Нема никаква процедура , едноставно си остануваш на црно а бројчето social security си го користиш без проблем. Дури можеш и за возачка да полагаш , сите административни активности можеш да ги вршиш , можеш да имаш сметка во банка , буквално нормално си живееш. Најбитно е да не правиш проблеми , криминал вакви работи , и да не живееш на грбот на државата. Америка моментално е најлиберална кога станува збор за човек без документи , моментално имаат над 15 милиони луѓе кои се на црно и сакаат да го зголемат тој број поради прилив на парите од даноци , државата е буквално зависна од парите на луѓето , нема ништо државно се е приватно и болници и пожарни служби буквално се , освен војската која е државна. Единствено нешто што може да ти прави проблеми е здравственото осигурување. За тоа треба да ти објасни некој адвокат подобро како можеш да се покриеш на тоа поле , зошто ако се разболиш или недајбоже да ти се деси нешто посериозно , автоматски си наебал ќе те исцедат до последниот долар а прашање е и дали ќе имаш за да се лекуваш , една ебена пломба за заб е од 400 долари нагоре.
Заборавив да ти кажам , од агенциите и од спонзорот ќе те бомбардираат со маилови и ќе те заплашуват за само да се вратиш , едноставно ги игнорираш и ништо не ти можат , не им се плаши платени се за да те заплашат за да се вратиш , али освен меиловите ништо друго не ти можат.