Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
И што бидна со документите ?
Саудијците оргијаат, ирачаните не се способни, русите се криминалци, италијаните се швалери....
 
Отиде Асанж јабана, ја одобрија екстрадицијата за во Шведска.
Тивко ама ќе го збришат од мапата.
 
Како и да е т.е што и да се случи,човеков испадна херој.Имаше храброст да му каже на светот и да ја посрамоти американската (не)дипломатија.
 
Бредли Менинг некогаш и сега...

bradley-manning2.jpg


bradley-manning.jpg


http://www.bbc.co.uk/news/world-us-canada-12728315
 
И на крај испадна секое чудо за 3 дена а? добро ова потрае некој месец два ама готово нигде ништо веќе нема недостасува уште мистериозно да исчезне асанж и викиликс заедно :)
 
“Викиликс“ го разоткри Пангалос: Тврдењата на Грција апсурдни

21.03.2011 - 15:40 | Македонија

Спорот со името на Макеоднија е “катастрофа“ уште од самиот почеток. Грција треба да му дозволи на својот сосед да се нарекува како што сака - ова во февруари 2008-та Теодорос Пангалос, актуелен вицепремиер на Грција, му го пренел на америнанскиот Амбасадор Дениел Спекхард.

Преку “Викиликс“ информациите дојдоа и до насловните страници на најтиражниот грчки весник “Екатимерини“, кој го пренесува службениот разговор на сегашниот заменик на Папандреу и на амбасадорот Спекхард.

На средбата вицепремиерот Пангалос, тогаш опозиционер и висок челник на сега владејачката ПАСОК, изјавил дека на Грција треба да и биде чест што Скопје сака да го користи терминот Македонија и треба слободно да го прави тоа.


Тврдењата на Атина за експазионистички тенденции на Скопје, во службениот допис на амбасадата на САД, Пангалос ги нарекува апсурдни.


За ваквите апсурди ги обвинува грчките десничарски политичари, кои пропагираат тези од времето на Граѓанската војна, темелени на тогашната паника дека комунистите ќе дошле од Словенските земји.


Контроверзниот Пангалос е познат по своите променливи ставови и по безобразните изјави. Како шеф на грчката дипломатија во 1998-та година во Скопје на прес конференција со тогашниот колега Димитров, Македонците од “Виножито“ ги нарече “хомосексуалци“, за да во јули 2008-та во Скопје изјави дека името е проблем на македонските и грчките десничарски партии.


Теодорос Пангалос јавно тврдеше дека како министер за надворешни, позиција која ја држеше од 96-та до 99-та бил во директни преговори за обострано прифаќање на името Република Македонија (Скопје) како најдобро решение за двете страни.


извор: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/%E2%80%9Cvikiliks%E2%80%9C-go-razotkri-pangalos-tvrdenjata-na-grcija-apsurdni
 
И не е нешто ново само некој имал храброст да каже.И сами знаат дека ваквото однесување нема логика ама пак си тераат.Се е политика и перење мозок за широки народни маси
 
И како ке резултира целово ова?

Зашто нема по нашиве телевизии?

До кајгана дојде, до телевизија да види цела Mакедонија тешко, а?

Некои овде на форумов се поспремни и по информирани од нашиве новирани изгледа хехе.

Се надевам дека ова ке дојде до некој што треба да го слушне ова стварно и дека ке направи нешто, ама тешко.

Да беше само грција, а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom