Последните гласини поврзани со најновиот оперативен систем на Microsoft наведуваа дека Windows 7 на пазарот во конечна верзија ќе се појави во јануари 2010. Но, Microsoft одлучи да ја разреши мистеријата и го закажа официјалниот датум на излегувањето за 22. октомври.
Развојниот тим на Windows 7 својата работа треба да ја заврши веќе во јули, кога првите примероци ќе им бидат испорачани на производителите на компјутери. Малопродажбата на оперативниот систем започнува на 22. октомври, но сеуште не е познато по кои цени.
Windows 7 доаѓа по само 33 месеци откако во 2007 беше претставена виста, што е значаен чекор, со обзир на тоа дека временскиот период помеѓу Windows XP и Vista изнесуваше дури пет години.
Доколку сте нестрпливи да го дочекате конечното излегување на Windows 7, Microsoft ја подготви RC (Release Candidate) верзијата која во целост бесплатно можете да ја превземете тука.