Windows 7

  • Креатор на темата Креатор на темата m.i.n.a
  • Време на започнување Време на започнување
има нов Windows 7 build 7201

http://windows7news.com/2009/06/04/windows-7-build-7201-leaked/
На крај пишува дека нема скоро никакви измени, посебно не графички и нешто што може видно да се забележи освен некои ситни багови од програми за кои всушност излегуваат овие верзии за да се елиминираат конфликтите и поддршката за програмите.
 
оффф колку се радував дека ја имам најновата верзија хахахахахха
јбг секој ден нов build за инат нема да го симнан:helou:
 
Незнам мене не ми се допаѓа најновата верзија, многу повеќе ми го кочи компјутерот отколку 7100 :toe:
 
Незнам мене не ми се допаѓа најновата верзија, многу повеќе ми го кочи компјутерот отколку 7100 :toe:

За која верзија 7137 или 7201? Кога се подига кочи или?
 
7137 таа ја најдов најнова за 32 битен, не кога се подига кога работа, од ништо процесорот оди 100 % и се укочва :toe:
 
Последните гласини поврзани со најновиот оперативен систем на Microsoft наведуваа дека Windows 7 на пазарот во конечна верзија ќе се појави во јануари 2010. Но, Microsoft одлучи да ја разреши мистеријата и го закажа официјалниот датум на излегувањето за 22. октомври.

win7_2.jpg

Развојниот тим на Windows 7 својата работа треба да ја заврши веќе во јули, кога првите примероци ќе им бидат испорачани на производителите на компјутери. Малопродажбата на оперативниот систем започнува на 22. октомври, но сеуште не е познато по кои цени.

Windows 7 доаѓа по само 33 месеци откако во 2007 беше претставена виста, што е значаен чекор, со обзир на тоа дека временскиот период помеѓу Windows XP и Vista изнесуваше дури пет години.

Доколку сте нестрпливи да го дочекате конечното излегување на Windows 7, Microsoft ја подготви RC (Release Candidate) верзијата која во целост бесплатно можете да ја превземете тука.
 
Една молба за новости како горниот пост, користете ја соодветната тема се со цел да не се мешаат вестите со општите мислења.
 
http://windows7news.com/2009/06/04/windows-7-build-7201-leaked/
На крај пишува дека нема скоро никакви измени, посебно не графички и нешто што може видно да се забележи освен некои ситни багови од програми за кои всушност излегуваат овие верзии за да се елиминираат конфликтите и поддршката за програмите.

Тоа е целта на секој BUILD: да се поправаат багови.
 
7137 таа ја најдов најнова за 32 битен, не кога се подига кога работа, од ништо процесорот оди 100 % и се укочва :toe:

Ако ти е инсталиран на лап топ има финта со батеријата, само незнам точно што беше работата. Ќе го прашам еден другар, он имаше ваков проблем, направи нешто со батеријата и се среди тој проблем, па ако твојот проблем е ист како неговиот ќе се среди ваљда. :)

Едит: Ако е за лап топ смени го модот на батеријата во Balanced и види дали ќе се среди проблемот.
 
Microsoft не работи само на Windows 7, туку во меѓу време го планира и Windows 8
http://blogs.zdnet.com/microsoft/?p=2559
http://www.selotejp.com/2009/04/windows-8-2011.html

Мислам дека не е реално да се зборува за наследник на 7., најпрво од проста причина што ја немаме ниту целосната верзија на 7 и со тоа сеуште сме во фаза на исчекување. Од овие бета верзии кои ги користиме заклучивме дека има голем напредок во однос на Виста но сеуште е рано да се зборува за целосната верзија, па камоли за вин 8 :helou:
 
Помош околу седмицава, каде да го пристапам кон nVidia Control panelot? И зошто на кантер или на други игри на нет што се играат имам пинг 500, т.е само на игри имам толку пинг, на спидтест покажува пинг 20... ?:toe:
 
Па во Control Panel
 
Мислам дека не е реално да се зборува за наследник на 7., најпрво од проста причина што ја немаме ниту целосната верзија на 7 и со тоа сеуште сме во фаза на исчекување. Од овие бета верзии кои ги користиме заклучивме дека има голем напредок во однос на Виста но сеуште е рано да се зборува за целосната верзија, па камоли за вин 8 :helou:
Па последнава верзија е официјална. Тоа што треба да излези на 22ри Октомври ќе биди само верзија со намалени багови. Функционалноста е таа.
Што се однесува до осумка, Мајкрософт мораат да спремаат нов ос. Не смеат да остават простор како со XP, оти Епл ќе ги прегази.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom