Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Беше само еден поглед, неколку зборови и еден допир... Зошто толку мислам на тебе.
Не, не сум заљубен, не ги почуствував пеперутките во стомаков... О зошто??! Зарем една ноќ неколку бакнежи, нежни допири, беа толку моќни па да продреш толку длабоко во мене?!?! Не знам, но нема ден нема ноќ да не мислам на тебе.
Зарем тие неколку ТЕ САКАМ ми ги кажуваше радиреда, или моите ТЕ САКАМ не звучеа доволно убедливо?
Ти си таа која се откажа прва, која сакаше се да започне и заврши во една ноќ зошто?
А кога да се сретнеме на само гориш од желба да ги бакнеш моите усни... Грешам ли бидејќи секогаш ти го дозволувам тоа?!
Можеби јас треба да ставам крај, последниот потег да го повлечам... Не, не го можам тоа, не, не, не..
Рано е. Сеуште е рано да се откажам од тебе, јас не се откажувам, одам до крај на се или ништо..

Те сакам да знаеш, има нешто посебно во тебе, нешто.... посебно.. Те сакам.. шшшш

Sent from my LG-P990 using Tapatalk 2
 
Ти си мојот почеток...И крај ! Ти си мое се.
Ми ги даваш најубавите часови,ми го правиш животот поубав од кога и да било .
Ме сакаш, го знам јас тоа...Можам да го почуствувам тоа.
Не сакав да си заминам во Четвртокот од твојот дом, сакав да останам покрај тебе, како што бевме прегрнати слушајки го твоето срце како чука,испреплетувајки си ги ноџињата правејки си планови за иднината.
Прекрасна е мајка ти знаеш ? Одгледала предобар син.И мило ми е што ја запознав.
Ти... човеку на мојот живот...најважна ми е твојата срека.. Друго ништо не сакам,друго ништо не ми е потребно.
Сакам најмил мој да знаеш ...дека сето ова време те чекав тебе...Го чекав човекот кој ке знае како со мене,кој ке знае како да ме смири кога сум тажна...Човекот кој ке знае да се бори за мојата љубов..Човекот кој ке знае да ме насмее .Честитки,ти успева.

Те сакам.
 
Сакам да ти кажам дека после нас преживувам а не живеам...дека веќе не верувам во ништо...не можам да јадам да спијам..што и да фатам се ме потсеќа на тебе...дека оваа болка не му ја посакувам ни на најголемиот душман...дека целиот мој свет беше ти..те сакав на милион начини..само тебе ти дозволував да ме повредиш да ме понижиш за тебе да плачам и пак да и се радувам на твојата прегратка...не бев совршена правев грешки...ама те сакав до небо...ми недостига се наше...те барам секое утро кога се будам...те нема...мислам дека сонувам дека ова што се случува не е вистина...во мојата душа само бунило тага и болка...ми недостига твојата насмевка твоите очи...ми недостига да гледам и слушам кога си седиш на компјутер си читаш си пишуваш и сам си се смешкаш...ми се полнеше душата така иако тоа никогаш не ти го кажав...те мрзев кога ми викаше и не бираше зборови..те мрзев само 5 мин....после тоа те сакав уште повеке...не можам да живеам без тебе прасе...знам дек аво последно време не ти беше добро ти беа собрани многу работи...најмногу од се ме боли што не можев да допрам до тебе..имаше многу работи што ми сметаа кај тебе...ама сепак за мене беше најдобар..и ке бидеш секогаш...се би направила да сме пак заедно...сплат на околности доведоа до ова срање...и да го извадам прстенот од ракава мојава душа секогаш ке биде верена за тебе....http://www.youtube.com/watch?v=H_Pnxl_hb20...збогум љубави...ке те сакам секогаш...
 
не знам ни сама повеќе што да ти кажам...кога ти го слушаш само тоа што ти одговара...зошто си тврдоглав,егоиста и мислиш дека секогаш си во право...проклет да си што не знаеш да ја чуваш љубовта и среќата...сега уживај нема кој да те замара.,.кој да ти прака пораки..да ти се јавува колку треба и не треба..кој да те мисли и да се грижи за тебе..кој да ти се обесува над глава додека ти правиш дупка во фотељата..кој да ти носи кафе во кревет...да те нервира и секира..нема да има кој да те оптеретува со глупости(секако затоа што за тебе се што јас ке кажев беше глупост)...кој да биде секогаш до тебе дури и кога си неподнослив гад...и кога си срекен ...и кога си најтажен...депрсивен...лебдам...зошто не знам кај сум...на никој не посакувам...нема полошо од тоа некој да ве воздигне високо на небото па да ве тресне силно и да ве срамни со земјата...времето ке покаже се...не знам само дали си се запрашал што оваа девојка е во мојот живот? дали била секогашпокрај мене? дали ме разбирала? дали ми помагала? дали ме трпела? секако одговорите се потврдни...и запрашај се ти што си направил за неа? хмм.многу работи...само што кога било најтешко и требало со неа да се бориш додека она се трудела да те одгатне што ти е, ти сурово си ја отфрлил од својот живот..и си и нашол илјада мани кои не можат ниту да се споредат со нејзините доблести и љубов за тебе...ех таа не е совршена...далеку од тоа..но таа беше ИСКРЕНА и ВИСТИНСКА...носеше во твојот живот и срека и тага...Но тоа беше она...секогаш за тебе со целото свое битие,срце и душа.........
 
Затвори ги очите ноќва и погледни ме со душата. Слушни ги рацеве како шепотат по телото,и запеј со мојот копнеж во ритамот на треперливите емоции. Никој нема да ја слушне,никој нема да ја види ниту да ја почувствува играта на страста...

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom