш се заработува доста ама и се троши .Сега кој за што е заминат-јас доста и потрошив ,пошто рентавме кола и бевме до Чикаго -шетавме доста.
Денес не знам како е гледам дека не е многу сменето.
Најдобро е уште еднаш да имам 25 и да ја направам таа тура- ама тоа нема

Затоа друштво шибајте уживајте , работете .
Има некои кои останаа таму до ден денес, не би препорачал пошто ретко кој останува да работи на струката - дипломата која ја добил од тука.
Еден мој добар пријател од факс остана таму - сега е менаџер на ресторан некаде во Бостон.
Да не заборавам, одевме преку Славица од Наром - она ја почна мислам прва оваа работа. Не би требало да има проблеми со неа.