Доколку се толку технолошки напредни и ете не посетиле значи мора да се напредни и во некој духовно, психолошко, морално етички правец и наместо целиот труд, енергија и знаење да го искористат за смоуништување (како што правиме ние) го вложиле за истражување на универзумот и различните видови во него. Можеби нашите сеуште теоретски претпоставки ги претвориле во практика и се послужиле со неа. А зошто тоа (доколку се случило, посетата) го држат во тајност, или контактираат со одредени групи или така да се изразам влијателни личности ми е сосема логично поради логиката, навиката и нивото на свест кај повеќето овде на земјата, кај толпата кое оди вака:
Наместо да се збунува народот кој е навикнат во голема мера да верува дека земјата е стара 5000 години и дека Исус или Мухамед или кој и да е се единствената вистина за која се спремни да убијат и за која се држат како за сламка, како воспитна сламка и многу потребно воспитно заплашување со пекол и рај за да не се испоубијат поради сопствената глупост, сеуште е подобро никој ништо да не знае и никој ништо да не видел.