Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Од коа ја прочитав "Мит за сите времиња" од Стојмир Симјаноски изгубив ентузијазам за темава.
Што пари е книгава што ја зборите?

Книгата ја прочитев уште пред неколку години и стварно ми се допадна , ..
 
Прилично интересна и да не речам невероојатна приказна. Приказната на Били Маер. Кој сака нека погледне и сам нека пресуди.
Инаку првите 40 мин, некаде се повеќе за неговиот живот, делот со НЛО почнува потоа (иако се спомнува доста и претходно).
 
Феноменот на alien abduction. Документарец во кој се дадени искази, сведоци, т.н. abductees и истражувања на професорот од Харвард, д-р Џон Мек.
 
Чудeн летачки објект забележав од мојот стан, во Аеродром. Движењето беше нешто слично како хеликоптер, само што светеше комплетно црвено. За жал не можев да го сликам, додека го гледав се скри позади една зграда и не се појави. Дали некој друг забележа? (накај ТЕ-ТО)
 
Јас само ќе го цитирам Џејмс Оберг , најголемиот ум во историјата на земјата по ракетни и вселенски испитувања и експериментирања.

Цитирам: "Господа , не можеме да си го препишеме целиот технолошки развој во минатите 4 децении , ние имавме и помош" Потоа почна да ја образложува цела приказна и како власта на САД убила многу луѓе кои биле запознаени темелно со размената на технологија , а за возврат давале луѓе и животни за експерименти кои ги вршиле таканаречените "Сиви"

После прашањето на една новинарка , цитирам: "Господине ако власта убила толку луѓе , зошто вие сте жив и ни го образложувате ова овде?"

И одма следи одговор , цитирам: "Искрено од се срце посакувам да посегнат по мене , така само ќе ги потврдат и така точните теории кои ви ги давам. Но нема да се случи тоа , ќе останам жив за да остават сумња меѓу вас."

Ако некој може да ја најде книгата "Досиејата на ФБИ" , нека ја прочита книгата е фантастична , многу работи си го наоѓаат своето место во сложувалката , особено за убиството на Кенеди , и како образложува со цврсти докази дека Освалд во животот уствари никогаш не ни пукал со огнено оружје , а камоли да убие претседател на најголемата светска сила. Нема да ви откривам повеќе , најдете и читајте. :)
 
Прилично интересна и да не речам невероојатна приказна. Приказната на Били Маер. Кој сака нека погледне и сам нека пресуди.
Инаку првите 40 мин, некаде се повеќе за неговиот живот, делот со НЛО почнува потоа (иако се спомнува доста и претходно).

Од сите стории кои ги имам истражувано, ова на Били Маер е таа со најмалку кредибилитет. За интересна, интересна е, ама од истражувачка гледна точка, има премногу глупости во неа за да е вистина.
 
Во краткиот документарец кој во 20 минути ги прикажува сите битни докази, дека Католичката црква е една од најинформираните институции за вонземјаните и дека таа со векови работи на прикривање на нивното постоење
 
Знаат уште во времето на Инквизацијата. Црквата палела вештерки и вештери не само заради политички поени, кастрење луѓе кои применуваат хомеопатија, или поинакви верувања, туку и луѓе кои биле во контакт со "демони". Во поново време, ги чистела Илуминатите бидејќи голем дел од просветленоста ја добиле од "демони" :). Што мислиш, зошто оригиналните Илуминати се ставени во сатанистичко руво? :D

Не зборам за тие групации кои денес се посочени како Илуминати, зборам за тие пред неколку века, да не се случи забуна.

Одамна знаат, и истите наводно "ловат" вонземјани присутни на планетава, според некои теории на заговор. Или барем оние што личат на нас :).
 
Од сите стории кои ги имам истражувано, ова на Били Маер е таа со најмалку кредибилитет. За интересна, интересна е, ама од истражувачка гледна точка, има премногу глупости во неа за да е вистина.
Па затоа пишав, прилично интересна и доста неверојатна приказна. Сепак ја поставив, чисто некој ако сака повеќе да дознае за истата, па нека си пресуди сам :)
 
Па затоа пишав, прилично интересна и доста неверојатна приказна. Сепак ја поставив, чисто некој ако сака повеќе да дознае за истата, па нека си пресуди сам :)

Не викам дека немал контакт со вонемјани, но се сомневам во деталите на информациите, кога веќе материјалот што беше издаден од него како доказ беше докажан дека лажен.

Ќе постирам подоцна зошто мислам дека самите тврдења за контакт можно е да му се вистинити.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom