Се чуствувам како да сум заробена со самата себе.
Искрено, се чуствувам лошо.Додека полошиот дел од целова моја ситуација е дека и правам и останатите околу мене да се чуствуваат понекогаш ( за среќа, понекогаш ) така.
Целата ситувација е дека ми тежнаат годините и со самото тоа сакам некој да имам покрај себе. Некој со кој можам да зборувам за се и сешто.Некој кој ќе ми кажува зафркнација и јас ќе се смеам до тој степен со кој ќе предизвика и солзи во моите очи.Сакам порака да добра ноќ или можеби подобро ќе звучи ако кажам дека сакам разговори телефонски, онака долги.Да ми го раскажи како му бил денот. Сакам пиење на кафе со некој и долги прошетки...сакам со некој да го почнам денот.
Сакам некој само пак да ми дад верба во љубовта.
Верувам во љубов...
ама како да ја нема, бар не сега за сега.
За мене не е љубов доколку видам како некои машки кои пред неколку месеци ми пишувале мене, сега имаат женска...мислам дека освен онаа на почетокот што го пишав дека се чуствувам заробена, се чуствувам и осамена.
Како да немам никој.
Верувам дека постои некој.Некој кој ќе ми покаже дека бакнежот е најубавиот подарок

И, искрено, најисркрено со душа го сакам тој ден...
поради самиот факт дека поголем процент од машките се само за искористување на женски, еве не знам зошто..
ама ете дајте ми некој од помлиот процент...каде што ќе ме сака, таква каква што сум, ќе ме прифати со сите мои доблести и мани..
дајте ми го онај што ќе сака да оди во кафич и кога мојата коса изгледа ужасно, кога сум нервозна да ја балансира ситуацијата, кога ќе ме изненадува кога ми е најтешко
