Веќе
постои туторијал за инсталирање на WordPress, но се работи за постарата верзија, иако нема некоја голема разлика при инсталирањето освен во графичкиот интерфејс и можноста во новата верзија самите да си го изирате пасвордот.
Инсталирањето на WordPress не е некоја философија, но сепак се потребни некои технички познавања. Потребно е а знаете како работи, cPanel-от, MySQL базите на податоци и термини. Исто така е потребно да знаете како да ги префрлите потребните датотеки од компјутерот на серверот преку FTP клиент и сл. Доколку не сте запознаени со наведените работи, овој напис ќе ви биде од голема корист.
Чекор 1) Преземање и прикачување на WordPress
Можете да го преземете од
овде или одете на WordPress.org и преземете ја последната верзија на WordPress. Моменталната верзија е 3.0.4, а за да ја преземете кликнете на копчето „Download WordPress 3.0.4.“.
Ќе ја преземете .zip датотеката и ќе ја распакувате на вашиот десктоп (
или на друга локација по ваш избор). Архивата содржи датотека именувана „wordpress“ и содржи еден куп други датотеки.
Чекор 2) Создавање база на податоци и корисник
Како корисник на
UHost.mk користам cPanel. Вие најавете се во вашиот панел и влезете во „MySQL Databases“.
Создадете корисник.
Изберете корисничко име и лозинка (
препорачливо да имате комбинација од големи и мали букви, и специјални знаци).
Создадете база на податоци
Внесете име на базата и кликнете „Create Database“. Откако ќе го сторите тоа на истата страница ќе најдете „
Add User to Database“, ќе ги изберете ново создадената база и корисник, кликнете на Add и доделете ги сите привилегии.
Чекор 3) Подесување на wp-config.php
Сега вратете се во датотеката што ја симнавте, односно „wordpress“ датотеката. Фајлот
wp-config-simple.php преименувајте го во
wp-config.php и отворете го со NotePad или некој друг текстуален уредувач. Напишете ги потребните информации (види слика).
Чекор 4) Прикачување
Ова е процесот во кој ќе го прикачете WordPress на вашиот сервер. За да го избегнете прикачувањето на еден по еден фајл, се користи FTP клиент. Моја препорака е
FileZilla, кој и самиот го користам.
Внесете ги потребните информации за конектирање на серверот. Најчесто хост е ftp.vasiotsajt.com, и корисничкото име и лозинка кои ги користите за најавување во cPanel-от. Ќе забележите датотека public_html, двоен клик на неа и со влечење префрлете ги сите датотеки од wordpress папката. Почекајте да се прикачат.
Чекор 5) Инсталација
Стартувајте го вашиот прелистувач и одете на
http://vasiotsajt.com/wp-admin/install.php или во зависност од тоа каде ви е прикачен WordPress. Ќе ви се отвори страницата за инсталација и кликнете на „
Run the install“.
Внесете го името на сајтот, администраторското корисничко име и лозинка, вашата е-пошта и изберете дали сакате вашиот сајт да излегува во резултатите на Google и другите сајтови за пребарување и кликнете на
Install WordPress.
Со тоа ја завршивте инсталацијата и можете да се најавите во администрациониот панел преку
http://vasiotsajt.com/wp-admin.