Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме кај овој патен правец, во овој период обично го избегнувам, и за да стигнам до Тиквешијата, одам преку Криволак. Тоа е скоро па пуст пат, среден е убаво, го асфалтираа пред неколку години, јес да се вози споро, но многу побезбедно е и истиот го препорачувам.
 
Кога сме кај овој патен правец, во овој период обично го избегнувам, и за да стигнам до Тиквешијата, одам преку Криволак. Тоа е скоро па пуст пат, среден е убаво, го асфалтираа пред неколку години, јес да се вози споро, но многу побезбедно е и истиот го препорачувам.
Мислиш преку Пепелиште од Радовиш преку планината Серта ?
 
Навистина страв да те фати да ги возиш овие 35км од луди возачи. И не ми е јасно секоја година се гине тука,сигурно сите читаат за тоа и знаат за опасноста од овој дел на патот и да бидеш пак ретардиран да форсираш брзина со престигнување на овој дел. Со нормално возење овој пат се минува за 30 минути и толку ли е навистина тешко да се вози претпазливо 30 минути бидејќи цела друга делница е возење без разминување со други возила. За жал секогаш страдаат невини кои си возат по сите прописи.
 
Графички приказ на ТВ Нова прикажува како дошло до сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија – Удово.

 
Сега разбрав: Автобусот е оној од Струмица за Битола. Требаше со него сабајлево да патуваат сопругата и децата, ама одложивме.
 
Значи аудито ниту претекнува , ниту удара во автобусот. По се изгледа хоштаплерот од автобусот е причината за несреќата кога преминал во другата лента , ако се десило како на графичкиот приказ. Аудито вешто избегува во неговата лента , и несреќникот позади него нема време да реагира.
 
Мене ми е чуден овој приказот...
Не велам дека можеби не било така, ако било така, тогаш автобусот е крив, но на снимките по вести се гледа дека и Аудито фронтално удрило во нешто, така да... истрагата ќе каже.
Ние овде само нагаѓаме.
 
Кога и да го возам овој пат се молам пред мене да се погоди некој автобус или камион, и полека сигурно позади него си се кријам и си поминувам без мака.
 
Ако е точно видеово, ништо чудно шоферов на автобусов да подзаспал или се замислил.
 
Овие со сеичентото на одмор си оделе сабајлето по се изгледа. Греота, уште повеќе за детето од седум години без родители да расте со трауми. Цела млада фамилија избришана ебате...

Јас колку што разбрав аудито претекнувало и автобусов да го избегне отишол на лентата кај сеичентото.[DOUBLEPOST=1470251447][/DOUBLEPOST]
Кога и да го возам овој пат се молам пред мене да се погоди некој автобус или камион, и полека сигурно позади него си се кријам и си поминувам без мака.

Истото и јас. Какви лудаци има, мислат дека животот е супер марио па по три животи имаат. Мислат дека Мадињата им растат со коњажата на колата.
Кур ме боли за будалата, ама по некоја случајност се невини гинат во вакви несреќи.
 
Ако е точно видеово, ништо чудно шоферов на автобусов да подзаспал или се замислил.
Може и некое истечено масло на патот да е.

Мора да се земе предвид дека луѓево што се тргнати од Србија, на овој дел од патот, ако се од север може да се веќе на изминати 500-600км па и повеќе. Замор и топло време веќе ги фаќа баш на овој дел, па брзаат да стигнат побрзо. Гледам дека локални служби на брза помош дежураат на бензинските пумпи за побрза интервенција, ама мора и полицијата да е поригорозна и повеќе да ја има, за да не се опуштаат толку. Секоја година вака цели семејства испраќаме...па минатите години имаше и српски загинати семејства. Имам некои роднини од таму според кои Грција многу повеќе е избрана за одмор заради полесниот пат, наспроти оној хорор пат покрај Морача, ама ете и овој наш краток двосмерен дел често е кобен. Греота за луѓево, посебно детето...ќе остане сирак, ако воопшто преживее.
 
:tapp: :facepalm: :boksix:

ТРАГЕДИЈА КАЈ КАЛИМАНЦИ: Автомобил потонал во езерото, се стравува за двајца загинати
Според тековните информации, полицијата веќе го истражува случајот

езеро Калиманци (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Според информациите кои ги пренесоа повеќе македонски медиуми, две лица загинале попладнево откако автомобилот со кој патувале излетал во вештачкото езеро кај браната Калиманци.

Се претпоставува дека пронајденото возило е од марката „форд“.

На површината на езерото било забележано женско безживотно тело, а според неофицијални информации во автомобилот се наоѓало уште едно, најверојатно машко лице.

Засега не се познати повеќе детали за тоа како дошло до незгодата, а според тековните информации полицијата веќе го истражува случајот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom