Седам на балконот во прозирно летно фустанче кое јасно ми ги отцртува градите без градник. Комшијата од спротива сигурно мисли дека сум откачила малку, му го гледам тоа во погледот, но не ми е важно, се смешкам, задоволна сум и среќна. Конечно малку свеж воздух во ова жешко лето. Сеќавањата ми се редат низ главата како непрекината лента.... и размислувам, за тебе, за нас, за постигнатото заедно, за преживеаното и за она што доправа не чека. И се прашувам..... Може ли животот да биде посовршен од сега?