Пак ќе кажам, мечот со Мареј не е никаков репер и не може да се земе толку многу во предвид како што се зимаше пред денешното финале. Мареј е една приказна, Ноле е сосема друга. Енди е во топ форма, тоа не смее никој да го оспори, цела сезона игра одлично, па дури и на неговата најслаба подлога дојдоа првите титули, да добро прочитавте, првите титули за Мареј на земја на 28 годишна возраст. Мареј загуби од Федерер првенствено поради одличната игра на Федерер, во преден план сервисот, а второ поради лошиот гем план. Во бекенд на бекенд размените често играше слајс што апсолутно не смее никој да го игра против Федерер на 34 годишна возраст, каде и самиот е свесен дека е поспор за пола чекор-чекор. Тука Ноле не потфрли и играше длабоки дијагонали и така му одземаше време на Федерер. Колку пати видовме нечисти удари од Федерер? 5-6 ги имаше сигурно, што воопшто не е својствено за врвните играчи. Бекер, Вајда и самиот тим на Ноле во овој сегмент завршија одлична работа. Мора да се додаде фактот дека Федерер не го служеше сервисот како со Мареј, а тоа е огромен проблем против најдобриот ритернер на планетата.
Единствен сегмент каде потфрли Ѓоковиќ е лобот. Очајно играше лоб денес, 7-8 пати проба и ниеднаш не пројде. И тоа ајде кога има безизлезна ситуација ќе разберам, ама он неколку пати имаше чиста паралела а пробуваше лоб и нормално Федерер лесно го пласираше смечот во полето.
Друга работа, не знам како може да се оспоруваат резултатите на Ноле последниве 4 години. Апсолутно доминира во светот на тенисот, баталете Федерер бил стар, Надал ваков, оној онаков. Па што да прави сега Ноле, да се сожали и да ги даде титулите на друг пошо одредени од главните конкуренти се повредени, стари или што ти ја знам... Човекот си игра тенис, константен е, и затоа е прв на ранг листата. Исто и за Федерер, џабе јадете гомна, човекот со 34 години игра врвен тенис и е во топ 3 во моментов. Хјуит, Налбандијан, и остала багра на овие години служи како топовско месо, just sayin. Искрено криво ми е што не гледавме повторно епско финале во 5 сетови, али мислам дека немаше теорија да се деси такво нешто, едноставно предобар беше Ноле.
Како фан на Рафа, искрено се надевам дека го нема кажано последниот збор и се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро. Нема везе титули ау, едноставно на играч како Надал не личи да губи на секој ебан турнир у 2-3 коло од некои измислени тенисери што се појавуваат еднаш у 100 години.
П.с. Заборавив горе да напишам дека Енди не ја користеше и бекенд паралелата, удар со кој го уби Федерер на ОИ.