Се почесто те мислам, знаеш... и да: пред некое време, во старечкиот дом во кој сум на пракса донесоа една жена шо повеќе не може да говори и не може да се движи а неколку дена покасно го нејзиниот маж. За разлика од жена му маж и може да зборува ама не е баш ориентиран во времето и просторот и често пати е збунет. Тоа шо најмн ме погоди е тоа шо сеуште ја препознава и покрај неговата болест. Искрено донекаде им завидувам оти и жена му покрај тоа шо не говори, не престанува да го гледа. А човекот продолжува да и говори и говори. Благо кажано тоа е најдобар пример на онаа "и во добро и во лошо како и во здравје и болест". Посакувам да го видеш тоа шо јас да не кажам го гледам скоро секој ден.
Да се вратам на тоа шо ти велев дека те мислам: којзнае, може тоа е така оти у празничната еуфорија шо се креира од ден на ден, човек сака да е со некој шо го сака и го сака покрај себе.. а јас тебе те сакам и ужасно мн ми недостигаш... Твој, И.