Wimbledon 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

Освојувач на Вимблдон 2015 мажи ?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 20 27,0%
  • Енди Мареј

    Гласови: 10 13,5%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 20 27,0%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 12 16,2%
  • Стан Вавринка

    Гласови: 6 8,1%
  • Григор Димитров

    Гласови: 0 0,0%
  • Кеи Нишикори

    Гласови: 1 1,4%
  • Милош Раониќ

    Гласови: 1 1,4%
  • Томаш Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Марин Чилич

    Гласови: 1 1,4%
  • Жо Вилфред Тсонга

    Гласови: 0 0,0%
  • Ник Киргиос

    Гласови: 2 2,7%
  • некој друг

    Гласови: 1 1,4%

  • Вкупно гласачи
    74
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Радванска нема што да бара на трева во финале против Серена/Шарапова, така да подобро да се израдува Мугуруза на финале.
Што сте ја захејтале Серена, нека си ги собере сите 4 слема годинава, таман ќе ја стигне Граф на 2ро место со 22 титули. Ќе стигне до 25 титули да избие на прво место па тек тогаш ќе се повлече.
 
Денес се многу интересни дуелите, со исклучок на Марек - Поспишил. Нема никаква игра Канаѓанецот за Мареј, 3-0 во меѓусебните. Мареј одлично игра против сервери, го покажа тоа и со Карлович.
Симон може да му направи проблеми на Федерер, веќе го има два пати добиено, а и во два други меча на ГС играа петти сет. Најверојатно ќе добие Федекс, ама мислам дека ќе испушти некој сет.
Вавринка - Гаске, фаворит е Стен, ама ќе биде заебано. Гаске игра одлично на Вимблдон, има игра за на трева. Вавринка изненадува со добрата игра на трева годинава, ама реално немаше некој посилен противник, освен Вердаско на +30 години. Естрела и Соуса се мајтап на трева, а Гофан никогаш нема да ја префли границата која ги дели добрите од големите играчи. Ќе биде пресметка на два еднорачни бекенди, ќе се изнагледаме бекенд дијагонали.
Џокович - Чилич, овде чекам изненадување. Џокович одигра очаен меч со Андерсон, кој реално е во форма, ама против вистинкси Џокович не би можел да стигне ниту до тај брејк. Интересно е колку Џокович не е Вимблдон, колку не припаѓа таму. Слаба интеракција со публиката, медиумите не го третираат како Федекс, играта не му е димензионирана за на трева... Единствениот ГС кој е симбол за Џокович е Ози Опен.
Марин игра солидно, ништо посебно. Ќе биде екстра мотивиран, и ако го служи сервисот, може да му направи големи проблеми на Новак.

За женските полуфиналиња, Серена ќе ја изеде Шарапова, која игра очаен турнир. Нема агресивност, нема ризик во играта, не оди по винери, ќе изеде невиден ќотек од Урук Хаи.
Радванска со Мугуруза ќе биде турбо интересно. Се работи за два комплетно различни стилови на игра. 2-2 во меѓусебните, со тоа што последните два дуели ги доби Мугуруза. Ќе навивам за Агнешка како и сеогаш, ама сепак мислам дека Мугуруза ќе игра финале против Серена.
 
сонував синоќе дека Чилич ќе го добие Џокович , досега 2-3 пати имам сонувано вака и секогаш испаѓало според сонот, ќе видиме денес што ќе биде
 
kakvo klasicno kinenje, ovoj kuznae kolku gi bolel da ne go uploadiraat ova, im rekol ke komentiram naskar sekoja vecer, samo nemojte.
 
Баш дојдов да го постирам :pos::pos::pos::pos::pos:

Како му се изнасмеа и си отиде:icon_lol:
 
Еве го Вишко на 2ка. Прочистете се малце од хрватите.
 
Само нека го туркаат Мари судииве,ама у 1/2 финале јако ќе го јаде од Федерер.Баш на 30-30 опомена најде на Посписил да му даде.Скроз го пресече.
 
Само нека го туркаат Мари судииве,ама у 1/2 финале јако ќе го јаде од Федерер.Баш на 30-30 опомена најде на Посписил да му даде.Скроз го пресече.

Не претерувај. Поспишил цел меч се влечи како црево пред да сервира, цели 70% од подготовките пред негов сервис му беа над 20 секунди, а тој последен поен пред да јади опомена само ја прели чашата. Да не треба случајно да чека судијата да заврши сетот па после да му даде опомена? Баш ова е соодветна казна за "држењето време".
 
Не претерувај. Поспишил цел меч се влечи како црево пред да сервира, цели 70% од подготовките пред негов сервис му беа над 20 секунди, а тој последен поен пред да јади опомена само ја прели чашата. Да не треба случајно да чека судијата да заврши сетот па после да му даде опомена? Баш ова е соодветна казна за "држењето време".

Па баш соодветно време да го заебе.Да не беше опомената у најмала рака ќе играа тајбрејк,а таму све е можно.Мари исто така не е цвеќе за мирисање,он има секунда само помалце од лимитот.Сеедно и да има 30 пак нема опомена да му даат...
 
Федерер прв полуфиналист, доста убедлив беше денеска. Сега следат Вавринка-Гаске, би требало тоа да е интересен меч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom