Денес се многу интересни дуелите, со исклучок на Марек - Поспишил. Нема никаква игра Канаѓанецот за Мареј, 3-0 во меѓусебните. Мареј одлично игра против сервери, го покажа тоа и со Карлович.
Симон може да му направи проблеми на Федерер, веќе го има два пати добиено, а и во два други меча на ГС играа петти сет. Најверојатно ќе добие Федекс, ама мислам дека ќе испушти некој сет.
Вавринка - Гаске, фаворит е Стен, ама ќе биде заебано. Гаске игра одлично на Вимблдон, има игра за на трева. Вавринка изненадува со добрата игра на трева годинава, ама реално немаше некој посилен противник, освен Вердаско на +30 години. Естрела и Соуса се мајтап на трева, а Гофан никогаш нема да ја префли границата која ги дели добрите од големите играчи. Ќе биде пресметка на два еднорачни бекенди, ќе се изнагледаме бекенд дијагонали.
Џокович - Чилич, овде чекам изненадување. Џокович одигра очаен меч со Андерсон, кој реално е во форма, ама против вистинкси Џокович не би можел да стигне ниту до тај брејк. Интересно е колку Џокович не е Вимблдон, колку не припаѓа таму. Слаба интеракција со публиката, медиумите не го третираат како Федекс, играта не му е димензионирана за на трева... Единствениот ГС кој е симбол за Џокович е Ози Опен.
Марин игра солидно, ништо посебно. Ќе биде екстра мотивиран, и ако го служи сервисот, може да му направи големи проблеми на Новак.
За женските полуфиналиња, Серена ќе ја изеде Шарапова, која игра очаен турнир. Нема агресивност, нема ризик во играта, не оди по винери, ќе изеде невиден ќотек од Урук Хаи.
Радванска со Мугуруза ќе биде турбо интересно. Се работи за два комплетно различни стилови на игра. 2-2 во меѓусебните, со тоа што последните два дуели ги доби Мугуруза. Ќе навивам за Агнешка како и сеогаш, ама сепак мислам дека Мугуруза ќе игра финале против Серена.