Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Феноменот во Хесдален, Норвешка.
Овој феномен веќе трае со години, некаде преку 20 години ако не се лажам, има собрано тони видео снимки и фотографии, објаснувања за тоа што се случува таму, не постојат. Феноменот е доста необичен и како и со многу вакви работи, воопшто не му се дава никакво значење. Сепак има поставено мерна станица од некој норвешки универзитет која постојано прави снимки и видеа. Прочитајте го објаснувањто и погледнете го видеото:
http://topdocumentaryfilms.com/portal-hessdalen-lights-phenomenon/
 
Чекај, не сме веќе во Водолија, а ја чекаме ерата на Риби? Или сум помешал нешто? И кога иде ерата на Шкорпијата, да знам колку имам за чекање? :D
http://en.wikipedia.org/wiki/Ichthys
http://en.wikipedia.org/wiki/Astrological_age#The_Age_of_Taurus_.28The_Taurean_Age.29
Твојта ера за едно 6.000 години ќе да биде :icon_mrgr:
 
Fuck :eek:

That's a lotta years :/
--- надополнето: 13 декември 2012 во 00:59 ---
Еве јас ќе почнам со моите поставки овде.
Пред да почнам да постирам за тие што ги набројав погоре, сакам да постирам за неколку (повеќето не толку познати) случаи кои мислам дека се прилично интересни, (барем за мене) и заслужуваат внимание.
1. Слетувањето во Вороњеж. НЛО Слетува во градот Вороњеж на 27 Септември1989. Имало стотици сведоци, меѓу кои и полицајци, и други релевантни лица.

http://www.prufon-news.com/2011/02/voronezh-russia-ufo-landing.html

Ех да е само тој. Колку ги има, и кои се доста релевантни ... Навистина не ја разбирам скепсата.
 
Еден од најчудните, и за среќа најдобро документираните случаи на НЛО слетување е забележан во Варжиња, Бразил во 1996 година. За овој настан постојат стотици сведоци, постојат доста забележани случани на изгореници по телата кај луѓето кои биле осветлени од светлата кои се гледале навечер, а што е доста интересно, во потрагата по најверојатно паднатиот НЛО се вклучува и армијата. Операцијата ја предводи командирот Уранге Холанда, опеацијата ако не се лажам траела неколку месеци, по што била изненадно прекината. Холанда во 1997 година дава интервју за бизарните работи што му се случувале нему и на војниците при операцијата, за тоа што го видел, и две недели по интервјуто човекот мистериозно и под сосема неразјаснети околности се самоубива.
http://www.phils.com.au/hollanda.htm
http://topdocumentaryfilms.com/new-roswell/
Еве видео за настанот:
Еве и видео од интервјуто на командирот после кое се самоубива
--- надополнето: 13 декември 2012 во 01:10 ---
Инцидентот во Ренделшам, Велика Британија.
Ова се случува близу база на американската војска во Британија. Го викаат уште и британскиот Розвел
 
Interesnoe site tie nlo pagat vo racete na kgb i nasa.sto ne padna edno vo skopje sigurno zivise inace kako bi dosle kaj nas.Neka pustat snimka vo zivo na tv so ziv covek, pravat autopsija so kukla od vosok ili nekoj drug matrijal.Jas ne veruvam golema prevara
 
Погледна некое од видеата погоре? Најверојатно не. Прво разгледај, истражи, не донесувај заклучоци пред време и без никакво познавање на материјата. Не само за НЛО туку и за секоја друга тема.
 
Еве јас ќе почнам со моите поставки овде.
Пред да почнам да постирам за тие што ги набројав погоре, сакам да постирам за неколку (повеќето не толку познати) случаи кои мислам дека се прилично интересни, (барем за мене) и заслужуваат внимание.
1. Слетувањето во Вороњеж. НЛО Слетува во градот Вороњеж на 27 Септември1989. Имало стотици сведоци, меѓу кои и полицајци, и други релевантни лица.

http://www.prufon-news.com/2011/02/voronezh-russia-ufo-landing.html

Ејј дај те молам, убаво вика Гестапо, тешка превара и обид на медиумите да добијат на гледаност, потреба од сензација. Како може да верувате на вакви работи не ми е јасно..
"Drawings of the landings by children who were there captured the event vividly" Дај бе не ме зезај :pos:
Еве едно прашање: Нели најпознатиот вид на вонземјани се т.н "The grays", кои што се и најчесто опишувани од страна на тие наводно "грабнатите". Мали, слаби, со големи глави. Како сега овие вонземјани се дури и поголеми од луѓето а? Слетале во паркот, излегле со робот, се прошетале и си отишле? ХАХАХА! Кај е логиката тука?
Ништо нема на видеово, ништо, ни доказ, ни логика, ништо само глупости, и некои утепани руси кои треба да изиграваат јаки сведоци.
Другите се долги неам време сеа да ги глеам, ќе ги погледнам за викендов се надевам.
 
На погрешни места бараш логика.
Ако веќе одиме така, "најпознатиот" тип на вонземјани не значи и единствениот тип на вонземјани.
По што заклучи дека "утепаните руси" не се "јаки" сведоци не знам. Што е за тебе јак сведок?
Еве изгледај го видеото за НЛО во Бразил па понатака пак ќе дискутираме. Понатаму ќе додадам други видеа, каде на темата зборуваат доволно компетентни луѓе кои и по твоите критеримуи би требало да бидат вброени во јаки сведоци.
 
Зошто на погрешни места барам логика? Ако се работи за вонземјани тука не треба да има логика? Ако навистина сме посетени од вонземјани, тие вонземјани би биле толку технолошки и на секој друг начин понапредни од нас, да две работи би се случиле: или би не' колонизирале веднаш, или не би ни биле свесни за нивното присуство, како што и многумина тврдат дека не сме. Сигурно нема да се симнат на игралиште и да зимаат примероци од почвата.. И сакаш да кажеш дека не сме посетени од еден, туку од повеќе видови на вонзејмјани? И сите тие, кај се? Стојат во орбитата на невидливи локации со нивните флоти? Искачаат од некои портали? Киднапираат луѓе и крави, вршат експерименти на нив и ги враќаат на Земјата? И све ова го праат со децении и ништо не се мења..

А сведоците се сите или луди луѓе или некои пензионирани или отпуштени пилоти, генерали, квази научници и не знам што кои лесно можат лажно да сведочат за да се здобијат со внимание или ако некој добро им плати за тоа да го зборат.
Додека не го изгледам другото видео нема да дискутирам, иако мислам дека и тоа ќе биде same old shit :)
 
Ок како сакаш, ама очигледно ти ја гледаш само едната страна од медалот.
Нема логика да очекуваме нешто од суштества за кои не знаеме буквално ништо. Не знаеш ни како се развиле, ни каква им е свеста, ни дали се воопшто слични со нас или се тотално различни, се обидуваш да сфатиш нешто што е надвор од секое наше спознание, така да, едноставно секоја логика паѓа во вода овде.
Баш поради тоа, не можеш да претпоставиш што би правеле тие вонземјани овде, поради тоа што не сме на нивното ниво и не размислуваме на ист начин.
Исто така не знам што ти е чудно во болдираното. И што би требало да се смени според тебе после толку децении?
А видеа има колку сакаш, илјадници случаи, што повеќе што помалку документирани. Да кажеш дека некој бара внимание е ок, ама да се потпира човек на таа поставка постојано и да ги дискредитира сите кои имале допирни точки со таа тема, без да ја чуе нивната страна и без да проба да истражи барем нешто околу тоа, е во најмала рака смешно.
 
Зошто на погрешни места барам логика? Ако се работи за вонземјани тука не треба да има логика? Ако навистина сме посетени од вонземјани, тие вонземјани би биле толку технолошки и на секој друг начин понапредни од нас, да две работи би се случиле: или би не' колонизирале веднаш, или не би ни биле свесни за нивното присуство, како што и многумина тврдат дека не сме. Сигурно нема да се симнат на игралиште и да зимаат примероци од почвата.. :)

Доколку се толку технолошки напредни и ете не посетиле значи мора да се напредни и во некој духовно, психолошко, морално етички правец и наместо целиот труд, енергија и знаење да го искористат за смоуништување (како што правиме ние) го вложиле за истражување на универзумот и различните видови во него. Можеби нашите сеуште теоретски претпоставки ги претвориле во практика и се послужиле со неа. А зошто тоа (доколку се случило, посетата) го држат во тајност, или контактираат со одредени групи или така да се изразам влијателни личности ми е сосема логично поради логиката, навиката и нивото на свест кај повеќето овде на земјата, кај толпата кое оди вака:
598506_4646216486480_1838342547_n.jpg

Наместо да се збунува народот кој е навикнат во голема мера да верува дека земјата е стара 5000 години и дека Исус или Мухамед или кој и да е се единствената вистина за која се спремни да убијат и за која се држат како за сламка, како воспитна сламка и многу потребно воспитно заплашување со пекол и рај за да не се испоубијат поради сопствената глупост, сеуште е подобро никој ништо да не знае и никој ништо да не видел.
 
Ок како сакаш, ама очигледно ти ја гледаш само едната страна од медалот.
Нема логика да очекуваме нешто од суштества за кои не знаеме буквално ништо. Не знаеш ни како се развиле, ни каква им е свеста, ни дали се воопшто слични со нас или се тотално различни, се обидуваш да сфатиш нешто што е надвор од секое наше спознание, така да, едноставно секоја логика паѓа во вода овде.
Баш поради тоа, не можеш да претпоставиш што би правеле тие вонземјани овде, поради тоа што не сме на нивното ниво и не размислуваме на ист начин.
Исто така не знам што ти е чудно во болдираното. И што би требало да се смени според тебе после толку децении?
А видеа има колку сакаш, илјадници случаи, што повеќе што помалку документирани. Да кажеш дека некој бара внимание е ок, ама да се потпира човек на таа поставка постојано и да ги дискредитира сите кои имале допирни точки со таа тема, без да ја чуе нивната страна и без да проба да истражи барем нешто околу тоа, е во најмала рака смешно.

Да се потпира човек на претпоставка дека се што е чудно или необјасниво е вонземјанско, е тоа е смешно. Ја еднаш видов три светли точки кои летаа во формација преку цело небо, без проблем можам да кажам дека биле вонземјани. Без проблем. Не ми треба логика, зашто секоја логика паѓа во вода кога се работи за овие суштества.
А што би требало да се смени? Па не знам, НЕШТО, коа веќе дремат овде толку време. Знаеш колку ресурси нив би им требале за цело ова време да се одржаваат горе во вселената? Зошто тоа би го праеле ако не сакаат да постигнат или да сменат нешто на планетава? Што, онака постојано си се присутни, си живеат во своите вселенски бродови со децении ради разонода? Ние сме млада цивилизација, па дури и млада планета, и за некоја друга цивилизација што би била толку развиена за да може да допатува до овде, не верувам дека би им биле до толку интересни. Всушност, реков, или би не колонизирале, или не би не фермале ни 2 посто.

Доколку се толку технолошки напредни и ете не посетиле значи мора да се напредни и во некој духовно, психолошко, морално етички правец и наместо целиот труд, енергија и знаење да го искористат за смоуништување (како што правиме ние) го вложиле за истражување на универзумот и различните видови во него. Можеби нашите сеуште теоретски претпоставки ги претвориле во практика и се послужиле со неа.

Ете ти контрадикторност. Знаеш ли ти дека сите жртви на киднапирање од страна на вонземјани, тоа го опишуваат како најгрозно искуство? Вонземјаните те парализираат, те носат во некаква просторија, со најразлични инструменти ти вршат експерименти, врз жените вршат абортуси или вештачки оплодувања, ти будаат сонда во телото, ти ја бришат меморијата и те враќаат дома? На кравите хируршки им отстрануваат делови од телата и лешовите им ги фрлаат по ливадите.. Тоа е високо ниво на етика и морал, и духовна развиеност и ми изгледаат исто такви мирољубиви суштества како од сцената во Симпсонови.

Значи немојте со тоа дека они тука остваруваат контакт само со одредени особи, се кријат, не' истражуваат, сакаат да ни помогнат на некој начин итн.. Во очите на било која вонземјанска раса која би ја имала технологијата за патување меѓу ѕвезди, ние би биле обични примитивни мајмуни и скроз небитни и неинтересни за нив.
 
Да се потпира човек на претпоставка дека се што е чудно или необјасниво е вонземјанско, е тоа е смешно. Ја еднаш видов три светли точки кои летаа во формација преку цело небо, без проблем можам да кажам дека биле вонземјани. Без проблем. Не ми треба логика, зашто секоја логика паѓа во вода кога се работи за овие суштества.
А што би требало да се смени? Па не знам, НЕШТО, коа веќе дремат овде толку време. Знаеш колку ресурси нив би им требале за цело ова време да се одржаваат горе во вселената? Зошто тоа би го праеле ако не сакаат да постигнат или да сменат нешто на планетава? Што, онака постојано си се присутни, си живеат во своите вселенски бродови со децении ради разонода? Ние сме млада цивилизација, па дури и млада планета, и за некоја друга цивилизација што би била толку развиена за да може да допатува до овде, не верувам дека би им биле до толку интересни. Всушност, реков, или би не колонизирале, или не би не фермале ни 2 посто.

За првиот болд, тотално извртување на тезите. Јас такво нешто никаде не спомнав. Јасно кажав дека ти, јас, кој и да било друг, не може да знае на каков начин функционираат тие, не можеш ништо да претпоставуваш за работа за која не знаеш ништо. Затоа и вториот болд за колонизирањето не ти држи вода. од едноставна приччина што не можеш да знаеш што би можеле да бараат овде. Исто така не можеш да знаеш дали живеат во вселенски бродови близу Земјата, дали воопшто имаат вселенски бродови, дали воопшто се телесни суштества, дали доаѓаат преку портали, црвји дупки, или што и да е.
Од тоа што го пишуваш можам јасно да заклучам дека ти си имаш поставено рамка во твојата свест, дека денес не е можно никаква посета на вонземјани/НЛО, па секое спротивно тврдење/претпоставка пробуваш да го видиш низ таа рамка и го дискредитираш без да го разгледаш доволно. Ако сакаш да се занимаваш со таква тема треба и умот да ти биде отворен за парадигми тотално различни од веќе поставените.
 
Ете ти контрадикторност. Знаеш ли ти дека сите жртви на киднапирање од страна на вонземјани, тоа го опишуваат како најгрозно искуство? Вонземјаните те парализираат, те носат во некаква просторија, со најразлични инструменти ти вршат експерименти, врз жените вршат абортуси или вештачки оплодувања, ти будаат сонда во телото, ти ја бришат меморијата и те враќаат дома? На кравите хируршки им отстрануваат делови од телата и лешовите им ги фрлаат по ливадите.. Тоа е високо ниво на етика и морал, и духовна развиеност и ми изгледаат исто такви мирољубиви суштества како од сцената во Симпсонови.

Значи немојте со тоа дека они тука остваруваат контакт само со одредени особи, се кријат, не' истражуваат, сакаат да ни помогнат на некој начин итн.. Во очите на било која вонземјанска раса која би ја имала технологијата за патување меѓу ѕвезди, ние би биле обични примитивни мајмуни и скроз небитни и неинтересни за нив.

Баш затоа што за нив сме како што се за нас глуфците - експеримент, значи велиме дека (ако) не посетиле и исконтактирале со нас. А тоа со "киднапирањата" не мора да биде целосна вистина затоа што при хипнотички сон се случуваат визуелни и звучни халуцинации кои халуцинации се индивидуални т.е. ако веруваш во самовили (како што познавам еден случај) ќе те киднапираат самовили, гоблини итн...а во случајот вонземјани а како, и што ќе се одвива за време на "киднапирањето" во голема мера зависи од тоа што проголтало несвесното од страна на приказни, легенди, филмови, книги, телевизија и интернет итн...
Инаку затоа јас реков духовно, психолошки, морално/етички напредок, еве ако го изоставиме духовниот и останатите три поточно психолошкиот, интелектуалниот е доволен за да ја претвори како што реков теоријата во пракса додека останатите два (моралниот и етичкиот) знаат да бидат искорумпирани доколку не е избалансиран и исконтролиран духовниот (луд научник ефект).
Сето се сведува на "можеби" и (ете го пак) "можеби" станува збор за крајно несватлива "уврнута" т.н. "реалност" / димензија од таа што ние ја "познаваме"...

Не е многу важно тоа дали не посетиле или не ионака ако веќе го сториле тоа ние не можеме ништо да сториме во врска со тоа каква и да им е намерата. Туку несериозно е да се отфрла секоја можност тоа да се случило само за да се чувствуваме нормални, паметни и совесни со намера да се исмеваме на "поинаквото" размислување како што се случувало многу пати низ историјата и влијаело врз уназадување на било кој напредок што се тиче човечанства :)
 
stipsburg The Magus: Се слагам со двајцата. Можно е до мене сега да седат вонземјани. Можно е нашиот сончев систем да е крстосница на интергалактички раси и цивилизации а ние да не сме свесни за тоа. Ха, па можно е дури и да живееме вo "Матриксот". Не ги отфрлам овие можности. Вселената ја имаме истражено само 3 посто, не знаеме ни црна дупка што е.

НО, ако почнеме вака, тогаш нема ни зошто да се замараме со овие работи. Наместо тоа, јас барам докази и објаснувања според материјалите што ни се познати, видливи, опипливи и за кои може да донесеме разумен и логичен заклучок. Toa e таа рамка, рамка на разумно размислување. Доколку вонземјаните треба да слетаат со вселенски брод на нашата планета, да се прошетаат по неа, и да земат примероци од почва, тогаш тие вонземјани се телесни, со вселенски бродови, дури и само неколку стотици години понапред од нас, а тоа.... е невозможно. Ова го кажува нашата човечка логика, нашите истражувања, нашата наука, се' она што нас не' допира и ни влијае. Прочитајте малку Карл Саган, Мичио Каку, Стивен Хокинс, и прекинете да им верувате на овие интернет преваранти.

А иначе да, можам да ja тргнам рамката и да кажам и да верувам дека вонземјани имаат слетано на Земјава, а сите нелогичности, дупки и недостатоци на докази да ги оправдам со тоа дека тие се толку различни од нас, толку над нас, што се едноставно несфатливи. Еве, ја мислам дека во внатрешноста на Месечината има вонземјанска база, вонземјаните од тамо ги вршат своите операции на Земјата. Зошто, како, кај е логиката тука, е тоа ние не го знаеме и не можеме да го сфатиме. Кул, а?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom