Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.021
Поени од реакции
9.721
Има некој искуство со екстра голем багаж?

Патуваме со две мали деца и досега одевме само со рачен багаж, евентуално една платнена чекирана торба од 20кг (не тврд куфер).
Планирам патување каде што би изнајмил кола на 2-3 недели, а дополнителната цена за детски седишта излегува поскапа дури и од тоа да купам нови седишта таму.
Ми треба едно големо седиште и едно мало (бустер).

Според информациите од сајтот на WizzAir, освен тежината, максимално дозволените димензии се огромни:
149 x 119 x 171cm (ова е 3000 литри :LOL: )

Па се мислев да земам чекиран багаж од 32кг (~30€ по правец) и да си ги земам моите седишта, плус нешто дополнително багаж.
Бустерот не е голем, но детското седиште е 48x66x42cm (133L)
Е сега немам толку голем куфер, па најверојатно би било картонска кутија или нешто слично, и се мислам како би било најдобро да се спакува.
Обично не гледам по други луѓе и нивниот багаж на аеродром, и немам забележано некој со поголем куфер или кутија.

P.S.
Пред една година @Staufer праша за патување со детско седиште, и му одговорив, но тоа беше само за детското седиште, без пакување во куфер.
Има цела секција за патување со новороденче/дете. Има некои бенефиции и поволности, дополнителен багаж и слично. Види информирај се што точно ти треба.

Член од
3 јуни 2009
Мислења
382
Поени од реакции
407
Има цела секција за патување со новороденче/дете. Има некои бенефиции и поволности, дополнителен багаж и слично. Види информирај се што точно ти треба.

Знам како е за летање со бебиња и деца.
Досега имаме летано од 10тина различни аеродроми со децата, но секогаш со рачен багаж или обична чекирана торба.

Прашањето моментално ми е за искуство со голем багаж (поголем од стандарден куфер) и пакување.
 
Член од
7 мај 2014
Мислења
307
Поени од реакции
399
Предлог за најефтино такси од Центар на СК до аеродром?

Бидејќи никогаш не направија пруга до аер како што доликува на главен град, а автобусот не го покрива пола град. (Т.е скроз ги исклучува пола Центар, сите Карпоши и нагоре)
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
379
Поени од реакции
645

Nie ,,zarobenicite,, vo glavniot grad na Republika Makedonija, Skopje //NE Skopie!//, ne sme kako Sofija ,,razviena metropola,,. ,,Ne sme nasledile vekje iskopani,, Metro tuneli izgradeni od SSSR, pa otposle reonovirani dogradeni t.e. da ,,imame pruga,,. Naviknati sme da patuvame do aerodrom so avtobus i solidno funkcionira linijata, so isklucok dokolku zivees nadvor od urbana sredina //do avtobuskata postojka mozes i so taxi da stignes, //dokolku ne si tolku ,,svilen/a //.
https://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/to-from-the-airport-mk/page/bus-mk
Taxi? Nemam pretstava za cenata, jas od centar do aerodrom patuvam so avtobus za 200 denari.
Timetable na avtobus
https://www.wtransporter.com/#timetable
Sekoe dobro
 
Последно уредено:

За твое инфо метро тунелите Софија ги ископа во најлошото транзиционо време - во ера на приватизација (што значи деведесеттите), и сеуште активно гради метро тунели. Ниеден тунел не е наследство од времето на СССР!
Скопје на пример е неспособно обичен мост да пушти во употреба.

Второ пругата која ја спомнав не значи метро. Туку значи надземна конекција од Железничката станица до аеродромот. Која во најголем дел постои во Скопје, и фалат некои 4-5 км надземна пруга од Катланово до аеродромот. Истото беше предизборно ветување на СДСМ незнам колку пати.

Трето половина Центар, Карпош 1,2,3,4 кои не се покриени со автобуска линија зар не се урбана средина за тебе?

За крај, мизерен и некорисен е твојот одговор на мојот пост.
 
Shto sakam da vi ja vidam drazavata kako vo ,,vasite stari dobri vreminja,, pred nekoi 20-30 godini. So prazni raftovi vo samoposlugite, na utrinska ,,kolonka,, po leb i mleko, mracni ulici nokje isplolneti so ,,krateri,, i trabanti itd. Chavdar busot vi bese fantasticen, se greevme kaj soferot napred na kjumbeto hahahahha. 100 marki nemav kade i na shto da gi potrosam. Da ne bide ,,offtopic,, ima prekrasna tema za vas
Zemi si taxi //korektna kompanija Global kako primer// i odi kade sakas. Izbor po zelba na relacija, dali do avtobuska postojka ili ,,charter,, do aerodrom.
Tunelot na prvata linija garantirano vi od SSSR, toa vasi kolegi na kongresi mi go kazale, ne sum go izmislil. Ljuti se na ,,vasiot narod,, megju koi seuste ima po nekoj iskren. I shto barate na Makedonski forumi nikako da svatam.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
Предлог за најефтино такси од Центар на СК до аеродром?

Бидејќи никогаш не направија пруга до аер како што доликува на главен град, а автобусот не го покрива пола град. (Т.е скроз ги исклучува пола Центар, сите Карпоши и нагоре)
Таксито ти е фиксно 1000 денари до аеродром, од било која локација од Скопје.

Инаку @Stern, на страна бугарско-македонската политика, стварно имаме крш превоз до и од аеродром. Еден од ретки европски аеродроми да не нуди асални опции за трансфер.
 
E

enzo8

Гостин
Смее да се носи телефон во ранец во кутија(нов)?
Сакам да земам еден за мајка ми ама не знам дали смее да се носи. Гуглав ама немаше конкретен одговор. Има некој носено?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.364
Смее да се носи телефон во ранец во кутија(нов)?
Сакам да земам еден за мајка ми ама не знам дали смее да се носи. Гуглав ама немаше конкретен одговор. Има некој носено?
Батали кутијата и стави си го во џеб. Да не те проверат нашиве па да те терат да го цариниш.
 
E

enzo8

Гостин
Батали кутијата и стави си го во џеб. Да не те проверат нашиве па да те терат да го цариниш.
Кај нас мислам дека до 300 еур е без царина ама не сум сигурен.
Али во право си, така и мислев да направам.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.885
Поени од реакции
2.108
Кај нас мислам дека до 300 еур е без царина ама не сум сигурен.
Али во право си, така и мислев да направам.
До 2 можиш да носиш, не повеќе и не во кутија во никој случај.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Нели виз имаше некој минимален број на летови кои треба да ги одржува од двата аеродроми за да ги задржи субвенциите? Од Охридскиот аеродром гледам се останати само две дестинации, се останато е укинато. Не е само привремено паузирање поради зимски распоред, изгледа како воопшто дека нема да лета. Дали некој знае што се случува?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.458
Поени од реакции
58.857
Нели виз имаше некој минимален број на летови кои треба да ги одржува од двата аеродроми за да ги задржи субвенциите? Од Охридскиот аеродром гледам се останати само две дестинации, се останато е укинато. Не е само привремено паузирање поради зимски распоред, изгледа како воопшто дека нема да лета. Дали некој знае што се случува?
Некој технички проблем со моторот, па као ради претпазливост редуцирале летови во регионот. Имаше пред некој ден по порталиве

Член од
24 март 2024
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дечки молам за инфо по кој распоред вози дотичниот автобус до скопскиот аеродром?

Денес недела пијам кафе пред Капитол и гледам дека распоредот не е точен. Наместо WTransporter (кој воопшто не помина во период од 3-4 часа), помина необележано бусче на ТАВ во 16.50ч наместо во 17.30ч за кон аеродромот (како што е во распоредот за кон аеродромот). Знали цели 40 мин порано!

Карши па автобусот што трга во 16.20ч од аеродромот во следниот саат ипол воопшто не помина пред Капитол. Значи неточен распоред во двата правци.

Има ли некаде вистински распоред бидејќи ова е невидена калакурница?

Линк до неточниот демек точен распоред што сите го споделуваат: https://www.wtransporter.com/#timetable
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.350
Необележаното бусче на ТАВ е за вработени на аеродромот.

А и WTransporter не е нешто обележан, плус се задржува помалце од минутка, а и ако нема патници не застанува, па исвен ако не си седел на автобуска и ти киднал пред нос, нема шанси да не дошол, т.е. Голема е веројатноста да си го пропуштил моментот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom