Прво, се извинувам ако некој претходно се има изјаснето за истово што јас ќе го кажам, ама 215 страни are too much for me to read.
Е сега..
Дека има вонземјани, да не речам се уверив после една прочитана книга, која ја препорачувам на сите што ги интересира оваа област, а тоа е Досиејата на ФБИ, автор конкретен нема, зошто се документи и изјави собрани во една книга.
Во книгава се вели дека вонземјаните се на Земјава уште пред нас. Имаат многу, многу напредна техонологија, и зборуваат телепатски.
Имаат многу подземни бази низ светов, повеќе ги има накај Мексико, Невада и Канада ако се сеќавам добро.Први во контакт со нив стапиле, кој друг ако не САД и имаат склучено договор со кој вонземјаните им даваат технологија во замена за луѓе и животни.
Во период од 1973 па се до 1980 се случиле голем број на колежи на животни, стока, кои биле премногу прецизно извршени, а им биле извадени внатрешните органи како и сета течност од животните.Причината поради која вонземјаните колат животни е бидејќи тие имаат генетско нарушување кое се состои во тоа што нивниот дигестивен систем е атрофиран и не е функционален, па со цел да се одржат во живот тие користат ензим кој се добива од ткивото кои тие го извлекуваат од жуѓето и животните.( кравите и луѓето се генетски слични )
Има 4 вида вонземјани:
-Сиви
-Сиви со големи носеви
-Хуманоидни видови со светла боја на кожата, или т.н Нордијци
-Хуманоидни видови со портокалова боја на косата, т.н Портокалови.
Познатата Област 51 е само една област од многуте, каде се испробуваат леталата од страна на Американците, и ништо повеќе.
Сите филмови, стрипови, цртани итн се пуштени намерно од страна на Владата на САД со намера да се види како луѓето би реагирале на вонземјаните.
Исто така, и Луѓето во црно се вистински, само што немаат онакво као камерче што ќе те сликне за да забораиш се

, туку ги посетуваат сите сведоци што ги забележале и се обидуваат да ги замолчат, некогаш со закани, некогаш и не.
Возат црни мерцедеси, целите се облечени во црно, носат црна капа и црна ролка и имаат темен тен, а поспецифично за нив е дека тие се однесувале како роботи, или андроиди.
Уште нешто што ми привлече внимание е што тие тврдат дека Исус не постои, туку сето тоа го смислиле самите и на Американците им пуштиле холограм од распнувањето на Исус.
Ова е нешто накратко, за повеќе книгата ќе си ја прочитате.