Како и секоја година, така и оваа нема тенис на Вимблдон во недела. Благодарание на оваа пауза, утре ќе се играат сите дуели од 1/8 финална конкуренција во категориите : машки сингл, женски сингл, машки дубл, женски дубл.
Kyrgios - Gasquet @ 12:30 Court 2
Четврти пат ќе се сретнат на АТП турнирите. Моментално води Гаске со 2-1. Французинот има победи во Дејвис Куп со 3-0 и оваа година на земја во Есторил со лесни 2-0 (6-2 6-3). Единствената победа на Ник Киргиос е онаа од минатата година, овде, на Вимблдон. Ришар Гаске имаше водство од 2-0 во тој меч, меѓутоа Киргиос израмни на 2-2 и во последниот сет победи со неверојатни 10-8. Верувам дека овој меч ќе биде многу изедначен, но и дека голема улога на психички план ќе игра претходно спомнатиот дуел од лани и мала предност му давам на Киргиос.
Moj тип : Kyrgios 1 @ 1.90 копачка
Troicki - Posipisil @ 12:30 Court 12
Никогаш не играле порано меѓусебно. Тука е важно да се каже дека и двајцата имаат осцилации во нивните мечеви, посебно тука на Вимблдон. Посписил од 3 меча, 2 ги доби во 5 сета, а едниот во 4 сета. Од друга страна Србинот ги победи сите мечеви во 4 сета. За подготвителните турнири на трева, далеку подобар успех имаше Троицки, стигна до финалето на Штутгарт и играше полуфинале во Квинс, рана елиминација во Нотингем, меѓутоа и таму од еден солиден играч на трева. Посписил не одигра лошо, но доста послабо од неговиот утрешен противник, изгуби во Хертогенбош од Мулер во три сета, третиот беше решен во тајбрејк и тоа со резултат 8-6. Потоа пораз од Беранкис во Хале, а при резултат 1-1 во сетови му предаде на Гранолерс во Нотингем, не се работи за ништо сериозно. Сепак предност му давам на Виктор и мислам дека ќе победи 3-0 или 3-1 бидејќи подобро се снаоѓа на трева, но може се да се деси.
Мој тип : Troicki 1 @ 1.40 копачка
Cilic - Kudla @ 15:30 Court 3
Исто како и минатиот дуел, прв пат ќе играат играчите меѓусебе. Двајцата имаа тешка работа на турнирот, Чилич одигра 13 сета во 3 меча, а неговиот противник и сет повеќе.
Марин лесно против Морија 3-0, но потоа следеа тешки исцрпувачки мечеви против Беранкис и Иснер. Американецот Кудла се врати од 0-2 против Куевас, доста се измачи во тој дуел. Против изморениот Зверев од првото коло не помина како во првото коло, одигра сет помалку, победи 3-1, меѓутоа против Гиралдо од Колумбија иако сервираше за 2-0 при резултат 6-2 6-5, успеа да го изгуби вториот сет, а потоа и третиот. Успеа да се консолидира Денис Кудла, ги освои наредните два сета и победи со 3-2. Знаејќи ги сите овие податоци, јасно е дека се многу истрошени двајцата играчи и сепак големината треба да дојде на сцена. Важно е да се напомене дека Кудла е специјалист за трева, има 12-1 скор годинава на оваа подлога, пораз само од Ебден во 3 сета, секако се работи за понизок ранг на турнири. Значи треба да пресудат некои детали во играта, а како поспремен и физички и ментално би го извдоил каде каде Чилич, па мислам дека максимално во 4 сета ќе ја реши работата.
Мој тип : Cilic 1 @ 1.20 копачка
Murray - Karlovic @ 15:30 Centre Court
Шести дуел, без победа Карлович, односно 5-0 за Мареј. Еден дуел на трева, тука на Вимблдон од пред 3 години. Победа на Мареј 7-5,6-7,6-2,7-6. Иво игра одлично оваа сезона, посебно на трева, мора да се издвои победата над Бердих и отсервираните рекордни 45 ас серви во меч на два добиени сета. Истгра 2 тајбрејка со Федерер, имаше можност и за сет во најмала рака, ситници решија да не биде така во нивниот дуел. Енди Мареј без пораз на трева годинава, втор фаворит за освојување на Вимблдон според букмејкерите. Некако мислам дека Мареј ќе ги пробива сервисите на Карлович доволно, барем по еден брејк во сет, сепак останува да видиме. Прашање е дали Хрватот треба да биде тука, украден му е цел сет на Тсонга, а потоа сигурно поголеми шанси ќе имаше Тсонга. Како било, утре реално е Мареј да направи барем брејк-два, сепак не може да се знае, непредвидлив е Иво. Јас би сакал интересен, неизвесен меч.
Мој тип : 38,5+ гемови @1.90 копачка
Wawrinka - Goffin @ 15:30 Court 1
Трет дуел, прв на трева. 2-0 води Стан Вавринка, и двата дуели во Ченаи, на почетокот на годината, без изгубен сет и во двата дуели. Последниот беше оваа година, нормално на почетокот на годината, пред првиот грен слем. Изгледа вака на хартија лесен меч за Вавринка, јас лично мислам дека Давид Гофан игра одлично и има игра за нешто повеќе во утрешниот меч. Во најмала рака му давам да земе сет, можеби два, да не претерам за три, но не би бил изненаден воопшто.

Што се однесува до досегашните игри на трева годинава, и двајцата убедливи на Вимблдон, импресивен скор од 9-0 во сетови. Белгиецот за нијанса послаби противници, но горе долу резултатите се тие. На подготвителните турнири, Стан одигра само 2 меча на Квинс, победа против Киргиос во 2 сета и пораз од Андерсон во 2 сета. Гофан играше финале во Хертогенбош, пораз од Махут. Играше и на Квинс, пораз од Симон во 3 сета.
Мој тип : Goffin H2 5.5 @ 1.90 копачка
Berdych - Simon @ 16:00 Court 2
Уште еден многу интересен дуел. Дури 10 дуели имаат во минатото, значи утре ќе играат по 11. пат. 6-4 за Симон во овие 10 дуели, на трева никогаш не играле. Последен дуел од Ротердам годинава, 6-2 6-1 победи Бердих, зачудувачки лесно. Бердих не може да се пофали со спектакуларна игра на трева годинава, можеби немаше ни прилика. Пораз во 3 сета од Карлович во Хале, а на Вимблдон имаше тешка задача против Шарди, за влакно не отиде мечот во петти сет. Може да се каже дека го растури специјалистот за трева, Махут со убедливи 3-0. Вчера исто така се изнамачи против еден Андухар, Шпанецот кој до Вимблдон имаше скор од 1 победа и 16 порази на трева во својата кариера, истиот овој играч сервираше за 2-2 во сетови при резултат 3-5 во четвртиот, но не успеа да го освои сетот, Бердих победи 3-1. Од друга страна Симон има повеќе мечеви на трева годинава, солидни победи против Гофан, Кокинакис, Раонич, потоа пораз од Андерсон во тесни 3 сета. Играше и полуфинале во Нотингем, таму 2 меч топки не искористи во полуфиналето против Квери, потоа го изгуби мечот. Овде на Вимблдон првото коло во 3 сета против Алмагро, потоа во 4 сета против Кавчич, меѓутоа контролираше цело време, 6-1 6-1 6-7 6-1 победи. Единствено вчерашниот меч му донесе голема мака, против Монфа. Сепак Жил Симон во 5 сета славеше, конечни 3-6 6-3 7-6 2-6 6-2. Утре против Бердих очекувам еден исто така долг меч, во 4 или 5 сета. Бердих важи за фаворит, јас мислам дека Симон може многу да го намачи и има шанси да победи.
Мој тип : Simon H2 3.5 @ 1,90 копачка
Federer - Bautista @ 17:30 Centre Court
Нема што да се коментира за овој дуел. Огромен фаворит 7-кратниот шампион на Вимблдон. Во секој случај очекувам победа 3-0 во сетови на Роџер. Мала деконцентрација вчера, изгуби сет против Грот, но ништо опасно. Агут се враќаше од 0-2 против Паире, успеа во тоа и победи 3-2 на крајот. Вчера лесно помина против Басилашвили, барем после првиот сет во тајбрејк, во следните 2 изгуби само еден гејм (76 60 61). Имаат 2 меѓусебни дуели, секако 2-0 води Федекс, двата на тврда подлога, а позначаен е онај од на US Open 2014, 3-0 во сетови за Роџер.
Мој тип : 30.5- гемови @ 1.90 копачка
Djokovic - Anderson @ 17:30 Court 1
Како и за претходниот меч, така и за овај. Нема многу што да се коментира, јасно е како ден кој е фаворитот, прашање е дали и колку би му било тешко на противникот да дојде и до сет, за два или три да не правиме муабет. Шести дуел, претходните 5 се распоредени во скор 4-1 за Новак. Единствено првиот нивни меѓусебен дуел припадна на Андерсон, пред 7 години во Мајами, победа во 3 сета. Сите останати ги победи Ноле, без изгубен сет. Еднаш играле и на трева, пред 4 години на Вимлбдон, 3-0 за Ноле (6-3 6-4 6-2). Како што гледате, не успеал ни до тајбрејк да дојде Андерсон, мислам дека утре може до барем еден, но и тоа тешко. Андерсон играше финале на Квинс, пораз 2-0 од Мареј во финалето, а тука на Вимблдон со само 2 изгубени сета во 3 меча успеа да дојде до четвртото коло. Утре има 10 пати потешка задача па затоа и предвидувањата се такви какви што се.
Мој тип : 31,5- гемови @ 1.90 копачка
Утре играат и жените, напишав горе, меѓутоа за нив нема да анализирам нешто бидејќи не ни се многу интересни како маживе. Еве ги сите дуели и во болд тенисерките кои мислам дека ќе победат во нивниот меч.
- Govortsova - Keys
- Vandeweghe - Safarova
- Baczinsky - Niculescu
- Radwanska - Jankovic
- Sharapova - Diyaz
- Serena - Venus
- Azarenka - Bencic
- Wozniacki - Muguruza
Реално тие се фаворитките, но во секој меч има голем простор за изненадување. Сите тенисерки прикажаа одлични партии до сега, посебно оние кои не се фаворити во своите мечеви. Серена мислам дека ќе победи, Венус може нема многу да ја мачи за да успее да земе 4 слема со ред т.е. Серена слем. Не знам што да речам, не мора да значи, но како што играше Серена во претходните мечеви, посебно завчера против Ватсон, може многу лесно да биде збришана во 2 сета.
Вознјацки не ја имам гледано на турниров, за разлика од Мугуруца која ја гледав против Кербер, одигра одлично, феноменален меч, мислам дека може да изненади утре против Вознјацки. Исто така Бенчич има многу добар дел од сезонава на трева, иако е солиден фаворит Азаренка, може да се надева младата тенисерка.
Најважно, уживајте утре во мечевите, бидејќи од вторник ќе имаме само во една конкуренција. Вторник ќе се играат 4 мечеви кај жените од четвртфинале, среда 4 четвртфинални кај мажите, четврток полуфинални кај жени, петок полуфинални кај мажи, сабота финале жени, недела финале мажи.
