како можам да инсталирам windows xp на лаптоп, а да го задржам и 7мицата? односно да ги имам и двата оперативни системи. и важно ми е да не ги загубам постоечките фајлови. и ве молам step by step tutorial
))
Имаш две опции: double boot и виртуелна машина. Double boot не е веќе во мода, сега се во мода виртуелни машини
* 7-ца подржува и трета варијанта т.н. XP mode, односно може без инсталација во на посебна виртуелна машина да пушташ виртуелизирани апликции во XP. За ова да ти работи, треба процесорот да ти поддржува hardware assisted virtualization. Сите понови AMD процесори поддржуваат виртуелизација; интелите некои да, некои не, кај некои треба да се уклучи опцијата во биос, кај некои треба да го флешуваш биосот, а кај некои да го хакуваш биосот пошто од страна на интел е намерно дисејблувана опцијата, иако хардверот ја поддржува.
Мојот процесор не поддржува виртуелизација, па инсталирав
Microsoft virtual PC 2007 и во него XP. Само треба да пазиш со лиценцирањето, некои верзии на 7-ца имаат и лиценца за XP, некои имаат (поскапите секако). Морам да признаам дека воопшто не го користам ова виртуелново XP, зошто сите програми ми работат на 7-ца.