Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е да не те видам 10тина дена поради обврски на факултет, а да знам дека си на 4 километри од мене.
Сосема друга работа е да знам дека си толку многу одалечена од мене. Мапите викаат точно 3368km. Фак ит.
nd8ZiSfK.gif

Ми фалиш црнке!
 
Среќна сум кога те гледам дека си среќен, штом ми се насмевнеш мене срцево ми се смее!
Ах тие твои усни колку ме привлекуваат не си свесен, би можела да ги бакнувам цел ден!
Mamma, I'm in love :pipi:
 
Те молам,не вели ми дека сум те заборавила.Зар личност како тебе се заборава?Личност која прави се за да бидам срекна...Личност која ми е се на светот.И да побараш не би го направила тоа..А сега молчи ти,ке молчам и јас.
Ајде да уживаме во нашата љубов. :*
 
  • Биди мој само уште оваа вечер. Прегрни ме за последен пат. Онака силно, но нежно. За последен пат да бидеш толку блиску до мене. Да можам да го почувствувам ритамот на двете срца кои досега беа едно. Дозволи ми да си ја нахранам душата со мирисот твој. Да одиме уште малку по патеката која од утре ќе стане две. Ајде овие час – два да ги претвориме во кратка вечност. Дозволи ми да те сакам како никогаш досега. Дозволи ми и да бидам сакана. Сакај ме. За последен пат. А потоа замини. Остави се’ онаму каде почна и заврши се’. Утре… јас ќе бидам јас. Ти ќе бидеш ти. Но јас и ти нема да бидеме НИЕ. Кому му е гајле ? Ја имаме вечерта. Доволно е. Затоа биди мој само уште сега. И никогаш повеќе.
  • ТЕ САКАМ и ми недостигаш многу !!!
 
И тебе мало курвиче и мајка ти 0и тој татко ти слепецот, сите на куп бре калаштурче едно малечко ситеееее .!. ти мене те сакам, еве ти љубов од моја страна. имаш ти многу да учиш за тоа ороспичче едно.
 
Кога би оделе заедно на оние места каде што моите мисли ме водат ретко би биле јас и ти разделени еден од друг...

2198004516_643885a87e_o.jpg
 
Дека претерано ми недостасуваш со оглед на тоа што си далеку од мене. Дека те сакам со целото мое срце. Дека сакам да те прегрнам, дека секогаш кога ќе помислам на тебе се насмевнувам, дека ти си моето се, дека едвај чекам повторно да те видам, повторно да ги осетам твојот мирис, твојот допир...
ТЕ САКАМ! :)
 
И не, јас без тие усни неќум да продолжам понатаму. Ти текнува кога ти реков дека сакам да ме бакнуваш како да си давеник без воздух а моиве усни да се кислород? Сеуште го мислам тоа.
И не знам дали некогаш ќе престанам.

Ме правиш среќна. Фала ти.
 
Тој да те чува, лепотице.
Првото нешто наутро е што поминува со прстите низ твојот волумен, тој да те чува, лепотице.
Тој што секоја прилика ја користи да те ѕирне неприметно, рефлектно, тој да те чува, лепотице.
Тој лепотице, што го грееш како сонце за три светови во клима како од три зими. Тој да те чува.
Тој, бе пичка му матер, курац, пцуење, тој што се бори против сите за тебе лепотице, тој да те чува.
Тој, на кој му дозволи да те чува лепотице, тој те издаде, тој нема да ја натера Весна Петрушевска да му ги чита извинувањата, тој се продаде бе лепотице, ама секогаш ќе го имаме позерскиот Моеври лепотице, иако тој што те чуваше, тој те избрича.
Љепотице!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom