Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
И како ке резултира целово ова?Зашто нема по нашиве телевизии? До кајгана дојде до телевизија да види цела македонија тешко а?Некои овде на форумов се по спремни и по информирани од нашиве новирани изгледа хехе.Се надевам дека ова ке дојде до некој што треба да го слушне ова стварно и дека ке направи нешто ама тешко.Да беше само грција а?
Даваа на сител вестите.Единствено кај нив гледав.А баш бев заинтересиран кој све ке го прикажат на вести ова.А и МТВ кажаа за истово.
Иначе све е јасно како ден.Само јадат г.мна грциве.И спорот во Хаг ке го изгубат и на крај ке попуштат.Само треба да се издржи
 
Јас денес успеав да фатам некои 40 минути од крајот на процесот. На МТВ пренесуваа во живо (со ужасен, неподнослив синхронизиран... превод). Во случајов, ќе кажам дека без разлика колку пари издвоила нашата страна за да ги има на своја страна сите 6-7 ли колку професори и странски адвокати, ич не ми е жал. Дури и би донирал телефонски како што се донира за Јапонија. Аргументите се на наша страна и до некаде ми е јасно зошто биле симнати сонцата од лавовите на „Гоце Делчев“ или слични отстапки. Без разлика колку колку сум и против тоа.

Прекршена е обврската од Спогодбата Елиниќаните да не го попречуваат зачленувањето на Македонија во меѓународна организација, што го направија во Букурешт пред 3 години. Како што рече еден од нашите адвокати, ако ние сме ја прекршиле Спогодбата со истакнување антички симболи и сл., Грција требало прва да тужи, а не да се одмаздува.

Добиваме со гаранција. Интересен е терминот кога ќе се донесе одлука: нешто после 30 март.
Крст или царски трон за власта.
 
изјавил дека на Грција треба да и биде чест што Скопје сака да го користи терминот Македонија и треба слободно да го прави тоа.


од овакви ебиветровци гејски- не ни очекувам нешто асално -прав шарлатан :tapp:
 
Жално е што незнам што уште треба да открие Викиликс за да сфатат нашиве продадени души (попознати како соросоиди итн.) дека нивната теорија за промена на името е само нивна потреба за да си ги оправдаат дебело земените хонорари за јадење на ла.на против споствената држава
 
Ништо од ова на А1.

Останале без зборови,а убрзо ќе останат и без работа :D - или СТЕЧАЈЦИ.
 
Овој политичар е добар пример, како им служеше спорот со името да прават ефтини поени кај народот за време на избори.

Лесна работа де, само не блокираш и сите други проблеми, корупција, долгови до гуша и други сранња не се поќе битни.
 
Овој политичар е добар пример, како им служеше спорот со името да прават ефтини поени кај народот за време на избори. Лесна работа де, само не блокираш и сите други проблеми, корупција, долгови до гуша и други сранња не се поќе битни.
Хм, нешто ме потсеќа на едни други такви политичари :raz:
 
Ништо од ова на А1.

Останале без зборови...

Ма не е возможно!

Веројатно меѓу многу важните вести за одложениот дијалог меѓу ЕУ и Србија, политичката криза во Босна, штрајковите во Грција, апсењето на Фатмир Лимај на Косово, и агресијата врз Либија, им се изгубила оваа информација за Пангалос?
 
Ништо од ова на А1.

Останале без зборови,а убрзо ќе останат и без работа :D - или СТЕЧАЈЦИ.

шо очекуваш на а1 секоја вест им е против власта и цел ден кој шо праи они само кукаат како нивните затвореници колеги биле у тешка ситуација како власта кршела закони праела криминал ... а они ко солза се чисти !
 
шо очекуваш на а1 секоја вест им е против власта и цел ден кој шо праи они само кукаат како нивните затвореници колеги биле у тешка ситуација како власта кршела закони праела криминал ... а они ко солза се чисти !

Греота.Тешко им било у затвор.А и многу лоши условиве кај нас во затвор,не биле ко у Словенија,таму апартмани.Тука многу тешко им било на криминалците.Гревчиња.Дури жал да ти падне.
 
Ај ве молам не ја вртете темата накај политика да не ја затворат.
 
На цел свет му приложи факти за гомната што се прават и пак џабе.
 
Асанж „ги израмни сметките“ со MasterCard

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, не им остана должен на шизиците од MasterCard откако му блокираа повеќе од 15 милиони долари донации за неговата организација. Во видеото кое Асанж го направи за собирање донации, ја испародира познатата рекламна кампања на MasterCard која ја знаете од спотчињата со лајт-мотив „постојат работи кои не може да се купат со пари - за се друго постои MasterCard“.
asange-455.jpg

Во видеото се наведуваат трошоците кои ги има Асанж, односно Викиликс, на различни фронтови, пишува Tepegraph.
Како што стои во видео клипот кој трае околу минута, тие трошоци подразбираат „обезбедување“ на 20 телефони кое чини 5.000 долари, правнички трошоци во пет земји во вредност до милион долари, сервери во 40 земји вредни 200.000 долари, куќен притвор кој „чини“ 500.000 долари, и секако банкарската блоката поради која Викиликс губи 15.000.000 долари на име донации.
Асанж, кој е во домашен притвор во Норфолк, се појавува во спотот и ја „превзема одговорноста“ за иницирање на априлското востание на Средниот Исток и Северна Африка.
Како што камерата се оддалечува, во прв план се појавува Асанж кој ги гледа снимките од протестите, а нараторот поентира: „Да гледаш како светот се менува поради твојата работа: непроценливо. Постојат луѓе кои не сакаат промени. За сите останати, тука е Викиликс“.
Колку за потсетување, минатата есен Викиликс објавија илјадници нецензурирани документи од американските амбасади ширум светот поради кои организацијата смета дека беа поттикнати, меѓу другото, и протестите кои ги срушија владите на Египет и Тунис.

http://kajgana.com/zivot/asanz-„gi-izramni-smetkite“-so-mastercard

Асанж „ги израмни сметките“ со MasterCard
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom