- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 7
Предавството на Јуда и неговото самоубиство е накнадно измислена и додадена сторија.
Павле кога пишувал своите писма, не постоеле уште евангелијата. Тој никогаш нема слушнато за некакво Јудино предавство и бесење исто како што никогаш нема слушнато за некакво безгрешно зачнување и девичанство на Марија.
Ете кажи ми ти на колку места Павле го споменува Јуда, Јудиното предавство, Марија (мајката на Исус) и безгрешното раѓање на Исус??
Значи ти велиш дека Јуда е дванајстиот апостол за кој се зборува во оригинал, а дека разликите меѓу изданијата(11-12) се последица на тоа што подоцна во Евангелијата е додавана прикаската за предавството и смртта на Јуда, па настанала збунажа, несовпаѓања, па некој пробувал да се вади, да крпи итн. Доказот велиш дека лежи во тоа што Павле не говорел никаде во своите посланија за предавникот Јуда, како и за дева Марија што не спомнал. Тоа е добро. Се согласуваме дека е така. Но кажи ми, за што воопшто пишува Павле, ако можеш накратко да ни објасниш, и кои други важни или не толку важни детали ги споменува од Евангелието во своите посланија до народите и браќата, а "заборавил" да ги спомене важните наведени, и на кое, за какво Евангелие мисли кога го спомнува тој збор? Или, што гледаме дека Павле читал во неговото Евангелие, што сега истото ние го читаме во нашето?
И зошто кога со тоа се остава простор за сомнеж, ете фалсификаторите, како ти би ги нарекувал, компилаторите, миксачите кои го мачкале новиот завет, - отпосле, кога го вклучувале павловиот текст на изменатите евангелија создавајќи ја Библијата, зошто чисто превентивно не се обиделе да додадат по нешто и за тоа, по некоја демагошка реченица нели, негде за предавството, негде за безгрешното зачнување, за да со тоа се изврши превентива измамата и недоследноста да не биде откриена? Зарем заборавиле, тие така лажливи и лукави оснивачи, несомнено интелигентни конструктори но на вековно матни сцени, невистинити, кои не се случиле? Штом можеле да менуваат цело евангелие, зошто не можеле малку да поддесат еден павлов текст? Или пак можеби во прашање е нешто друго, нешто што не им се допаѓа како можност на неверниците и на нехристијаните по дух?