Асанж „ги израмни сметките“ со MasterCard
Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, не им остана должен на шизиците од MasterCard откако му блокираа повеќе од 15 милиони долари донации за неговата организација. Во видеото кое Асанж го направи за собирање донации, ја испародира познатата рекламна кампања на MasterCard која ја знаете од спотчињата со лајт-мотив „постојат работи кои не може да се купат со пари - за се друго постои MasterCard“.
Во видеото се наведуваат трошоците кои ги има Асанж, односно Викиликс, на различни фронтови, пишува Tepegraph.
Како што стои во видео клипот кој трае околу минута, тие трошоци подразбираат „обезбедување“ на 20 телефони кое чини 5.000 долари, правнички трошоци во пет земји во вредност до милион долари, сервери во 40 земји вредни 200.000 долари, куќен притвор кој „чини“ 500.000 долари, и секако банкарската блоката поради која Викиликс губи 15.000.000 долари на име донации.
Асанж, кој е во домашен притвор во Норфолк, се појавува во спотот и ја „превзема одговорноста“ за иницирање на априлското востание на Средниот Исток и Северна Африка.
Како што камерата се оддалечува, во прв план се појавува Асанж кој ги гледа снимките од протестите, а нараторот поентира: „Да гледаш како светот се менува поради твојата работа: непроценливо. Постојат луѓе кои не сакаат промени. За сите останати, тука е Викиликс“.
Колку за потсетување, минатата есен Викиликс објавија илјадници нецензурирани документи од американските амбасади ширум светот поради кои организацијата смета дека беа поттикнати, меѓу другото, и протестите кои ги срушија владите на Египет и Тунис.
http://kajgana.com/zivot/asanz-„gi-izramni-smetkite“-so-mastercard
Асанж „ги израмни сметките“ со MasterCard