@Dexter26 јас презентирав мое мислење, основано на повеќегодишно патување од двата аеродроми, и аеродромот во Скопје и тој во Тирана. За исто време кога во Тирана забрзано се градеше инфраструктура, се воведуваа нови линии, на скопскиот се тапшаа по рамо со субвенциите. Секое летање од Тирана се гледаше позитивна разлика, ако ми побараш мислења низ темава сум пишала и прв пат кога летав од таму, колку ми беше негативно искуството и пишав дека никогаш веќе не би летала од таму. Ама никогаш не вели никогаш.
На скопскиот се водеше политика како во државна администрација, еден куп вработени а никој не работи. Се вработи кој стигна, едно време имаа вработени кои се шуткаа само низ аеродромот, а немаше персонал за чистење ( тоалетите беа катастрофа, никогаш не начекав тоалетна хартија ниту па сапун ), чек ин десковите се отвараа на час и половина пред летот, на обезбедување ем некултурни ем неефикасни, на изгубен багаж само еден вработен и со среќа доколку треба да добиеш некој по телефон. Нема превоз до аеродромот ( има, ама којзнае кога трга и кога стига и кај застанува, срамота е во 2025 да нема возен ред или интерактивна мапа со real time data ). Паркингот е прескап доколку сакаш да оставиш кола недела дена.
Нема опции и никој не се труди, ниту па се трудел се ова да го подобри
Летоска слетав таму, слетав со Air Serbia со летот од Белград, значи со мало авионче со пропелери. На писта се наредија сите вработени на дочек, имаше повеќе вработени отколку патници. Багаж чекавме околу 40 мин. Немаше ниеден друг лет ни за полетување ни за слетување +- час/два.
И нешто што приметив последниве две години, при случаи на магла во Скопје, веќе не се пренасочуваат летови до Охридскиот аеродром, скоро се оди на Приштина или Софија, што не беше случај порано. Дали причина е инфраструктурата и лошата поврзаност на Скопје-Охрид или некој си турка други политики.
И нема лутиш за се ова што набројав, таа е реалноста и доколку на некој не му се свиѓа, tough luck. Самите си придонесовме за оваа ситуација, никој не е крив. Еве и Приштина не прешиша, и Узбекистан. На нас останува изгледа само да се тапшаме по рамо, во друго поле и не се покажавме баш нај нај.
Дали охридскиот аеродром има можност за раст и напредок?
tvm.mk