Пријателе гледам дека си филозофски настроен да елаборираш на долго без да кажеш многу така да ќе бидам краток. Емка не кажа ништо лошо ниту навреди некој туку си кажа свое мислење за кое беше нападната, никого не навреди тоа што вие одредени членови на форумов тука си зимате за право да глумите морална величина е друга тема на муабет. Иначе доаѓаме, јас бев и гласав за ВМРО откако Кано ме убеди дека гласот мој за Левица ќе бил за џабе, на форумов имавме дискусија. Подобро ви е сега? Се смени нешто што гласавме за ВМРО? Не. Проблемот барајте си го во системот во кој сте ухлебани еден куп партиски паразити што глумите морална величина овде, не во дијаспора, на никој не му е мило да си иде од родна земја.
Јас не нападнав никого, туку само потенцирав дека критиките кон општеството на никаков начин нема да придонесат кон било какви општествени промени.
Кој(а) и како те врбувал(а) тебе за да гласаш е едно, завршниот избор е твој и твоја одговорност, а не на тој/таа кој(а) те врбувал(а).
Што се однесува до дијаспората, секој припадник на дијаспората е приказна за самиот себеси, лично познавам луѓе кои поради економски маки си заминале, други бидејќи се занимаваат со професии за кои нема ниту најосновни работни услови во Македонија - на пример за генетички истражувања постои само едно место во Македонија каде што ја имаат најсовремената лабораторија со најсовремена опрема, тоа место е МАНУ, а верувај ми не сакаш да почнам со елаборирања и филозофирања за работните услови во тоа место, ќе те доведе до дереџе да се запрашаш дали некогаш воопшто постоела македонска држава на овие простори или се е само илузија. И секако дека познавам и трети кои се неписмени мрзливци од раѓање, а кои си заминале бидејќи не им се работи и бркаат што полесна работа во странство. Нема да навлегувам во детали бидејќи и за ова имам богат материјал за елаборирање.
Крајниот заклучок е: Дали ќе си играме расипан телефон со критикување на општеството тука дома или од странство, со муабетење ништо нема да се смени.
Жалосно е за емигрантите бидејќи си заминале, но истовремено добро е тоа што успеале тие од нив кои навистина сакаат да работат и да заработуваат на пристоен и достоинствен начин кој ќе им овозможи да напредуваат, а не да врзуваат крај со крај од први до први - за тие кои успеале, се разбира.
Но бидејќи веќе успеале нека си продолжат по успешниот пат и нека си тераат таму во странство каде што пуштиле корени, тука и без нивната сол отворените рани доволно гнијат.