Воскреснатиот Исус и дванаесетмината апостоли

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Предавството на Јуда и неговото самоубиство е накнадно измислена и додадена сторија.
Павле кога пишувал своите писма, не постоеле уште евангелијата. Тој никогаш нема слушнато за некакво Јудино предавство и бесење исто како што никогаш нема слушнато за некакво безгрешно зачнување и девичанство на Марија.
Ете кажи ми ти на колку места Павле го споменува Јуда, Јудиното предавство, Марија (мајката на Исус) и безгрешното раѓање на Исус??

Значи ти велиш дека Јуда е дванајстиот апостол за кој се зборува во оригинал, а дека разликите меѓу изданијата(11-12) се последица на тоа што подоцна во Евангелијата е додавана прикаската за предавството и смртта на Јуда, па настанала збунажа, несовпаѓања, па некој пробувал да се вади, да крпи итн. Доказот велиш дека лежи во тоа што Павле не говорел никаде во своите посланија за предавникот Јуда, како и за дева Марија што не спомнал. Тоа е добро. Се согласуваме дека е така. Но кажи ми, за што воопшто пишува Павле, ако можеш накратко да ни објасниш, и кои други важни или не толку важни детали ги споменува од Евангелието во своите посланија до народите и браќата, а "заборавил" да ги спомене важните наведени, и на кое, за какво Евангелие мисли кога го спомнува тој збор? Или, што гледаме дека Павле читал во неговото Евангелие, што сега истото ние го читаме во нашето?
И зошто кога со тоа се остава простор за сомнеж, ете фалсификаторите, како ти би ги нарекувал, компилаторите, миксачите кои го мачкале новиот завет, - отпосле, кога го вклучувале павловиот текст на изменатите евангелија создавајќи ја Библијата, зошто чисто превентивно не се обиделе да додадат по нешто и за тоа, по некоја демагошка реченица нели, негде за предавството, негде за безгрешното зачнување, за да со тоа се изврши превентива измамата и недоследноста да не биде откриена? Зарем заборавиле, тие така лажливи и лукави оснивачи, несомнено интелигентни конструктори но на вековно матни сцени, невистинити, кои не се случиле? Штом можеле да менуваат цело евангелие, зошто не можеле малку да поддесат еден павлов текст? Или пак можеби во прашање е нешто друго, нешто што не им се допаѓа како можност на неверниците и на нехристијаните по дух?
 
Евангелијата како и Павловите пишувања настануваа во различни векови од различни писатели. (Од сите павлови писма, само 3 мислам несомнено можат да се поврзат со Павлета). Значи не постоеше еден центар каде настанаа сите тие дела, туку биле пишувани допишувани со децении па и со векови. Од верме на време некој ќе уфрлеше или исфрлеше по нешто не заради мисла за фалсификат туку заради доброто на верата. Во нивните глави малите измени или додатоци на текстовите беа во прилог на исусовиот збор нарочно ако со тоа го поврзуваа со старозаветните пророци.
Значи не го гледај тоа како некоја злобна и нарочна намера да се фалсификува нешто туку едноставно како процес кој постепено со години девцении и векови течел од разни автори во разни периоди.

Се до скоро никој не смееше да доведи во прашање вистиноста или на некој научен основ да го анализира светото писмо пак и тоа да го објавува јавно. Се до скоро единствено црквата и свештенствотто имаа ексклузивно право и на читање и толкување на библијата. Голема маса на верници била или неписмена или без библија дома или проповедта ја слушале на непознат јазик (латински)
Истражувањето на библијата на научна основа, нејзините споредби со историски факти, лингвистичка анализа... е новост и таа веже покажа колку внатре низ светите писми постојат меѓусебе спротивни и непомирливи разлики, спротвставности и контрадикции. Црквата не може да одговори на тие предизвици туку се повикува на она што е и природно за една религија - верба. Верувај дека е така иако не е логички, иако се коси со историски факти, иако има докази дека не е така како што се кажува.
Значи ако си верник - верувај.
Не се обзирај на фактите кои кажуваат поинаку.
 
Гарфилд се сложи дека биле дванајсе и дека Лука бил јанлаш шо бројал само апостољето, место свите шо биѓаале на јавлението.

Но, Гаро такуѓере тврди дека е намерно направена грешка и прашува зошто!? Зошто побогу божје слово да има грешка и погрешка, да не биде едно исто од кога јет света и века, довека и занавека?!

Исто така зошто побогу жребале за Матија кога можело Бог со знак како burning bush, рофја сред пустина, итн да го одбере и сите да си молчиме како онакви под кошула, а не да дискутираме околу тоа дали поради ждребањето, комарот е од бога одобрен или не?!
 
Евангелијата како и Павловите пишувања настануваа во различни векови од различни писатели. (Од сите павлови писма, само 3 мислам несомнено можат да се поврзат со Павлета). Значи не постоеше еден центар каде настанаа сите тие дела, туку биле пишувани допишувани со децении па и со векови. Од верме на време некој ќе уфрлеше или исфрлеше по нешто не заради мисла за фалсификат туку заради доброто на верата. Во нивните глави малите измени или додатоци на текстовите беа во прилог на исусовиот збор нарочно ако со тоа го поврзуваа со старозаветните пророци.
Значи не го гледај тоа како некоја злобна и нарочна намера да се фалсификува нешто туку едноставно како процес кој постепено со години девцении и векови течел од разни автори во разни периоди.
Аха. Е па тогаш зошто не му вметнале на павловите текстови по нешто за лошио Јуда или за безгрешното зачнување за да биде автентично со другото? Велиш дека Павле напишал само 3 свои писма а другите биле во различни векови создавани (значи откако Јуда бил веќе предавник а Марија безгрешно зачнала според евангелие на кое морало да се базира едно павлово послание?)? Па тогаш зошто не ги усогласиле работите за толку важни нешта штом имало толку многу време, автори, и црква како краен издавач и авторитет? Ако Павле не знаел дека Јуда е предавник, како што ти велиш, дали и другите после него кои го користеле неговото име не знаеле? А ако знаеле, шо не спомнале нешто од ова?
И друго, кога според тебе завршил тој процес на фабрикување и филување, то ест кога завршиле сите измени и одземања додавања па сме го добиле ова што е денес? Се има ли науката согласено околу тоа како оделе работите?
Се до скоро никој не смееше да доведи во прашање вистиноста или на некој научен основ да го анализира светото писмо пак и тоа да го објавува јавно. Се до скоро единствено црквата и свештенствотто имаа ексклузивно право и на читање и толкување на библијата. Голема маса на верници била или неписмена или без библија дома или проповедта ја слушале на непознат јазик (латински)
Истражувањето на библијата на научна основа, нејзините споредби со историски факти, лингвистичка анализа... е новост и таа веже покажа колку внатре низ светите писми постојат меѓусебе спротивни и непомирливи разлики, спротвставности и контрадикции. Црквата не може да одговори на тие предизвици туку се повикува на она што е и природно за една религија - верба. Верувај дека е така иако не е логички, иако се коси со историски факти, иако има докази дека не е така како што се кажува.
Значи ако си верник - верувај.
Не се обзирај на фактите кои кажуваат поинаку.
Ако веќе ги гледаме работите од научна основа не ни треба проучување на историските факти, тие детали се истотака невидливи односно тешко согледливи како и религиските факти. Нам ни треба указ само на физички факти за да докажуваме дека Библијата не е базирана на вистини. Но сепак, зарем еден почитувач на Светото Писмо и искрен верник знае помалку физика од еден атеист кој го презира христијанството? Дали еден Блез Паскал се разбирал помалку од наука и логика од едно порочно мамино галениче во модерно доба кое не ни помислува на Бога и подбивно го отфрла христијанството како најсмешна фантастична прикаска? Што е тоа толку привлечно во оваа огромна, вечна прикаска, па ги тера луѓето да веруваат без да имаат современ научен доказ за тоа? Дали е тоа еден вид лудило? А ако е, зошто е тоа толку распространето и сеприсутно, и која е штетата од тоа?

Крстот го зедов, од калта го измив, тој што го отфрли ти..
 
Аха. Е па тогаш зошто не му вметнале на павловите текстови по нешто за лошио Јуда или за безгрешното зачнување за да биде автентично со другото?

Ај вака. Во Новиот завет постојат три описи кои кажуваат како и кога точно Исус му се јавил на Павле на патот за Дамаск. Па види дали тие три описи кои ги дава самиот Павле се идентични меѓусебе?

Пак ти велам, во прашање е верата, некој кој верува , не му е проблем да си поверува дека Исус со семејството во исто време бил на две различни места иљадници километри одалечени еден од друг. Не му треба ни физика ни математика за тоа. Ќе поверува во сите различни нешта во новиот завет, без и малку да се помисли “чек бе ова го побива она што го кажува другото евангелие“
Црквата си имаше мошне едноставни и ефикасни методи да се справи со оние кои ставаа под сомнение запишаното, ќе го исклучеа од црквата, ќе го проколнеа, ќе го пратеа во прогонство, ќе го убиеа....
Али денес повеќе не е така, секој може да рече “јас мислам дека Јуда не го предал Исуса и дека тоа е накнадно допишано...“ без да се плаши дали тој или семејството ќе бидат прогонувани како еретици, или на врата ќе му зачука инквизицијата, или ќе биди каменуван.
Книги во кои се пишеше контра христијанството биле спалувани, писателите прогонувани, филозофи каменувани..... Црквата и има догма, то е шпекулација за нешто кое со одлука е прогласено за вистина која не треба да се проверува и испитува. Затоа немаше потреба подеталн да се делка и обработува светото писмо, со поинакви средства и инструменти беше пазена неговата “точност“ и “вистинитост“
 
Гарфилд се сложи дека биле дванајсе и дека Лука бил јанлаш шо бројал само апостољето, место свите шо биѓаале на јавлението.

Но, Гаро такуѓере тврди дека е намерно направена грешка и прашува зошто!? Зошто побогу божје слово да има грешка и погрешка, да не биде едно исто од кога јет света и века, довека и занавека?!

Не биле само 11 или 12 присутни, биле повеќе.
Е сеа Лет ни тврди дека и Јуда бил, верувајќи му на Павле.
Павле предходно ни го прикажуваше како самопрогласен Госпдов гласник, и дека ширел негово учење, религија (Павликанство) а не Христовото. Сега го зема неговото писмено обраќање до Коринтјаните како поголем факт од пишаното од еден односно двајца апостоли. :toe:

Чекам да ни презентира цитати од несамотепаниот Јуда односно од неговото “евангелие“. Нели имаше некои такви теории па дури и дека е пронајдено тоа фамозно евангелие од Јуда, напишано во време кога не би требало нели.

Повели приложи докази Лет и поткрепи ја твојава “теорија“.
 
За разлика од евангелијата кои настанувале од кузнај кои автори и во кузнај кое време, за Павле знаеме дека постоел, и дека пишувал. И тоа пишувал најблиску по смртта на Исуса. Јас не се осврнувам на неговите проповеди дали верата која ја проповеда е исправна или не, али Павле во сите свои писма никаде никогаш:

Не споменал Јуда и неговото предавство
Не ја споменал Марија и безгрешното зачнување

Ни со еден збор дури и не го навестил тоа. Значи тој не знаеше за тие верзии не слушнал никогаш за тоа. Па дури и во евангелијата можеме да ги видиме така нафрланите прикаски, нели Марија зачна безгрешно, па му се јави светиот дух па беше сведок на чудата на синот, и пак го сметаше за занесеник, и дури појде да го прибере дома, да го држат под контрола мислејќи го дека полудел !?
Внимателно читајќи го светото писмо, можат да се најдат полно такви текстови кои го побиваат предходно кажаното, негираат нешто што предходно кажале. Нели во исто евангелије истиот евангелист скоро на иста страна пишува и дека Исус крштевал и и дека Исус не крштевал, едно евангелиени вели дека ангелот му се јавил на Јосиф другиот на Марија, едниот вели за селење поради попис другиот за бегање во Египет, едниот вели дека Јован го крстил Исуса, друг вели дека Јован бил во зандани и ниту го видел Исуса... и така се до различни последни зборови на Исус, до тоа како го нашле празниот гроб, дали биле 11 или 12 апостоли и како и каде се вознесол.

Не можат повеќе вистини да бидат сите вистините. Една со друга се поништуваат. А која е највистинската вистина.....
 
Ај вака. Во Новиот завет постојат три описи кои кажуваат како и кога точно Исус му се јавил на Павле на патот за Дамаск. Па види дали тие три описи кои ги дава самиот Павле се идентични меѓусебе?
Еве гледам, идентични се:
...
3. Кога патувајќи се приближи до Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;
4. падна на земјата и чу глас, кој му рече: "Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш?"
5. А тој праша: "Кој си Ти, Господине?" А Тој рече: "Јас Сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!"
6. "Стани и влези во градот, та ќе ти се каже што треба да правиш!"
7. А оние што го придружуваа стоеја неми, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
8. Савле стана од земјата. Иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го фатија за рака и го доведоа во Дамаск.
9. И беше слеп три дни; и не јадеше, ниту пиеше.

...
Dela 9

...
6. Кога одев и наближив до Дамаск, одеднаш, околу пладне, ме осветли голема светлина од небото.
7. Паднав ничкум на земјата и чув глас како ми зборува: 'Савле, Савле, зошто Ме гониш?'
8. А јас одговорив: 'Кој си ти, Господине?' И ми рече: 'Јас сум Исус Назареќанецот, Кого ти Го прогонуваш.'
9. А оние кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот што ми зборуваше.
10. Тогаш реков: 'Што да правам, Господи?' А Господ ми рече: 'Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!'

...
Dela 22

...
12. "Кога за тоа патував во Дамаск, со власт и задача од првосвештениците,
13. на сред бел ден, цару, на патот видов светлина од небото, посилна од сончевиот болскот, која нè осветли мене и оние што патуваа со мене;
14. и кога сите паднавме наземи, чув глас кој ми зборуваше на еврејски јазик: 'Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш? Тешко ти е да клоцаш против остен!'
15. А јас реков: 'Кој си Ти Господине?' Господ рече: 'Јас сум Исус, Кого Ти го прогонуваш.
16. Но стани и застани на своите нозе, зашто затоа ти се јавив, за да те назначам за служител и за сведок, како за ова што го виде, така и за она во кое ќе ти се објавам;
17. избавувајќи те од луѓето и од народите, кај кои те праќам,
18. за да им ги отвориш очите, да се одвратат од темнината кон светлината, од сатанската власт кон Бог, за да примат проштавање на гревовите и наследство меѓу осветените преку вера во Мене.

...
Dela 26

Мислам дека мислиш на овие 3 описи. Други ќе да нема. А што е овде контрадикторно едно со друго? Апсолутно ништо. Истата прикаска сегде.

До Лет3:

- според моите Писма, изададени 1998-ма и 2002-та со благослов од МПЦ, со стихот од Коринтјаните 15.5 стои изразот „единаесетте„
- во ПДФ изданието од Писмото, а симнато од поратлот „Премин„, стои цифрата „дванаесетте„.

Од мојот разговор со теолошки образован штец, го пренесувам следниот коментар кон стихот од Коринтјаните, 15.5:
- Христос навистина прво му се јавил на Св. Ап. Петар, кој во тие неколку денови после Вознесението, бил во очај поради своето тројно откажување од Христа Бога, „..уште пред петелот да запее...„ . Во тие денови, Св. АП. Петар навистина бил одвоен од другите Апостили, па затоа Хрситос посебно му се јавува на Петрета.
- точна е бројката „единаесетте„ а не „дванаесетте„, кога е во прашање конкретниов стих. Под поимот „единаесетте„ се подразбираат само Христовите Апостоли (а не други особи) од првиот ред Апостоли, но не сите, а во која бројка е вклучен и Св. Ап. Марко, евангелистот. Во Марковата куќа се среќавале подисплашените Апостоли, во првите денови по Христовото воскресение, па затоа и Марко е вброен во „единаесетте„.. Познато е дека евангелистот Марко е дел од 70-те Апосотли.

Новоизбраниот Апостол Матиј, е обран во периодот меѓу Вознесението Христово и Духовден, што значи меѓу 40-от и 50-от ден по Воскресението Христово.
 
Еве гледам, идентични се:
...
3. Кога патувајќи се приближи до Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;
4. падна на земјата и чу глас, кој му рече: "Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш?"
5. А тој праша: "Кој си Ти, Господине?" А Тој рече: "Јас Сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!"
6. "Стани и влези во градот, та ќе ти се каже што треба да правиш!"
7. А оние што го придружуваа стоеја неми, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
8. Савле стана од земјата. Иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го фатија за рака и го доведоа во Дамаск.
9. И беше слеп три дни; и не јадеше, ниту пиеше.

...
Dela 9

...
6. Кога одев и наближив до Дамаск, одеднаш, околу пладне, ме осветли голема светлина од небото.
7. Паднав ничкум на земјата и чув глас како ми зборува: 'Савле, Савле, зошто Ме гониш?'
8. А јас одговорив: 'Кој си ти, Господине?' И ми рече: 'Јас сум Исус Назареќанецот, Кого ти Го прогонуваш.'
9. А оние кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот што ми зборуваше.
10. Тогаш реков: 'Што да правам, Господи?' А Господ ми рече: 'Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!'

...
Dela 22

...
12. "Кога за тоа патував во Дамаск, со власт и задача од првосвештениците,
13. на сред бел ден, цару, на патот видов светлина од небото, посилна од сончевиот болскот, која нè осветли мене и оние што патуваа со мене;
14. и кога сите паднавме наземи, чув глас кој ми зборуваше на еврејски јазик: 'Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш? Тешко ти е да клоцаш против остен!'
15. А јас реков: 'Кој си Ти Господине?' Господ рече: 'Јас сум Исус, Кого Ти го прогонуваш.
16. Но стани и застани на своите нозе, зашто затоа ти се јавив, за да те назначам за служител и за сведок, како за ова што го виде, така и за она во кое ќе ти се објавам;
17. избавувајќи те од луѓето и од народите, кај кои те праќам,
18. за да им ги отвориш очите, да се одвратат од темнината кон светлината, од сатанската власт кон Бог, за да примат проштавање на гревовите и наследство меѓу осветените преку вера во Мене.

...
Dela 26

Мислам дека мислиш на овие 3 описи. Други ќе да нема. А што е овде контрадикторно едно со друго? Апсолутно ништо. Истата прикаска сегде.

7. А оние што го придружуваа стоеја неми, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
9. А оние кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот што ми зборуваше.

14. и кога сите паднавме наземи,
А оние што го придружуваа стоеја неми

10. Тогаш реков: 'Што да правам, Господи?' А Господ ми рече: 'Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!'

6. Но стани и застани на своите нозе, зашто затоа ти се јавив, за да те назначам за служител и за сведок, како за ова што го виде, така и за она во кое ќе ти се објавам;
17. избавувајќи те од луѓето и од народите, кај кои те праќам,
18. за да им ги отвориш очите, да се одвратат од темнината кон светлината, од сатанската власт кон Бог, за да примат проштавање на гревовите и наследство меѓу осветените преку вера во Мене.

1. Дали виделе светлина или слушнале глас, не може двете
2. Дали само Павле паднал на колена а другите стеле или сите паднале наземи
3. Дали одма Исус му објавил задачата или му рекол да оди во Дамаск па тамо ќе му се каже што му е определено

?????
 
7. А оние што го придружуваа стоеја неми, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
9. А оние кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот што ми зборуваше.
Е ова не го забележав. Навистина, проблематично кога ќе се спореди. Едно "не" на истиот збор многу менува. Но, тоа може да е сосем прашање на превод, и на невнимание при многувековни јазични адаптации. На пример, види што стои во една англиска верзија за 9-кана. Вели:
My companions saw the light, but they did not understand the voice of him who was speaking to me.
Друго: ако виделе светлина не значи дека виделе некого.
14. и кога сите паднавме наземи,
А оние што го придружуваа стоеја неми
Ова нема врска. И да си паднат на земи може да стоиш (мирно, да не мрдаш, да не движиш)
10. Тогаш реков: 'Што да правам, Господи?' А Господ ми рече: 'Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!'

16. Но стани и застани на своите нозе, зашто затоа ти се јавив, за да те назначам за служител и за сведок, како за ова што го виде, така и за она во кое ќе ти се објавам;
17. избавувајќи те од луѓето и од народите, кај кои те праќам,
18. за да им ги отвориш очите, да се одвратат од темнината кон светлината, од сатанската власт кон Бог, за да примат проштавање на гревовите и наследство меѓу осветените преку вера во Мене.
Е овде не знам шо да речам. Ни превод е во прашање, ни јазична логика. Но ова прашање воопшто не го менува фактот дека настапил почетокот на самата мисија (преобратувањето савлово). А исто така, сигурно е дека уште многу му имал Господ за објавување на Павлета од кажаното на патот кон Дамаск.
 
Е ова не го забележав. Навистина, проблематично кога ќе се спореди. Едно "не" на истиот збор многу менува. Но, тоа може да е сосем прашање на превод, и на невнимание при многувековни јазични адаптации. На пример, види што стои во една англиска верзија за 9-кана. Вели:
My companions saw the light, but they did not understand the voice of him who was speaking to me.
Друго: ако виделе светлина не значи дека виделе некого.
Ова нема врска. И да си паднат на земи може да стоиш (мирно, да не мрдаш, да не движиш)

Е овде не знам шо да речам. Ни превод е во прашање, ни јазична логика. Но ова прашање воопшто не го менува фактот дека настапил почетокот на самата мисија (преобратувањето савлово). А исто така, сигурно е дека уште многу му имал Господ за објавување на Павлета од кажаното на патот кон Дамаск.

Ова се три искази од Павле. ТОЈ опишува, е сега на нему самиот не му е јасно дали ВИДЕЛЕ светло а НЕ СЛУШНАЛЕ глас или СЛУШНАЛЕ гла а НЕ ВИДЕЛЕ светло. тој самиот кажува дека ТОЈ паднал на колена а другите СТОЕЛЕ немо па пак кажува дека СИТЕ паднале на колена, тој самиот кажува дека е пратен во амаск без појаснување па кажува дека на лице место му е дадено појаснување за неговата мисија....

Али ете вака, денес да дојде човек и каже “Мене ми се јави Исус во вид на светлина и ми рече да ја ширам неговата реч“ и при тоа да каже еднаш дека некои други ВИДЕЛЕ али не СЛУШНАЛЕ па потаму да каже дека тие СЛУШНАЛЕ али не ВИДЕЛЕ, па да каже дека тој бил на колена а другите стоеле па пак да се испраи дека сите стоеле, па да каже дека дури во Дамаск му е кажана мисијата па пак да смени исказ дека одма му е кажано што е неговата цел и мисија.... дали би бил за верба.
Кај било кој судија вакви 3 контрадикторни искази од ист човек за ист настан би ги отфрлил како неверодостојни.

А во христијанството тие три контрадикторни искази се земени како доказ дека Павле е избран од Исуса да ја шири неговата реч (коаа пак реч се разликува од онаа која ја ширеле првите христијани, учениците и апостолите на Исус и неговиот роден брат - Јаков.

Значи иди човек кој убивал затварал и прогонувал христијани, дава 3 различни описи на еден кус настан и станува творец на христијанството кој ги сменува законите и прописите на првите христијани.
Тој делува како уфрлен аагент со цел да ја разбие оригиналната исуова идеја.
 
Ти кажав што мислам за исказите. Но, не можам да видам во што суштинско се разликува павловата реч од изворното христијанство. Па и Павле проповеда љубов и добрина, и Павле вели дека Христос умрел за нашите гревови и воскреснал, истите вредности итн. Што изменил Павле и во што се разликува делото негово од основната добропозната христијанска доктрина?
 
Види, без навреда, но стварно не ти е позната историјата на настанокот на христијанството и самите почетоци на христијанството. Ти сега ја знаеш Павловата верзија на христијанството и нормално е во неа да се тргнати, избришани и изменати идеите и целите на Исус. Или поедноставно, Исус е прилагоден на Павловото учење. Ако внимателно и детално ја ПРОУЧУВАШ библијата, ако седниш да истражуваш тоа и ќе го увидиш. И низ самиот Нов завет останале показатели дека судири, раздвојувања и несогласувања помеѓу Павле, Петар Јаков и останатите постоеле. Самиот Павле вели дека има многу разни толкувања, неговото, на Аполон (ученик на Јован кстител) на Петар па и на самиот Исус, дека учниците на Јован крстител имале грешно учење, дека Јаков и Павле имале различни погледи кон христијанството, дури и самипт Исус рекол јасно гласно и без обиколување дека не се менуваат законите прописите старозаветни а Павле ги сменал, Исус дури и предупредил никој тоа да не ве научи дека и најмалата заповед или закон ќе се сменат и пак му поверувавте на Павле дека се сменале и поништиле истиот Павле кој со 3 контрадикторни изјави станал “носител“ на Исусовата реч.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom