Пиши бе нешто, пиши дека ти фалам, дека сум детенце на толку години, дека ме сакаш.. Неподносливо е ова што ми го правиш. Каде ти се емоциите? Не сум јас детето сега, ти си бил детето цело време. Едно лутливо, глупаво и себично дете. Не сакам да ме имаш, но ми недостигаш.. Никогаш не ја ни отсвири композицијата што ми ја посвети, а јас никогаш не ти ги дадов 10-те песни кои ги создавав за тебе, за твојата насмевка, за твојата рака. И мислам дека не ме ни сакаш. Си отидов, не ме ни праша што ми е, очекував дека ќе дојдеш по мене, но ти ја заклучи вратата... Не сум ти била нешто.
Си се пцујам