Неколку работи само..
- Асанж != Wikileaks.. организацијата ќе продолжи со работа дури и во случај да го "снема".
- не се работи за класично (македонско, телевизиско) апсење, туку отишол во полициска станица придружуван од неговите адвокати откако истите претходно договориле датум и место за "предавањето"
- торентот кој го има на TPB (оној помалиот, не insurance фајлот) ги содржи пораките кои се ДО СЕГА објавени по светските медиуми и на Wikileaks.. нема ништо ново во него
- Wikileaks нема да го пуштат клучот за фајлот кој циркулира на нет (insurance.aes256), туку ќе продолжат со објавување на нови пораки (како што прават секој ден откако беше објавена веста)
Вистинската приказна е следнава: Асанж имал секс со две различни жени во рок од неколку дена. Првата била вклучена во организацијата на семинарот на кој Асанж зборувал, па зашто немал каде да спие му го понудила нејзиниот празен стан. Откако се вратила пред време, се договориле да го делат станот додека тој бил во Шведска.. имале секс, пукнал кондомот, девојкава се исплашила, ама си продолжиле со работа. Понатаму се` по старо.
Втората жена е типична groupie.. читала за него, го гледала на телевизија, и` се допаднал и станала опседната со него, па успеала да најде место во првиот ред од салата каде Асанж го дал говорот на семинарот. Отишле на вечера, во кино, во парк, во музеј (каде тој повеќе бил повеќе внимание обраќал на пишување пораки на Twitter и сл. нормални работи отколку на девојката со која бил). Друг ден се нашле на забава организирана од првата девојка, па отишле кај неа дома, имале секс без кондом и сабајлето девојката му направила доручек пред да си отиде. Рекол дека ќе и` се јави, не и се јавил..
После некое време девојкиве некако се нашле, поразговарале, дознале дека Асанж ги "изработил" и двете и побарале од него да се тестира за СПБ и ХИВ. Типот одбил и, наместо тие да си се тестираат, девојките решиле да одат во полиција (а не во болница/клиника) "да побараат совет".
Ако успеат да го осудат за ова, тогаш сите мажи на светов треба да живеат што подалеку од Шведска.
И доста веќе со сензационалистички наслови и пораки..