Филип Колшрајбер - Лукаш Росол 6-2 6-3 7-6(6)
Водеше Германецот 6-3 во тајбрејкот, 3 меч топки спаси Росол и се чинеше дека може до сет, сепак се потрвди она што го кажав, го покажа своето вистинско лице и својот вистински ранкинг кој е само на скромното 100то место. Ете од кого испадна Надал, само за да се намали квалитетот на овој Вимблдон, очекувам од Рафа многу посериозен настап на Олимписките Игри и одбрана на златото, единственото нешто кое го немаат Новак и Роџер.... а за 2016 не знам колку ќе се способни да го бркаат тоа злато било кој од овие тројца. Само немојте да зборувате со тоа злато на Федерер во дубл бидејќи секогаш навивачите на Федерер ги спомнуваат тие 16 грен слем титули кои секако се освоени во сингл конкуренција, а не во дубл како што е златото од Пекинг 2008.
Дел Потро оди сигурно за сега, 4-2 и сервис (30 0).
Серена Вилијамс иако го загуби првиот сет после тајбрејк, вториот го доби со убедливи 6-2, а во третиот го изгуби воведниот гејм на сервис од Женг и губи со 0-1.
EDIT :
Неколку мислења ви беа избришани, ве молам не одете оф-топик за да поминеме без опомени