Абе, зашо бе вака бе? Сакаш да ми докиниш конците или шо?

Камо да знаев... јебига, забавно е, а и ти исто и ти изгледа не знаеш. Ти, ти во таа цела каша, само не знам дали да ја задржам лажицата што не врти или можда ќе сфатиш. Како и да е, уште сум на таа златна средина, не се секирај, ќе преживеам, а со тебе би живеел

Неам појма кај си и што си, дали си добро, дали ти студи или си уморна, дали ти се спие или па си пијана, пак да ми се јавиш, пак ќе дојдам да те изгушкам

. Сакам да те стопам во рацеве, да те стегнам и да не те пуштам бе. Не мора да те видам, гласот твој ми го средува денот, секогаш. А плус и тоа што ме инспирираш премногу, не знам што ќе беше. А сакав да те мразам, па те сакав. Сега те мразам што морам да те сакам

Малку зафркавање и со саати муабет на телефон ми годат...Да беше тука до мене, да запалев свеќите што одамна така ми стојат, и да стаев две чаши од виното кое досега ќе смрзнеше од кога рече дека ќе дојдеш... да беше тука до мене, да те турнев на креветот и да ги заклучев рацеве околу тебе, доволно е...

ама да беше
Само ако...
еден ден...
п.с. о што реков... а и многу глупости тропам иначе

(а не значи дека не сум сериозен

)