Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.youtube.com/watch?v=88obN_Uq29g

Се трудам целата болка да ја преточам во љутина и гнев...за да ми биде полесно и да престанам да те сакам..но не можам..колку се обидувам толку повеќе ми фалиш...се трудам да не милсам на убавите него само на лошите моменти за да почнам да те мразам и да почнам нов живот без тебе...и тоа е безуспешно...ме боли што знам дека животот не дава многу шанси за вистинска и искрена љубов како што беше нашата...ме боли што не ја сочувавме...ме боли што не можам да не мсилам како си што правиш, со кого си..како ти е без мене? Посреќен ли си сега? Зошто во посчедно време ништо не можеше да те направи среќен? Зошто во твојата душа има толку црнила? Знам дека животот не ти беше песна...ама се прашувам како може чиста душа како твојата да биде потопена со толкави црнила? Милион порази..и никогаш не се откажав од нас...дури и кога беше најтешко наожѓав начини да вратам се во нормала...Можеби те загуши мојата преголема љубов..не знам...Постојано се прашуам што ти недостигаше? Зарем можеше да дозволиш се да отиде по вада ради некои нормални недоразбирања кои сите ги имаат? Тогаш можеби и не си ме сакал вистински...не знам...Јас твоите мани ги претварав во злато...Имав понекогаш и повеќе причини да не те сакам отколку да те сакам....Да не те ценев ке те баталев многу одамна...знам дека го знаеш тоа...И сигурна сум дека ќе помине ова се...и сигурна сум ќе сфатиш еден ден и ќе се разбудиш и ке се запрашаш како си можел сето ова да го направиш...сигурна сум дека ке прогледаш кога тогаш...не знам дали ќе ме побараш затоа што си премногу горделив и тежок егоиста...ама знам...мојата љубов никогаш нема да ја заборавиш....и знам дека кога ке видиш се околу себе пак ќе ги бараш моите очи и топлината на мојата душа...и секој ден се повеќе ке ти фалат моите досадни пораки и моите маани....

http://www.youtube.com/watch?v=G35Ahxcaeo0
 
Кога би можел барем еднаш да ти ги кажам сите тие работи кои ми одекнуваат во главата, а јас цело време ги заќутувам, (можеби) би било многу поразлично… Те обожавам затоа што си така природна, ја обожавам таа твоја насмевка и кога со раширени раце доаѓаш да се гушкаме. Барем еден ден така двајцата да поминеме гушнати, обични и среќни, и да зборуваме или само да ќутиме и да ги гледаме нашите факинг омилени серии.
 
Да ме сакаше вистински како што збореше никогаш немаше да ме пуштиш да одам...ке се бореше и во најтешките моменти...немаше да бегаш секогаш кога нешто не ти одговара? јас не сум те ценела? е сега златен најди некоја што ке те цени..само знаеш...сигурна сум ни една нема да биде ни приближно како јас ниту во еден поглед..и ке сфатишп ти еден ден..и ке ме барашп цел живот..јас знам дека сум човек со душа...и со многу маани кои сум сигурна дека веке и почнуваат да ти фалат....
 
Бубу,
мразам кој се љутиш за банални ствари и поради тоа да се расправаме цело време.
И како секогаш ќе сфатиш дека си во грешка.
Зашто да го трошиме вака времето?
Дојди гушни ме и се ќе помине..
 
Умилкување

Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.

Ne mozam da ja baram temata za poraki. Od Petre M. Andreevski e.
 
Во врска со љубовта сакам да кажам дека горе доле се е до еб.ње–то, јас не сум сретнал девојка да оди подолго со некој дечко ако не ја задоволува истиот, или некој дечко да одбие некоја многу згодна девојка зашто е многу заљубен..
Дури тврдам дека девојките секогаш се враќаат кај тој добро што ги работел, и да има нов дечко и да нема она кога тогаш ќе пише порака во 3 сабајле, ќе дојде демек на кафе,а уствари...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Zbo
Види, ја у суштина би ти ја простил староста и неолибералниот систем на вредности што го носиш во себе, само ако испиеме едно кафе и ништо повеќе . Да седнеме едно 2 - 3 саати на опуштено попладневно кафе и да те оставам слободно да говориш и да ме возиш до Кембриџ и назад, а јас да те служам и да уживам во твојот начин на говор, манири, глас и стас. Ништо повеќе, тоа би било совршен ден.

пс штом веќе почнувам да пишувам на темава значи веќе почнува да проработува во мене семето синапово . Не ќе да е на арно, јас сум доживотен хејтер на семе синапово и остали срања.
 
Немам рецептори за љубов од спротивен пол....Само за пријателство....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom