Не знам што зборуваш срцка, главната причина за моето заминување во САД е да се плеснам со црнец.Пази на СИДА и ЦРНЦИ!
Целосно се согласувам со ова. Половина од луѓето кои беа со мене на интервју во амбасада не знаеа што се случува, или подобро кажано не беа воопшто информирани; мислеа дека кога ги викаат на шалтерот 3 за отпечатоци им почнува интервјуто, па го креваа телефонот, отпоздравуваа со hey и hi, потврдуваа со yeah, зборуваа тивко, не воспоставуваа контакт со очи. Ова се основни правила на формална комуникација секаде, и не знам зошто не ги знаеа, или зошто не ги научиле кога знаат дека ќе имаат интервју со конзул.
Следниот проблем е недоволна информираност околу програмата. Совршениот W&T кандидат работи неколку месеци во САД, заработува, ги троши парите таму, и кога се враќа е на 0. Заработување пари, макар било и за најблагодарни цели како запишување мастерс, вложување во својата иднина или помагање на сиромашните не е предвидено со оваа програма. Тоа што студентите заработуваат е јавна тајна, но ако те прашаат зошто ќе одиш има милион подобри одговори од овој.
Единствено што не се согласувам е последниот дел, затоа што конзулот може да се јави на факултетот и да провери дали навистина си ги полагал тие предмети. Тоа се случи со еден кандидат кој седеше до мене и кој беше интервјуиран од главниот конзул, го повика на интервју, потоа му рече да седне затоа што требало да се јави и да провери нешто околу него, а на крај не знам како сето тоа заврши затоа што во меѓувреме бев повикана на интервју и потоа си заминав. Можеби ова се случува ретко и е најлошото сценарио, но според мене не е добра идеја да лажеш конзул.
За крај, јас не мислам дека критериумите се нешто зголемени, лани све живо отиде во Америка, отиде другар што имаше 2ка по англиски на матура, отиде другарка со година на квадрат. Годинава во мојата група (за Сан Франциско) 14/15 луѓе земаа виза. Не знам дали зависи од агенцијата, ама ние бевме информирани до најмал детаљ за сешто, па ако не ве информираат, прашувајте.