Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
Проблемот е шо во тој случај и за нас последиците ќе се многу лоши.Замисли ја цела западна Европа исламска.Дури тогаш оркиве кај нас ќе не збришат.И мене Европската ароганција и надменост ме нервира.Ама другава опција е далеку е поопасна за нас.Овие пак нео-либераливе се толку глупи и со испрани мозоци просто да не ти се верува.
Албанците и до сега ја имаа подршката од Западот, кој им дзволи кршење на неколку меѓународни правила, пишани и непишани.
Западот им направи три-четири држави на сметка на православните и бесрамно мижеше цело време пред кршењето на основните човекови права на православните во тие простори. Тоа у најмала рака.

Абхазија, Осетија, Доњецк, Луганск... се само некои од последиците на косовскиот преседан. А ќе има уште.


Она што денес се случува на Западот со Христијанството и Исламот е пример за антихристијанската ориентација на нивната усрана идеологија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.558
Поени од реакции
35.346



Денес сме сведоци на уште еден обид под превезот на „родова еднаквост и социјална инклузија“ да се промени нашето општество во корен, без прашање, без јавна дебата, без дозвола од народот. Работилницата организирана од ХЕРА, во соработка со државни институции и со поддршка од странска амбасада, претставува директен атак врз нашите традиции, врз нашето образование, врз нашите семејства!

Оваа работилница не е наивен академски собир – таа има конкретна цел: преку манипулација и бирократски процеси да се наметнат нови, радикални политики, без одобрение од граѓаните! Со воведување на т.н. РЕСИ алатки во проценката на влијанието на регулативата (ПВР), тие се обидуваат да ги вградат своите идеолошки критериуми во секој нов закон! Ова значи дека секој закон што ќе се донесе – било да е во образованието, здравството или социјалната политика – ќе мора да помине „родова проверка“, која ќе се користи како алатка за наметнување на овие политики!

Дали ние, како граѓани, го побаравме ова? Дали некогаш гласавме за вакви промени? Не! Баш напротив довербата на изборите беше дадена со цел да се казни политиката на Мила Царовска и влијанието на странските милиони во домашната регулатива.

Тогаш, зошто Владата дозволува британската амбасада да финансира проекти што имаат директно влијание врз законите и институциите на нашата држава што се покажале штетни? Па во Британија излезе извештајот Cass Report по кој се забранија сите медицински интервенции за менување на пол на деца со цел поддршка на родов идентитет. Зошто тогаш дозволуваме странски фактори да ни диктираат како ќе ги воспитуваме нашите деца? Ова е модерна форма на политичка окупација, каде под маската на „европски вредности“ ни се наметнуваат туѓи идеологии што го разоруваат нашето општество!

Еден од клучните сектори што оваа работилница го таргетира е образованието. Да бидеме искрени – кога тие зборуваат за „родова еднаквост“, тие мислат на радикална промена на наставните програми. Ова значи дека во учебниците ќе влезат содржини што ја бришат биолошката реалност, ги поткопуваат традиционалните семејни вредности и ги учат децата на родови теории што не се научно докажани!
Денес зборуваат за „родова еднаквост“, а утре ќе ги принудат децата во училиштата да учат за радикални идеологии кои ја поткопуваат традиционалната семејна структура. Зарем сме подготвени да го дозволиме тоа?

Под изговорот „социјална инклузија“, оваа работилница не работи за доброто на сите граѓани – туку за наметнување политики што ги фаворизираат одредени групи кои постојано растат како што растат родовите идентитети, додека го маргинализираат мнозинството. Дали жените, мажите, семејствата што ги почитуваат традиционалните вредности се помалку важни? Дали нивните права немаат значење? Зарем не гледаме дека ова создава нова форма на дискриминација, каде под изговор на еднаквост, се воведуваат нови поделби?

И тоа во услови кога радикално се менуваат светските трендови во Америка и Европа со враќање назад од лудилото на родовата идеологија што кулминираше последните 15 години. Новата администрација на Трамп фронтално ги нападна и ги избрка сите такви екстремно левичарски елементи што со години цицаа од американскиот буџет и потоа креираа масовни мрежи на медиуми и невладини организации во цел свет, па и во Македонија.
Кои се допирните точки што оваа Влада може да ги најде со Мила Царовска и нејзината Хера и целата болумента од невладини организации милионери што никогаш па ни во сон не би ги гласале и нема да ги гласаат?!!
Знаете ли каде терате вака???

Затоа нашиот одговор на сите такви хаотични и краткогледи политики е содржан во кратка реченица:
ОДБРАНА НА ВРЕДНОСТИТЕ ШТО ВЕТИВТЕ ДЕКА ЌЕ ГИ БРАНИТЕ ИЛИ ОДЕТЕ СИ!

Доста е! Не смееме да молчиме додека ни ја менуваат земјата зад нашите грбови! Бараме:
1. Влада и институции кои нема да работат по странски директиви!
2. Прекин на секој обид за наметнување родови и идеолошки агенди во законодавството!
3. Измена на целото законодавство каде досега Мила Царовска и родовите организации наметнаа таква идеологија а особено во образованието и социјалните политики!
Ова не е борба само за денес – ова е борба за иднината на нашите деца, за нашето семејство, за нашата држава! Ако сега молчиме, утре ќе се разбудиме во општество што нема да го препознаеме! Затоа – НЕ на наметнатите политики, НЕ на странското мешање, и ДА за одбрана на традиционалните вредности!
Македонија не смее да падне под притисок! Во оваа светска културна војна Македонија има сојузници во највисоките раководства на САД и Европа.

Владата не може повеќе да седи на два стола!
Време е за одлука и акција!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.558
Поени од реакции
35.346
Не знаев кај да ја ставам сликава, а морав да ја споделам.
Во „Соживот“ темата си требал... Или во мулти култи темата. :unsure:


Си можел на овој пост да реплицираш, на пример:


This one is a little wore out…. Sphincter muscles broke.
https://x.com/NativeNoticer/status/1879028461836353623/photo/1

 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.854
Поени од реакции
12.129
Авионот вчера што се сруши во Торонто бил на компанија која била опседната со тоа целосно да нема мажи во екипажот, немало потреба од токсична машкост. :icon_lol:

 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.815
Поени од реакции
12.212
Авионот вчера што се сруши во Торонто бил на компанија која била опседната со тоа целосно да нема мажи во екипажот, немало потреба од токсична машкост. :icon_lol:

Јас сум за тоа да одат чекор понапред и следниот пат авионот да биде целосно произведен од жени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom